Следете не

Занимливости

Денешен Хороскоп (14.03.18) Среда

Објавено пред

на

ОВЕН
ЉУБОВ: Не ви се допаѓаат прашањата на партнерот. Тие во вас поттикнуваат чувство на незгодност или лошо претчувство.
РАБОТА: Доколку ви е тешко да ги остварите своите деловни намери, не го очекувајте невозможното, туку побарајте нечие размислување.
СОВЕТ: Нема причина за да ја прикривате вистината, тоа дополнително ве фрустрира.
БИК
ЉУБОВ: Изгледате премногу загрижени, непотребно се оптеретувате со различни емотивни ситуации и дилеми.
РАБОТА: Доколку нечие влијание ја погодива вашата суета, добро размислете за можните последици. Нема причина да привлекувате негативно внимание.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде релаксација и средба со пријателите.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Ако ви е важно да се смирите со саканата личност, заборавете на лошите случувања. Прифатете нечие извинување како за почеток.
РАБОТА: Посветете внимание на скриените детали и на нечија реакција. Одложете ги комплицираните задачи за некој друг период.
СОВЕТ: Важно е да се наоѓате во позитивно окружување, опуштете се.
РАК
ЉУБОВ: Непотребно размислувате за некоја романтична средба или за погрешна личност која е емотивно недостапна.
РАБОТА: Ви недостасуваат дипломатски манири во односот со соработниците. Откривате повече детали отколку што е потребно.
СОВЕТ: Важно е да ја контролирате вашата импулсивна природа.
ЛАВ
ЉУБОВ: Не дозволувајте во вас да завладее сомнеж кон саканата личност или нерасположение.
РАБОТА: Внимателно размислете и одберете една конкретна цел.
СОВЕТ: Одморете од обврските
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Некој е на ваша страна дури и кога постојат различни интереси или приоритети. Се наоѓате во позитивно окружување.
РАБОТА: Нечија услуга има голема цена, поради тоа барате едноставно решение или поволна деловна варијанта.
СОВЕТ: ДОбро ќе ви дојде забава во познато друштво.
ВАГА
ЉУБОВ: Важно е правилно да вреднувате нечии чувства, се што се случува помеѓу вас и вашата сакана личност претставува поубав дел од реалноста.
РАБОТА: Важно ви е се да биде идеално усогласено, но имате впечаток дека ви недостасуваат основни информации за новите можности на деловната сцена.
СОВЕТ: Потребно е да ја подобрите концентрацијата.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Поставувате големи барања и користите строги критериуми при процена на нечие однесување. Неправедно ја критикувате саканата личност.
РАБОТА: Се наоѓате пред нова деловна дилема и потребен ви е нечиј совет. Мора да имате доволно храброст за прифаќање на одговорностите.
СОВЕТ: Зачувајте ја самодовербата и присебноста.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Пренесете ја својата инспирација и доброто расположение на саканата личност. Слободно прифатете ја играта на заведување во нечие друштво.
РАБОТА: Понекогаш различните детали имаат пресудно значење за крајниот успех и почитување меѓу соработниците.
СОВЕТ: Ваќно е да оставите размотежа меѓу разумот и срцето.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Бидете внимателни во една изненадна средба. Не дозволувајте лесно да бидете заведени од нечиј комплимент.
РАБОТА: Побарајте добар совет и заштитете ги своите интереси. Неможете да занемарите нечие влијание, но постои и индиректно решение.
СОВЕТ: Зачувајте ја присебноста и самоконтролата
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Саканата личност го анализира Вашето однесување и наоѓа разни замерки, но Вие немате трпение за да ги сослушате критиките.
РАБОТА: Новите деловни настани носат мало померување во Вашето окружување. Повеќето соработници реагираат на препознатлив начин и без видливи придобивки.
СОВЕТ: Добро ќе Ви дојде прошетка во природа.
РИБИ
ЉУБОВ: Несакате кока некој ви дава дополнителни обврски. Важно е да го сочувате личното достоинство и добро располоќение.
РАБОТА: Поради различни недоразборања во договорот со соработниците мора да прифатите поскромни деловни можности.
СОВЕТ: Бидете внимателни во сообраќајот, избегнувајте стресни ситуации.

Занимливости

„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата

Објавено пред

на

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од 4 касиери или касиерки, како и еден пица мајстор, кои ќе бидат во редовен работен однос, платен превоз, редовна плата и одлични услови за работа.

Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража

Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на ☎️ 075/788-322 или да дојдат во објектот.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Објавено пред

на

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.

Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…

Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.

Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.

Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Објавено пред

на

Архива

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.

Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.

Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.

Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.

Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.

Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.

Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.

НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.

/rtv

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за недела (2 април)

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

Скопје11 часа

Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар. Имено денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“,...

Македонија14 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Новата безбедносна кампања „Стави појас“ на РСБСП и МВР денес реализирана во Битола

Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави...

Македонија14 часа

(ФОТО) И кај скопјанец на Табановце најдени монети, ги зел од србин по карго

На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи...

Македонија15 часа

(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин

На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко...

Здравје и убавина15 часа

Следните пролетни намирници ќе ви помогнат за вишокот зимски килограми

Преку зимскиот период голем број на луѓе ја зголемуваат својата тежина, односно ставаат плус неколку зимски килограми на своето тело....

Македонија18 часа

Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во вторник, на 4 април 2023 година, од 11:45 часот до...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (април 2023)

ОВЕН Овновите се многу посветени на парите во текот на април. Сè што може да ви донесе добра заработка, наоѓате...

Хроника1 ден

Ненадејно почина Д-р Горан Ѓошев од академијата на млади фудбалери од ФФМ

Лоша вест го потресе македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија објави дека почина медицинското лице задолжено за фудбалерите во Академијата...

Временска прогноза1 ден

Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..

За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени,...

НАЈЧИТАНИ