Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер).
Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитант е фудбалерот на дански Сондерјиске, Сефер Емини. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар
Дени ИЛИЕВ – ХЈК Хелсинки, Финска
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Инглоштад, Германија
Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија
Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија
Стефан РИСТОВСКИ – Динамо Загреб, Хрватска
Езѓан АЛИОСКИ – Фенербахче, Турција
Егзон БЕЈТУЛАИ – Шкендија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Владица БРДАРЕВСКИ – Шкупи
Бојан ДИМОСКИ – Академија Пандев
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија
Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска
Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија
Давор ЗДРАВКОВСКИ – АЕЛ Лимасол, Кипар
Сефер ЕМИНИ – Сондерјиске, Данскa
НАПАД:
Александар ТРАЈКОВСКИ – Ал-Фејха, Саудиска Арабија
Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка
Дориан БАБУНСКИ – Дебрецин, Унгарија
Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција
Илија НЕСТОРОВСКИ – Удинезе, Италија
Љупче ДОРИЕВ – Шкендија
Стефан АШКОВСКИ – Ламиа, Грција
Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Украина и Англија од квалификациската група за ЕП 2024 е закажан за 10. јуни во х. Хилтон во Скопје.
По објавата на листата фудбалери, селекторот за медиумите даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.
-На списокот не се наоѓаат Дарко Чурлинов и Бојан Миовски,им посакувам и на двајцата брзо да се опорават и да се стават на располагање. Дарко моментално е хоспитализиран во клиничкиот центар во Белград поради здравствени компликации.
-Сефер Емини за прв пат е повикан во репрезентацијата на Македонија за претстојните натпревари со Украина и Англија. Игра стандардно во Данска и заслужи да биде дел од тимот.
-Останавме без две опции во нападот, но верувам дека ќе успееме да се прикажеме во добро светло и ќе успееме да го извлечеме максимумот. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени до почетокот на натпреварите.
-Муслиу по повредата ги одигра последните мечеви за својот клуб. Останатите се тие што беа и во март. Сите кои се тука се најдобрите и сите се во комбинација за настап. Кој ќе почне во нападот ќе видиме.
– Во овие речиси две години, одигравме само еден натпревар комплетни, тоа беше натпреварот со Португалија. На сите останати дуели не бевме комплетни. Ќе се обидеме да одиграме на едно високо ниво против две силни репрезентации.
-Првиот меч го играме против Украина. Ние сме сконцентрирани само на тој натпревар, за Англија ќе размислуваме подоцна. Украинците го имаат речиси непроменето составот од претходното Европско првенство, со исклучок на неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Мораме да размислуваме позитивно, нашата цел е остварување на победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери.
-На подготовките последни ќе пристигнат Алиоски и Илиев, бидејќи последните мечеви со своите клубови ги играат на 10 јуни.