Следете не

Занимливости

ЕКСЛУЗИВНО: Како изгледал Интернетот во минатото?

Објавено пред

на

Можеби звучи чудно, но постоел период кога компјутерите не биле централниот дел во нашите животи. Овој период не е многу одамна, но луѓето кои не го искусиле сигурно сметаат дека станува збор за целосно различен свет. Дајл-ап конекцијата го правела поврзувањето на Интернет навистина бавно, а реткоста на компјутерите ги правела навистина возбудливи играчки. Она што сега го гледаме како застарена технологија некогаш се сметало за најголемо достигнување. Ако тогаш сте му кажеле на некого дека за неколку години во рака ќе држи мал компјутер со постојан пристап до Интернет, сигурно би ви рекол дека тоа е само научна фантастика. Па ајде да се потсетиме каков всушност бил Интернетот и што правеле луѓето во тој период.

1. Гледале серии на телевизија… по една епизода неделно!

Благодарение на Интернетот забораваме дека епизодите на сите серии излегувале еднаш неделно. Покрај тоа, луѓето го немале луксузот да ја изгледаат епизодата кога сакаат, туку желно чекале пред телевизорот за да почне. Сепак можеби има нешто убаво во тоа да имате цела недела да размислите за епизодата пред да ја изгледате следната.

2. Чекале да се отворат сликите

Со бавната брзина на Интернетот доаѓало и бавното отворање на веб-сајтовите. Пред појавата на безжичниот сигналот, ова чекање било нешто што мора да го прифатите ако сакате да видите што се случува на Интернетот.

3. Чекале за поврзување со Интернетот

Пред појавата на безжичниот Интернет, поврзувањето било многу побавно. Во повеќето домови потребно било да се приклучи телефонот со компјутерот и потоа да се чека за да се направи конекцијата.

4. Го исклучувале телефонот за да останат поврзани на Интернет

Луѓето зависеле од нивните дајл-ап модеми кои им биле врската со светот на Интернетот. Штом ќе се поврзете со Интернет, сигурно сакате и да останете поврзани. Но, ако некој го користи телефонот додека сте поврзани, вие ја губите конекцијата. За да го избегнат ова многу луѓе ги исклучувале нивните телефони додека биле на Интернет.

5. Податоците се чувале на дискети

Оние кои живееле во ерата на дискетите сигурно го знаат процесот на зачувување податоци на нив. Но проблемот бил што овие дискети се многу лесно уништливи, па бил вистински предизвик да ги пренесете податоците од едно место на друго без притоа да ги оштетите.

6. Разговорите почнувале со „ASL“

Ако сте од постарата генерација сигурно се сеќавате на познатото „ASL“. Ова е кратенка од англиските зборови Age/Sex/Location (возраст/пол/локација). Оваа кратенка се користела како „здраво“ и наводно нејзината цел е да видите дали личноста со која се допишувате е „доволно добра“ за вашето внимание.

7. Поминувале часови во онлајн соби за разговарање

Немало подобар начин да го поминете слободното време од тоа да разговарате со апсолутни странци во онлајн соба. Често овие соби за разговор биле поделени по категории (книги, филмови, музика) па лесно било да најдете луѓе со слични интереси. Овие соби за разговор постојат и денес, но најчесто ги користат постарите луѓе и оние кои сакаат да се шегуваат.

8. Им верувале на сите веб-сајтови

Веб-сајтовите во минатото изгледале навистина чудно, но на корисниците не им било грижа. Без разлика каков е сајтот, тие верувале во сè што ќе прочитаат на него. Веројатно сметале дека штом нешто се нашло на Интернет, тогаш треба да му се верува. Гугл не бил ни приближно толку добар пребарувач како денес, па луѓето немале како да ја проверуваат веродостојноста на веб-сајтовите кои ги посетувале.

9. „Netscape Navigator“ бил најпознатиот Интернет пребарувач

Ако сте користеле Интернет пред ерата на безжичната поврзаност, голема е веројатноста да сте го користеле и овој пребарувач. Кога се појавил на пазарот, тој бил единствениот продукт кој нудел лесно Интернет „сурфање“. Па со текот на времето станал дел од животот на секој корисник на Интернет. Се разбира, во тој период Мајкрософт ја добивал својата популарност и направил огромни промени.

10. Пред Википедија и Фејсбук постоело „GeoCities“

Пред Википедија да стане извор на сите информации, постоел веб-сајтот наречен „GeoCities“. Тој бил многу повеќе од склад за информации. На некој начин овој сајт бил социјална мрежа, „организација“ од корисници со исти мислења кои создавале сајтови на разни теми. Тоа било начин да се поврзете, но и да го споделите вашето знаење. Со тек на времето тој бил купен од Јаху и околу 10 години подоцна, во 2009 година, биле затворени најмалку 38 милиони веб-сајтови кои припаѓале на оваа платформа.

11. Верувале во проблемот со 2000 година

Многу одамна временските ознаки на компјутерите биле кодирани со 2 цифри наместо со 4. Ова предизвикало многу загриженост за тоа што би се случило со компјутерите кога ќе дојде 2000-та година. Во таа година, временската ознака на компјутерот би ја препознал 2000 како 1900 година и наводно би предизвикала хаос кај компјутерите. Овој проблем е познат како „Проблемот со годината 2000“ односно „Y2K“. Постоеле секакви теории и хорор приказни со наближувањето на новиот милениум. Дали нуклеарните бомби сами би се лансирале? Дали би пропаднал банкарскиот систем? Дали сите форми на масовна комуникација ќе престанат да работат? Ова се само некои од страшните сценарија за „крајот на светот“. Стравот бил толку голем што проблемот се појавил и на насловната на списанијата и тоа со наслов „Крајот на светот!?!“

  • Се надеваме дека ве вративме малце во времето, … 🙂

Занимливости

Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Објавено пред

на

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.

Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.

Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Објавено пред

на

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.

Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.

Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.

Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.

Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.

Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.

Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.

Извор: ArsTechnica

Прочитај повеќе...

Занимливости

Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Објавено пред

на

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.

Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.

Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.

Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.

Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.

/денар.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (11 јуни)

ОВЕН Реешението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро за вас. Успешно ќе ги решите сите деловни...

Временска прогноза6 часа

Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и...

Спорт8 часа

(ВИДЕО) BMW Motorrad го претстави новиот мотор „прототип“ – M 1000 XR

BMW Motorrad им даде на ентузијастите поглед на долгоочекуваниот прототип M 1000 XR. Овој најнов додаток на линијата M модели...

Македонија12 часа

Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат

АМСМ известува, поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (10 јуни)

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Временска прогноза1 ден

Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот,...

Спорт2 дена

„Куќа на фудбалот“ го објави списокот, ова се 27-те примените кандидати за „УЕФА“ академијата на генерација 2010

„Куќа на фудбалот“ денес пред медиумите го пласира конечниот список на 27-те примени кандидати за УЕФА академијата на генерација 2010,...

Автомобили2 дена

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили2 дена

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин2 дена

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

НАЈЧИТАНИ