Временска прогноза
Дождот на планините веќе ќе паѓа во форма на снег, ова е викенд прогнозата која следува
Наврнато количество на воден талог во л/м2 низ државава досега: Маврово 25, Лазарополе 23, Охрид 19, Виница 9, Претор 7, Штип и Тетово 6, Крива Паланка 5, Берово 4. До крајот на денов, а особено претпладнево на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 10 л/м2 воден талог. На планините над 1500 – 1600 м.н.в врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег.
Ветерот кој го имаме од југозападен правец во текот на денов ќе го менува својот правец во северен и во северозападен со што од север ќе започне спуштање на постуден воздух кој позначително ќе ги намали температурите на воздухот.
Максималните дневни температури на воздухот денеска ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, меѓутоа кон крајот на денов и вечерва ќе започнат да опаѓаат па така до утре наутро поради стабилизирањето на времето истите на многу места ќе се спуштат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени.
Максималните дневни температури пак значително ќе бидат пониски од утре кога ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 13 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево утре, додека во понеделник ќе има умерена локална облачност.
Во вторник повторно се очекува нов бран на врнежи кога на планинските места врнежите ќе бидат од снег а снежната граница во вторник навечер кон среда има услови да се спушти до околу 1100, 1200 м.н.в тоа особено во северната половина од државата.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево2 дена
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура18 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Балкан7 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Кичево8 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.