Занимливости
Денешен Хороскоп (13.03.18) Вторник
ОВЕН
ЉУБОВ: Вие нетрпеливо очекувате добра причина да излезете, имате повеќе комбинации на ум. Чувствувате зголемена страст и емотивен импулс.
РАБОТА: Избегнувајте прекумерна доза на деловна изложеност, нема потреба да ја докажете вашата супериорност во ситуации каде што можете да дејствувате поучно.
ЗДРАВЈЕ: Не дозволувајте некој да ве поттикнува на деструктивно однесување.
БИК
ЉУБОВ: Посветете внимание на личноста која позитивно делува на вашето расположение. Потребно ви е вам нечие присуство и емотивна подршка.
РАБОТА: Имате лошо предчувство во исчекувањето на расплетот на некои случувања на деловната сцена. Избегнувајте сомнителни понуди и експериментални ситуации.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви одговара релаксација, опуштете се.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Делувате загрижено и Ве прати загриженост за Вашата љубовна врска. На Вашиот партнер му недостасува разбирање или добра желба, а Вам упорност.
РАБОТА: Користете дипломатски манири, нема потреба да ги откривате вашите намери пред соработниците со кои што немате заеднички интереси.
ЗДРАВЈЕ: Обрнете внимание на правилната исхрана
РАК
ЉУБОВ: Во друштво на саканата личност не дозволувајте да ви недостасува инспирација.
РАБОТА: Некој во вас ја поттикнува креативната љубопитност и желбата за ново знаење. Обрнете внимание на корисни информации и прифатете го позитивното влијание.
ЗДРАВЈЕ: Направете нешто за Вашиот физички изглед. Тоа ќе ве расположи.
ЛАВ
ЉУБОВ: Постои граница помеѓу практичните интереси и емоционалното задоволство. Не е дозволено, сè што ви се допаѓа.
РАБОТА: Вашата инвентивност и голема упорност околината ги толкува на различни начини. Се обидувате да го наметнете своето мислење во деловни кругови.
ЗДРАВЈЕ: Препуштете се на Вашата интуиција и менталните способности.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Вие не можете да измерите нечии заслуги исклучиво врз основа на лични критериуми. Обрни внимание на разни работи кои го надополнуваат впечатокот на една драга личност.
РАБОТА: Ќе добиете различни придобивки. Точноста и снаодливоста во комуникацијата ви помагаат да ги постигнете вашите бизнис цели.
ЗДРАВЈЕ: Важно е правилно да ги усогласите вашите желби и можности.
ВАГА
ЉУБОВ: Ве привлекуваат емоционални ситуации кои изгледаат премногу комплицирани или предизвикувачки.
РАБОТА: Постои ограничување до кое може да се соочиш со нечие влијание или волја. Без оглед на сегашниот успех, погледнете ги работите во подолга перспектива.
ЗДРАВЈЕ: Важно е да постигнете психолошка рамнотежа и да ги координирате вашите различни обврски.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Чувствувате емотивна несигурност, избегнувајте непотребни возбудувања или авантуристички нагони. Олеснете ја својата совест.
РАБОТА: Доколку се наоѓате во непријатна ситуација, немојте да ја повторувате погрешната пригазна. Прифатете ја одговорноста за своите постапки.
ЗДРАВЈЕ: Важно е да остварите рамнотежа на своите мили и чувства.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Имате впешаток дека партнерот постојано прикрива извесни детали или вистина, што дополнително влијае на вашето мрзоволно расположение.
РАБОТА: Нема потреба да ги обвинувате другите за својот неуспех, не бидете неправедни кон личноста чии намери не ги познавате доволно.
ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте премногу напорни или стресни ситуации.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Во средба со саканата личност испочитувајте го заедничкиот договор. Потребно ви е нечие друштво и добар емотивен поттик.
РАБОТА: Важно е да го подобрите својот деловен рејтинг или да се прилагодите на соработниците, кои позитивно влијаат на вашата социјална репутација.
ЗДРАВЈЕ: Опуштете се од напорните обврски низ омилената релаксација.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Вашата гордост се почесто ќе излегува на површина, што претставува лош предзнак во средба со саканата личност. Контролирајте ја својата суета.
РАБОТА: Важно е да ги прифатите сите потребни околности во деловната соработка и да го почитувате протоколот во односот кон соработниците.
ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте ситуации кои премногу ве вознемируваат.
РИБИ
ЉУБОВ: Наместо да барате нов поттик или лажна утеха, бидете искрени кон партнерот. Соочувањето со вистината носи психолошко олеснување.
РАБОТА: Деловните правила брзо се менуваат и потребно е да истрпите нечија критика. Новиод деловен конфликт може да ви предизвика дополнителни непријатности.
ЗДРАВЈЕ: Уживајте во работите кои делуваат позитивно на вашето расположение.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза6 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт7 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија