Занимливости
Денешен Хороскоп 11.5 Петок

ОВЕН
Пред вас е многу забрзан ден исполнет со многу обврски, движење, средби и комуникации. Сепак ништо од ова нема да ви биде тешко бидејќи сте добро расположени и полни со енергија. Одличен момент да го поправите односот со саканата личност или да ја освоите симпатијата.
БИК
Ја имате целата можна поддршка од страна на другите во текот на овој ден, а на ваша страна е и неверојатната способност за комуникација. Во договорите можете да превземете лидерска улога. Сето тоа што ќе го започнете денес ќе вроди плод и ќе биде трајно, па овој момент бирајте средба со некој кој емотивно ве интересира.
БЛИЗНАЦИ
Сте се решиле да станете сериозни. Секоја чест. Крајно време беше. Сега многу порационално, практично и појасно гледате на некоја ситуација и јасно ви е каде сте правеле грешки. Во целост сте насочени кон подобрување на љубовната врска во која се наоѓате.
РАК
Денес околностите се на ваша страна без разлика дали станува за деловното или љубовното поле. Се што ќе започнете брзо ќе го завршите и ќе бидете многу задоволни од резултатите. Контактот со саканата личност ви носи чувство на сигурност. Задоволни сте од вашата љубовна релација.
ЛАВ
Денес сте поодговорни од вообичаено и сите деловни и лични обврски може да ги доведете до крај и тоа на многу полесен и побрз начин отколку што сте мислеле. Функционирањето со саканата личност е коректно и двајцата се обидувате да си излезете во пресрет и максимално да ја унапредите вашата врска.
ДЕВИЦА
Се што е поврзано со работното поле и обврските ќе го извршувате многу лесно и во добро расположение. Сепак ќе се обидувате да си ослободите простор за емотивните случивања бидејќи денес вашите мисли се насочени во тој правец. Особено ако имате договорено љубовен состанок.
ВАГА
Вие сте исклучително добро, посветени на бизнисот, но исто така и на личните обврски. Ќе се потрудиш да ги запознаеш оние со кои работиш и ќе им помогнеш. Исто така, може да очекувате помош, ако ви треба. Ќе го поминете другиот дел од денот со вашето семејство или емотивен партнер.
СКОРПИЈА
Денес сте многу расположенин за разговор и убедени дека буквално со секој со кого доаѓате во контакт може да се согласи со вас. Затоа, денес одберете да имате бизнис или емоционален состанок. Ако сакате да ја освоите личноста што ја сакате, тоа денес ќе функционира без грешка…
СТРЕЛЕЦ
Денес сте максимално коректни кон сите и ќе барате од другите да ги исполнат своите обврски кон вас. Очекувајте големи промени во некои зделки. Имате изненадување за љубената личност и едвај чекајте средба со неа. Попладнето и навечер се исполнети со љубов и задоволство.
ЈАРЕЦ
Чувствувате прилив на нова енергија, многу пооптимистички сте расположени од вообичаеното и ви се чини дека некои црни облаци се стојат над вас. Искористете го овој ден првенствено за да се релаксирате и да се опуштите, и започнете со вашиот бизнис од понеделник.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе можете да видите на пореален начин некои од ситуациите во кои сте. Во овој момент, не сте подготвени да се откажете од вашите планови, останете мудро да работите. Вие многу размислувате за зборовите на некој за кој сте заинтересирани – не ви е јасно дали ова лице го чувствува истото што го чувствувате за неа.
РИБИ
Денес, некои околности може да се свртат кон ваша страна и да ви ја олеснат работата на работното место. Можности за добри зделки, и ако сте дополнително ангажирани во бизнисот – исто така добивате парични приливи. Опуштете се, се шири – денот е добар за дружење, патување и трошење.
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
Занимливости
И овој пат ги имаме најубавите Велигденски пораки!

Велигден е најубавиот православен празник, а ова се најубавите пораки кои ги пронајдовме и ги споивме во еден натпис
*Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ …
*Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
*Да го празнуваме животот денес.
Да го воскреснеме Исус во нашите срца.
Да ги отвориме душите за љубов и радост.
*Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.
*Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!
*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна
*Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе
*Честит Велигден!
Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.
-
Кичево1 ден
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза1 ден
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Спорт13 часа
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Магазин1 ден
Употребата на мобилни телефони од страна на децата забележа најбрз раст во последните четири години
-
Магазин1 ден
Канада му забрани на Huawei да учествува во 5G мрежите
-
На денешен ден1 ден
20 мај – На денешен ден