Занимливости
Денешен Хороскоп (9.5) Среда
ОВЕН
Можете да сфатите дека некои работи сте ги заборавиле или пропуштиле да ги направите, но денес лесно ќе успеете да се вратите на прав пат и да го корегирате испуштеното. Саканата личност очекува ваша посветеност и присуство. Сепак, вие ќе можете само делумно да го исполните тоа. Моментално имате други приоритети.
БИК
Личноста надредена над вас може да ви посочи некои ваши пропусти , кои ќеги доживеете како критика, иако намерата на другата страна беше да ве предупреди да не направите грешки. Денес, сфаќате се лично, па размислете преда да одговорите на некои разговори од страна на саканата личност.
БЛИЗНАЦИ
Вие сте многу возбудени поради некои промени во деловното опкружување, бидејќи тие отвораат можности кои се прилично поволни за вас. Драго ви е што конечно ги надминавте некои заостанати работи. Денес би било подобро повеќе да се заинтересирате кон саканата личност. Доста интензивни и страсни контакти.
РАК
Во некои работи, дефинитивно претерувате, и треба да размислите колку воопшто ќе ви користи. Не ги присилувајте другите да прават работи на вашиот начин. Лицето што ви се допаѓа од вас извлекува голема количина на добра енергија, духовитост и ентузијазам. Убави моменти со саканата личност.
ЛАВ
Мислиш премногу за нечии зборови. Нема потреба да ги доживувате како критика, туку како упатство како да функционирате понатаму. Во емоционален живот, односот помеѓу вас и саканата е позитивно решен. Се чувствувате повеќе од добро и лесно го пренесувате вашето расположение кон вашиот партнер.
ДЕВИЦА
Иако деловниот сегмент понекогаш е прикажан како хаотичен, вие сте повеќе од добра во вашата конфузија. Што повеќе – веројатно ќе го направите тоа и ќе постигнете многу повеќе од она што сте го планирале. Едноставно, енергијата на овој ден е сосема пријатна за вас. Одлични контакти со спротивниот пол.
ВАГА
Има многу што треба да се направи, и веќе почнувате да се плашите дека нема да можете да доведете сè до крај. За среќа, другите денес се многу добронамерни кон вас, така што можете да очекувате каква било помош од нив. Денот е добар за трошење со пријателите, за излегување и за запознавање на нови луѓе.
СКОРПИЈА
Денес околностите ви одат од рака и ќе се отворат некои можности иако не сте се надевале. Пред вас е ден полн со можности, но водете сметка за сопствените импулсивни чекори, да не ги расипете овие шанси. Вие и парнерот можете да си приредите убави изненадувања.
СТРЕЛЕЦ
Ќе имате мали проблеми да се усогласите со соработниците. Вие сте активни и сакате да ги завршите работите што е можно побрзо, додека другите имаат лежерен пристап кон обврските. Можеби премногу очекувате од саканата личност. Првенствено размислете што е тоа што го давате, а што е тоа што го барате од другата страна.
ЈАРЕЦ
Деловниот сегмент феноменално е прикажан и денес е вистински момент да решите некои важни прашања и пропусти од претходниот период. Партнерот на нежен и опуштен начин покажува на некои ваши лоши однесувања. Размислете за некои негови зборови, ќе сфатите дека сте во право.
ВОДОЛИЈА
Расположени сте во контактот со другите да го покажете најдобриот дел од себе. Вашето добро расположение е заразно и ќе внесе позитивни искри и оптимизам во односот со блиските. На саканата личност покажете и колку се силни вашите емоции кон неа. Другата страна ќе сака да ужива.
РИБИ
Очекувате другите да се прилагодуваат на вас, а од друга страна вие не сте подготвени да излезете во пресрет. Усогласувањето сега е неопходно, посебно затоа што имате добри можности да остварите значајни резултати. Многу интензивно однесување кон саканата личност, емотивниот партнер ќе биде пријатно изненаден.
Занимливости
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“

Во 2007 година Google ги објави првите фотографии на Street View од Сан Франциско, Њујорк, Лас Вегас, Мајами и Денвер. Оттогаш поминаа 15 години, а автомобилите на Street View опремени со камери снимија и споделија повеќе од 220 милијарди фотографии од Street View и поминаа преку 16 милиони километри, што е еквивалентно на патување околу светот повеќе од 400 пати.
Индонезија, САД и Јапонија се на врвот на глобалната листа на земји со најпосетувани локации на услугата Street View во текот на изминатата година, додека Мексико и Бразил се на четврто и петто место.
Со Street View можете да посетите места како што се пешачките зони, планинските врвови или длабочините на океанот и сето тоа е достапно од удобноста на вашиот дом. Сепак, три локации привлекоа најголем интерес од корисниците минатата година: Сите 154 ката на Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати, која беше прогласена за највисока зграда во светот, Иконата Ајфелова кула во Франција, која нуди феноменален поглед на Париз, Како и нашата специјална колекција на слики на Таџ Махал во Индија.
Среќен роденден „Google Street View“ !
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Македонија20 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Кичево14 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Култура2 дена
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Хороскоп6 часа
Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)
-
Автомобили2 дена
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Магазин2 дена
Netflix ги проширува своите функции
-
Магазин2 дена
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7