Временска прогноза
Доаѓа нов студен бран во нашиот регион, дали тој ќе биде последен за пролетта?
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, од понеделник до среда времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, во попладневните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на суградица и на град.
И во Скопје и околината се очекува слично време.
Од среда ќе започне да дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање, со што на највисоките планински врвови на запад и на северозапад ќе провејува и СНЕГ.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во централните и југоисточните предели истите ќе се искачат и до околу 25 степени. Од среда поради продорот на посвеж воздух од север температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, што значи дека ќе бидат пониски.
На средината од следната седмица во Македонија во утринските часови повторно е можна појава на МРАЗ.
Инаку на средината од следната седмица и целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од студен бран, кој ќе донесе дождови и нов снег на планинските места, а температурите ќе бидат под просекот за крајот на месец април. Наутро ќе има појава на МРАЗ.
Се надеваме дека овој студен бран ќе биде последниот за оваа сезона, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму на нумеричките модели.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд во попладневните часови, следните денови температурата ќе биде во опаѓање
Од УХМР известуваат дека од денес до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од утре четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје од денес исто така во попладневните часови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, известуваат од ЦУК преку УХМР.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (16 мај)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (17 мај)
-
Спорт17 часа
Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството
-
Спорт2 дена
ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал
-
Автомобили17 часа
VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија
-
Магазин51 минута
Инфлуенсерите поднесоа тужба против забраната: „Заработуваме од TikTok“.
-
Автомобили46 минути
Tesla ќе потроши 500 милиони долари за мрежа за полнење