Спорт
Дали знаете кој беше дванаесеттиот играч на Манчестер Јунајтед против Баерн во 2001 година? (ВИДЕО+ФОТО)

Да, кога ќе ја погледнете екипната фотографија на легендите од Манчестер Јунајтед пред почетокот на дуелот против Баерн Минхен во 2001 година, кој се одигра во Минхен, ако ги изброите играчите, ќе сфатите дека на теренот се излезени 12 играчи, што значи еден повеќе од дозволеното според правилата на фудбалот.
И не, не станува збор за никаква договорена фотографија, бидејќи „падобранецот“ кој позира како 12-ти играч на Црвените ѓаволи (во тој случај облечени во бели дресови) е измамник и мајтапчија кој решил да го реализира својот животен сон и план и да се слика со своите омилени играчи директно на терен, пред почеток на официјален натпревар.
Типот се вика Карл Пауер, а за овој негов подвиг објаснува дека планот го кроел како да прави воена стратегија.
„Го избравме Минхен за место на дејствување. Цела екипа се спремавме толку детално како да правиме воена стратегија. Со себе земавме три разни варијанти на дресови и шорцеви – црвена, бела и сина зошто знаевме дека сигурно ќе носат една од нив.
Дознавме во кој хотел отседнала екипата и прашавме еден од директорите на клубот во какви дресови ќе играат.
Стигнавме до стадионот каде се претставивме како телевизиска екипа. Обезбедувањето не пушти без никакви приговори. Стигнавме до теренот, а потоа со ситни чекори отидовме до вратата каде стоеа фоторепортерите. Застанавме да го набљудуваме загревањето.
Кога екипата одново се врати во тунелот и јас тргнав со нив облечен во опрема. Тогаш знаев дека ништо нема да ме спречи. Набрзо заедно со играчите истрчав на теренот. Гери Невил за малку не ми го сруши планот: тој прв примети непознат човек и покажа накај мене со прст. За среќа веќе беше предоцна: играчите се наместија за групна фотографија а фотографите мораат брзо да штракаат. Така и јас влегов во кадар како 12-ти играч“, објаснува Карл.
Спорт
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија

Утре од 17:00 часот се играат бараж натпреварите во третата Македонска фудбалска лига за влез во Втората лига, додека распоредот на мечеви е следен:
ЗФК Новаци 2005 – ГФК Вардар Неготино (Градски стадион Кичево);
ГФК Осогово Кочани – ФК Тетекс 1953 (стадион „Борис Трајковски”, Скопје);
ФК Башкими 1947 – ФК Влазерими 1977 (Градски стадион Тетово);
Од она што најмногу нè фасцинира е тоа што според извори од верните навивачи до кои дојдовме се спрема вистинска навивачка инвазија на мечот Вардар Неготино – Новаци, онаква каква што Кичево одамна ја поседуваше со својот матичен клуб ФК Напредок.
– За нас овој меч е нешто свето, иако одамна заслужувавме да сме дел од втората Македонска лига, несреќно на удари од белата точка не успеавме, но што е тоа е, еве доаѓаме на нов предизвик, со голем ентузијазам и желба за победа – за нашиот портал вели Арсовски, еден од постојаните фоторепортери и навивач на групата „Винари Неготино“.
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2022. година.
Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на федерацијата за идната година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор. Делегатите на Собранието едногласно ги усвои извештајот од Администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2021-2025, а беше усвоена и Стратегијата за социјална одржливост.
Работниот дел од денешното Редовно Собрание на ФФМ го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Елкан Мамадов и Лоренцо Каваљари беа претставници на ФИФА.
Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:
„Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж.
За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Со Управниот одбор ќе ја донесеме најдобрата одлука и мислам дека во наредниот период ќе можеме и поконкретно да зборуваме за тоа. Поентата не е само да се фотографираме, туку да ги покажеме конкретните чекори кои ги преземаме. Преку стратешки и проектен пристап, се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини и услови за тренинг.
Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручниот штаб на сите репрезентативни селекции. Да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот како што и го покажуваат тоа и постојано го докажуваат.
Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација за новите генерации што доаѓааат.
На стара слава не се живее, имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Нашата програма за работа е квалитетно осмислена и ја следи федерацијата во однос на целите и тоа што треба и што може да се направи. Во однос на тоа имаме голема поддршка и помош од УЕФА и ФИФА за што сме бескрајно благодарни.
Не бегаме од предизвиците кои се пред нас, напротив, подготвени сме и се радуваме на новите искушенија“.
Елкан Мамадов – претставник на ФИФА:
„Сакам да ве поздравам во име на нашиот претседател Џани Инфантино и генералната секретарка Фатма Самура. Ова е шанса да ја посочам одличната соработка на ФФМ со ФИФА, рефлектирана во насока на развојот на фудбалот и заедничката работа ќе продолжи да носи бенефит за вашата убава земја. ФФМ успешно спроведува програми што ги нуди ФИФА, а посебно ФИФА Форвард – програмата и драго ми е што средствата се користат ефикасно, а најмногу за клучната компонента – инфраструктурата. ФИФА почна трет циклус со ФИФА Форвард и со нетрпение ја чекаме соработката, а немаме сомнеж дека средствата ќе се искористат ефикасно и паметно, сѐ со цел за развој на фудбалот. Честитки за посветеноста и напорната работа, а ФИФА ќе продолжи да ве поддржува“.
Денис Бастари – претсатавник на УЕФА
„Европскиот фудбал се соочи со многу големи предизвици и во изминатата година, но покажавме солидарност и поддршка едни за други. Сплотеноста и солидарноста е клучот за надминување на сите потешкотии. Треба да продолжиме да го развиваме фудбалот, а со зголемениот обем на хет-трик програмата на УЕФА ние ќе продолжиме да го поддржуваме фудбалот и да инвестираме насекаде низ Европа. Фондот за хет-трик го зголемивме за 21 осто и сакам да посочам дека ќе продолжиме со успешните проекти, а многу сме среќни затоа што со ФФМ ќе продолжиме по истите патеки и во иднина. Фудбалот да го одржиме на ова атрактивно ниво. Вие ја имате нашата поддршка на тој пат“.
Спорт
Македонија до 18 поразена од Србија во Стара Пазова

Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија.
На натпреварот кој беше одигран во Стара Пазова, избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразени со 3:0.
Селекцијата на Србија сите голови ги постигна во првиот дел.
Бубањ во 27. минута го отвори резултатот на мечот. Во 32. минута Милошевиќ погодува за предност од 2:0. Во 39. минута, Бубањ го постигнува својот втор гол и ги поставува конечните 3:0.
Македонија: Петар Јакимов, Ѓорѓи Џеков, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Лорик Каба Јакупи, Теодор Николовски, Зани Назифи, Мартин Ѓорѓиевски, Валон Алији, Хакија Цаноски;
Селектор: Тони Јакимовски;
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза6 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт7 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија