Македонија
Денес сончево и топло, дури до 18 степени температурата ќе се искачи во Дојран

Денеска времето ќе биде сончево и топло за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, апо котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на слаба магла.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 13 Целзиусови степени, Крива Паланка 12, Мврово 10, Берово 14, Кичево 10, Охрид 9, Битола 14, Дојран 18…
И утре ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури. По котлините ќе има магла.
Во четврток облачноста ќе се зголеми, а услови за врнежи ќе има само во крајните западни подрачја.
Под влијание на влажен бран во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува засилен ветер, претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување и спуштање на снежната граница до околу 600 м.н.в., прогнозира УХМР Македонија.
Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Македонија
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година во ловиштата на територија на Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи, истакнаа од Министерството.
Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео8 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици