Занимливости
Порта Хороскоп за денес (14.4) Сабота
Овен (21.03 – 20.04)
Многу поволен ден за повеќето претставници на вашиот знак, особено за оние директните, кои одат директно кон целта.
Имате поддршка од еден Лав или некој Рак додека Бикот е прилично дискретен во начинот на кој ги подржува вашите замисли и идеи. Работењето со некој Јардец ви носи многу сатисфакција. Ако се занимавате со спорт или сте присутни во медиумите, очекувајте успех.
Бик (21.04 – 21.05)
Денот им одговара на годрите Бикови кај кои сепак преовладува практичната страна на нивната личност и кои не дозволуваат ништо да ги поколеба кога станува збор за нивните интереси.
Можна е понуда од медиумски и финансиски силна приватна компанија. Ќе ви се јави некој Јарец со желба да ја обновите соработката. Ќе ви одат од рака работите со недвижнини.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате преголеми очекувања како од себе така и од колегите и претпоставените, дури и од оние за кои знаете дека нема да ви излезат во пресрет.
Ако сте притиснати од роковите или некои услови кои не ви одговараат, обидете се да направите некој друг вид на договор. Можно е некој Рак, Шкорпија или Јарец да ви прават проблеми. Верувате дека ќе успеете да ја надмудрите конкуренцијата.
Рак (22.06 – 22.07)
Подготвени сте максимално да се посветите на некоја нова работа. Со задоволство им давате на другите совети и пари, а за себе не размислувате. Денес можеби ќе бидете непредвидливи во своите постапки и одлуки. На некого сте му лути и денес јасно ќе му го кажете тоа.
Лав (23.07 – 22.08)
Многу сте конфузни во поглед на она што го сакате, а вашите цели во моментот се прилично неостварливи. Би било добро да бидете подобро организирани меѓутоа вие се однесувате како да не знаете што сакате.
Подготвени сте да се вклучите во нови проекти бидејќи целта ви е да стекнете финансиска стабилност. Избегнете ги расправиите со Овен. Тој ви посакува добро исто како и една Водолија.
Девица (23.08 – 22.09)
Премногу очекувате од оние кои се прилично тврдоглави или уверени дека само они се во право. Денот влијае на вас во позитивна смисла ако сте уметник или ако се занимавате со некоја конкретна работа. Имате начини како да убедите некој Бик, Рак или Јарец дека заеднички е интересот да бидат кооперативни. Некои приватни проблеми ќе ви донесат солзи.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес можете да добиете понуда од страна на пријателите која се однесува на некоја заедничка работа или проект во доменот на уметноста, односите со јавност или во рамките на некој ваш проект од кој многу очекувате. Ако немате работа, ќе пронајдете решение со помош на некој близок член од семејството.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не би требало премногу да се возбудувате на деловен план, особено не ако вашиот претпоставен е Овен, Водолија или Вага, или ако некој Лав ве нервира со неговиот наметлив став. Ќе најдете начин како да ги уверите дека сте во право. Научете се подобро да го организирате секојдневниот живот, преморени сте и не сте доволно ефикасни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се чувствувате добро во друштво на интелектуалци и лица со кои имате за што да зборувате, се чувствувате добро и во некое динамично друштво, од каде црпите енергија.
Можете да добиете добар совет во врска со новата работа, најверојано приватна или ќе добиете добар совет во врска со финансиите. Се плашите дека некој Овен или Водолија ќе ви постават невозможни услови.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некој ќе ви понуди ново работно место, можно е некој Лав или Рак, а вие за таа понуда ќе ја послушате Шкорпијата која ќе ве убеди да не ја прифатите работата. Не стапувајте во контакт со униформирани лица и не се расправајте со Девица или Риби. Ќе добиете повик од странство кој ќе ве заинтересира во голема мера, бидејќи ќе ви донесе некоја нова можност.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ако на работа сте опкружени со непријатни лица кои често ве критикуваат или ви завидуваат, пронајдете дипломатски начин како да им се спротивставите.
Ќе добиете понуда од некој Овен која на прв чекор ќе ви изгледа малку глупава, но откако убаво ќе ја разгледате ќе сфатите дека станува збор за добра можност. Со некој Лав или Рак нема да знаете како да излезете на крај.
Риби (20.02 – 20.03)
Верувате дека имате многу силна конкуренција и дека ќе ви бидат потребни многу попаметни потези со цел да не бидете загрозени.
Ќе добиете прекрасна понуда и предлог да се сретнете со некој кој одамна исчезнал од вашиот живот. Сакате да добиете на време и постојано ги одложувате одлуките. Можно е зголемување на трошоците.
Занимливости
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од 4 касиери или касиерки, како и еден пица мајстор, кои ќе бидат во редовен работен однос, платен превоз, редовна плата и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или да дојдат во објектот.
Занимливости
Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.
Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…
Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.
Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.
Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.
/denar
Занимливости
„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.
Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.
Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.
Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.
Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.
Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.
Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.
Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.
НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.
/rtv
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (2 април)
-
Скопје21 час
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Временска прогноза2 дена
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија1 ден
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости2 дена
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Македонија1 ден
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин
-
Кичево2 дена
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!