Следете не

Временска прогноза

Од утре промена на времето: Детална прогноза за продолжениот викенд

Објавено пред

на

Утре кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови, како и во петок претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.

Прогноза за 11.10.2019
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°С до 25°C
Во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 12.10.2019
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 13.10.2019
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Временска прогноза

Попоски вонредно најави пеколни температури до 45°C

Објавено пред

на

Топлотниот бран кој е МНОГУ СИЛЕН и изразен во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица, исто така ќе продолжи и во текот на следната но со тоа што би можел да биде со уште поголем интензитет.

Имено, нашата територија ова лето се наоѓа под постојано влијание на МНОГУ ТОПЛА  воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Истата условува постојано температури од над просекот за овој дел од годината. Температурите до крајот на оваа седмица ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (9).

Времето постојано ќе биде сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот особено ќе биде изразен во понеделник и ќе биде врел.

Според моменталните анализи со кој располагаме, во текот на следната седмица температурите Долж Повардарието и во југоисточните предели би се искачиле дури над 45 степени, и би имале температури какви што сме немале. Состојбата и понатаму континуирано ќе се следи па граѓаните навремено ќе бидат информирани.

И во Скопскиот регион температурите денес, како и во текот на следните денови ќе се искачат над 40 степени.

  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Граѓаните, особено оние хронично болните и повозрасните  и изнемоштени лица во никој случај да не излегуваат надвор во најтоплиот дел од денот. Исто така граѓаните во ваква ситуација да пијат многу течности.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

ВНИМАНИЕ: Од денес и следните денови следуваат најтоплите денови ова лето и висок УВ индекс

Објавено пред

на

Од денес, па се до крајот на оваа седмица во Македонија следуваат НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ и максимумот на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облчаност и со слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено на некои места ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет, особено денес попладне и тоа Долж Повардарието.

Исто така денес попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, што значи има услови за краткотрајна и локална нестабилност.

Да напоменеме дека температурите се значително над просекот за овој дел од годината, односно истите се повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

  • До крајот на оваа седмица поради транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашата територија, и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост, а времето ќе биде мачно и спарно.
  • Граѓаните се замолуваат да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, особено оние хронично болни лица, како и оние постарите и изнемоштените.

Спред сегашните анализи, топлотниот бран ќе се задржи и во првите денови од следната седмица.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Деновиве не очекува многу топло време – ова се најновите детали

Објавено пред

на

Изразениот топлотен бран се до крајот на оваа седмица ќе условува температури значително над просекот и истите ќе бидат повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

Максималните темпераури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено и локално ќе засилува.

Во следните денови ќе биде пристуна и Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена и ќе има намалена видливост.

И во Скопје  и околината во следните денови температурите се очекува да достигнат 40 степени, има услови истата да се искачи и над 40 степени а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.

Инаку, според најновите анализи со кој располагаме, топлотниот бран ќе се задрши и на почетокот од следната седмица.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 52 минути

Попоски вонредно најави пеколни температури до 45°C

Топлотниот бран кој е МНОГУ СИЛЕН и изразен во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица,...

КичевоПред 2 часа

Мартиал Артс: Утре во Кичево ќе се одржи интернационална ноќ на боречки вештини

Интернационална ноќ на боречки вештини во организација на Матриал Артс Академи клубот од Кичево во спортската сала Јанчица на ден...

МакедонијаПред 3 часа

МВР со новиот т.н. „ноќен радар“ испиша 200 санкции за брзо возење

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот  Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање...

На денешен денПред 8 часа

На денешен ден (29 јули)

1526 – Во кампања против Унгарија, турската армија го зазеде Петроварадин по тринеделна опсада. Турците тогаш ги освоиле соседните градови...

ХороскопПред 15 часа

Хороскоп за денес (29 јули) четврток

ОВЕН Денес ќе бидете преплавени со обврски. Вашиот телефон ќе ѕвони постојано па едвај ќе имате време за себеси. И...

МузикаПред 18 часа

Перо Пандилоски со журка во живо овој петок во ресторан & бар „La Casa“

Овој петок, последен за месец јули, „La Casa“ продолжува најдобриот ритам во градот Кичево, имено одличниот Перо Пандилоски ќе настапи...

КичевоПред 24 часа

(ГАЛЕРИЈА) „Кичевската и Горнореканска Коњаница“ пристигнаа во Кичево

После отслужената Света Божествена Литургија се пристапи кон македонската заклетва, пред свето писмо, кама и револвер. Кичевската Коњаница од дворот...

Временска прогнозаПред 1 ден

ВНИМАНИЕ: Од денес и следните денови следуваат најтоплите денови ова лето и висок УВ индекс

Од денес, па се до крајот на оваа седмица во Македонија следуваат НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ и максимумот на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден (28 јули)

1330.- Српскиот крал Стефан од Дечани ја победи војската на бугарскиот цар Михаил Шишман во битката кај Велбужде, кој потоа...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес -[ 28 јули ]- среда

ОВЕН Денес не е претерано поволен ден за земање или давање било какви позајмици. Потрудете се да ги чувате своите...

НАЈЧИТАНИ