Занимливости
Порта Хороскоп за денес (10.5) Четврток

ОВЕН
Овој ден може да биде навистина плоден. Некои околности се промениле во деловниот сегмент, ситуацијата се забрзала и веројатно е дека денес ќе неможете да се одморите. Сепак ќе бидете многу задоволни од резултатите. Комуникацијата со саканата личност е многу добра.
БИК
Позитивна енергија ќе биде присутна во текот на целиот ден и ова искоритете го за да го премите сето тоа што ве кочело и блокирано од обврските во минатиот период. Саканата личност ќе биде изненадена од вашите постапки. Покажувате голема страст.
БЛИЗНАЦИ
Доживувате голема нетрпеливост. Имате чувство дека некои ситуации нема да почнат да се подобруваат. Секако, тоа е само во вашата глава, поминете уште еден ден, па дури на сила. Повеќе посветете се на односот со саканата личност бидејќи заедничкото време може да биде прекрасно.
РАК
Голема гужва и притисок над вас, но тоа само ви дава сила за повеќе да се заангажирате. Добро ќе се снаоѓате во некои комплицирани ситуации и ќе бидете горди на себе како сте ги решиле проблемите. Емотивно ова ќе биде интензивен ден. Можност за почеток на нов однос заснован на страсти.
ЛАВ
Сами сте виновни што сте оставиле некои деловни ситуации и обврски да ги решавате во последен момент. Затоа не се жалете и нејрвирајте, него започнете со работа. Повеќе од извесно е дека се ќе завршите на време. Една личност од деловниот сегмент на некој начин ви покажува дека е заинтересирана за вас.
ДЕВИЦА
Од една страна ви одговараат многубројните обврски бидејќи не сакате да размислувате за другите проблеми. Од друга страна никако не успевате да одвоите време за себе. Ако се нервирате поради емотивна приказна во која сте чувствувале голема љубомора, оставете ги работите да се смират.
ВАГА
Не ви е важно што некои луѓе не покажуваат доволно почит кон вас. Мислите дека нивното однесување веќе ја поминало секоја мерка и денес ќе им стане јасно. Вие сте склони да го обвинувате емотивниот партнер за сето она што е негативно во вашата врска. Бидете малку пореални.
СКОРПИЈА
Можете да бидете разочарани ако очекувате некој да го исполни своето ветување за вас денес. Не се потпирај врз други, бидејќи е повеќе од сигурно дека ќе “извисите”. Вие сте нетрпеливи да стапите во контакт со лице кое е многу привлечено за вас. Страстите сериозно почнувааат да ве “тресат”.
СТРЕЛЕЦ
Иако сметате дека сте направиле се што е правилно, вашиот претпоставен ќе ви даде некои забелешки што ќе ги доживеете многу лично. Не се мачете, направете ги неопходните промени. Се обидувате да склучите договор со некој близок, но денес е прилично тешко. Можно е да се одложи состанокот.
ЈАРЕЦ
Ако ги вложите сите ваши сили и енергии во текот на овој ден, ќе ја прекинете обврската која веќе долго време стои на вас како камен на вашата глава. Денес сте снаодливи и може да ја претворите секоја ситуација во ваша корист. Чувствувате одличен емотивен интензитет и страст. Добар момент за контакт и средба со некој близок.
ВОДОЛИЈА
Се надевате дека ќе бидете во можност да одложите некоја финансиска обврска, бидејќи не сте биле во можност да ги платите потребните средства. Денес имате тенденција да се нервирате околу сè и многу повеќе отколку што навистина треба. Обидете се да се смирите и да се опуштите во контакт со симпатична или саканата личност.
РИБИ
Ви се чини дека денес се правите во последен момент. Чувството дека сте на крајот на силата поради ситуацијата во деловниот сегмент ќе ве задржи цел ден. Можни конфликти со луѓето – премногу барате и очекувате.
Занимливости
Научници целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом кај мажите, кој може да даде резултати за неплодноста кај поединци

Научниците целосно дешифрираа мистериозен хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува Ројтерс.
Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозоми и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.
Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучително и производството на сперма, па дури и се вмешани во ризикот и сериозноста на ракот.
– „Би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи за ова“, рече Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.
Тој додаде дека научниците сега имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y за прв пат.
– „Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостасуваше на нашите геномски мапи“, истакна Рије за медиумите.
Истражувањето ги откри карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучително и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.
Ново и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.
Занимливости
Поради довербата на потрошувачите зголемен e обемот на работа, „Станица Стража“ има потреба од дополнителен персонал за работа

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините, поради зголемениот обем на работа има потреба од повеќе персонал, односно на позициите „пица-мајстори во кујна & касиери“, кои ќе бидат во редовен работен однос, осигурани од првиот работен ден, платен превоз, почетна плата 24,000 ден (со оглед на успешноста можност за напредување), хранарина и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или 076/355-400
, а може и да дојдат во објектот директно.
Занимливости
Едноставен трик за свежи малини, ова треба да го направите за истите да ги зачувате..

Ако малините не се користат веднаш, тие ја губат свежината и брзо се распаѓаат. За да ги зачувате, применете го следниов трик. Издвоете ги плодовите кои се расипани, а здравите ставете ги во вода во која сте ставиле јаболков оцет (односот на водата и оцетот нека биде 3:1).
Малините потопете ги во растворот и оставете ги десет минути, потоа исплакнете ги под млаз ладна вода, исцедете ги и ставете ги на хартиена хартија.
Исушени чувајте ги во фрижидер. На овој начин малината ќе остане свежа и до една недела.
/денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (26 септември)
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за среда (27 септември)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена
-
На денешен ден21 час
На денешен ден (26 септември)
-
Спорт1 ден
Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров
-
Магазин2 дена
Facebook сега ви овозможува да креирате повеќе лични профили
-
Магазин2 дена
На првиот тест за издржливост, iPhone 15 Pro покажа дека не е толку отпорен и покрај титаниумскиот дизајн
-
Спорт11 часа
Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари