Следете не

Дом и уредување

ДОМ И ДИЗАЈН: Како да уредите стан од 17 метри квадратни? (ФОТО)

Објавено пред

на

Дизајнерката Људмила Ермолаева има одличен одговор на ова прашање

Ви претставуваме одличен пример за тоа како да уредите ентериер на мал стан од 17 метри квадратни.

Дизајнерката Људмила Ермолаева го осмислила овој ентериер кој на доста интересен начин смести се што е потребно за функционирање, во стан од 17 квадрати, а воедно и сето тоа да изгледа одлично.

Вградените во ѕид и мултифункционални парчиња мебел се неизбежни за да се реализира оваа идеја.

Белата и светла боја на употребеното дрво, придонесуваат за прозрачноста и се одличен избор за просторот да не се затвори визуелно.

Главниот момент од ентериерот е функционална целина, составена од кујна и дневна соба, а спалната соба се додава по потреба. Софата која со само неколку потези се претвора во удобен кревет со што ја исполнува функцијата на лежај.

Удобноста на ентериерот е постигната со комбинација на бојата и материјалите кои се користени за уредувањето. Дури и малиот балкон кој е затворенможе да ја менува функцијата во согласност со потребите.

Уживајте во одличниот дизајн на ентериер на фотографиите:

Дом и уредување

Облеката како да е пеглана после перење: Треба да ставите само едно нешто во машината за перење

Објавено пред

на

Додека некои сметаат дека пеглањето е терапевтско, многумина сметаат дека е исклучително здодевна активност.

Но, верувале или не, можете да ја олесните оваа задача или дури и да се ослободите од неа.

Еден генијален трик за кој се зборува на интернет ќе ви помогне целосно да заборавите на пеглата, а најдобро од сè, не треба да вложувате никаков труд и време.

Имено, доволно е да направите две-три топчиња од алуминиумска фолија и да ги ставите во машина за перење или сушење, пренесува RadioS.

Трикот со топката од фолија во машината функционира затоа што топчињата ќе ви помогнат подобро да се вртат и перат вашите алишта и да го спречат таложењето статички електрицитет во машината за сушење. Велат дека нема да ви треба ни омекнувач.

/RadioS

Прочитај повеќе...

Дом и уредување

Во одводите демнат невидливи материи кои можат да бидат опасни

Објавено пред

на

Одводите, одводите и канализационите цевки генерално не се многу пријатни места, барем од човечка перспектива. Да бевте габа, од друга страна, ќе бевте воодушевени.

Една од причините зошто одводите се толку одбивни, исто како валканите сунѓери и други слични прибори, е токму тоа што тие се одлично живеалиште за непријатни и штетни микроби.

Во новото истражување, научниците од Универзитетот во Рединг длабоко нурнаа во матниот екосистем со испитување на повеќе од 250 канали за тоалети на универзитетскиот кампус. Примероците биле земени со помош на стерилни памучни брисеви, а со екстракција на ДНК од нив, ги откриле микробите кои живеат во одводите.

Резултатите откриле мувлосана џунгла од разни габи, нешто како прашума во одвод.

Иако на такво место се очекуваше богат микробен живот, научниците беа изненадени од количината на габи. Тие се различни, а сепак многу слични едни на други.

Во одводот се пронајдени 375 видови габи. И покрај таквата разновидност, габичните заедници покажаа извонредна сличност во научните профили – видовите и изобилството не се разликуваа многу во примероците земени од сите локации. Научниците забележале дека не можат да објаснат што ја предизвикува сличноста, но претпоставуваат дека станува збор за сличност во користењето на тоалетите во таа конкретна заедница. Имено, повеќето мијалници се користат за миење раце.

Студијата покажа дека мијалниците не се само добро место за живеење на микробите, туку и место за размножување на мувла и други габи, преку кои болестите потоа полесно се пренесуваат меѓу луѓето, пишува Science Alert.

Научниците веруваат дека нивното откривање на опасностите во одводите може да им помогне на луѓето со намален имунитет да ја намалат можноста за инфекција.

Високата содржина на влага, брзите температурни промени, високата pH вредност во детергентите и акумулацијата на органска материја се идеални живеалишта за габите. Тие се многу отпорни, особено затоа што мора да се навикнат на промени, како топла и ладна вода.

/n1info

Прочитај повеќе...

Дом и уредување

Миризите од овие 8 застапени нешта во вашата соба ќе ви помогнат да се опуштите

Објавено пред

на

Некои мириси предизвикуваат хемиска реакција во мозокот, која ќе ви помогне да се опуштите. Збогатете ја куќата со овие мириси и препуштете му се на уживањето…

  • „Baby pоwder“
  • „Baby powder“ ќе ви помогне да се чувствувате смирено, бидејќи потсетува на детството, во кое сте се чувствувале многу сигурно.
  • Ванила
  • Освен што смирува, мирисот на ванила поттикнува и брз сон. Свеќите со мирис на ванила во спалната соба се идеално решение за одличен сон.
  • Лаванда
  • И маслото од лаванда докажано влијае на мозокот така што ја зголемува поспаноста. Токму затоа, одлучете се да капнете неколку капки етерично масло од лаванда на перницата.
  • Краставици
  • Оваа арома ја намалува анксиозноста и го поттикнува опуштањето, бидејќи исто така потсетува на детството, кое било исполнето со пикник забави и чести дружења.
  • Мирис на драго лице
  • Мирисот кој му припаѓа на вашиот партнер може да делува многу смирувачки, бидејќи ви дава чувство на нешто познато.
  • Камилица
  • Чајот од камилица има смирувачки ефект на многу лица, па затоа и самиот мирис на камилица смирува, бидејќи тогаш се потсетуваме на прекрасното чувство по испиениот топол чај од камилица.
  • Лонсион за сончање
  • Овој мирис го поврзуваме со годишниот одмор и патувањата, и благодарение на него се навраќаме на одморите исполнети со уживањето и лежењето на плажа заедно со одличната книга.
  • Торти и колачи
  • О, да. Нема поубав мирис, кој докажано релаксира, бидејќи знаеме дека следува нешто познато и многу вкусно.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за сабота (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан9 часа

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија1 ден

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт2 дена

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт2 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

НАЈЧИТАНИ