Социјални мрежи
Фејсбук подготвува нова опција, наскоро достапна за сите корисници

Фејсбук тестира неколку различни алатки за да ја претвори социјалната мрежа во посериозен конкурент за „Тиндер“ и „Меч Груп“.
Уште во мај, за време на конференцијата на Ф8, беа презентирани неколку алатки наменети за запознавање на нови луѓе.
Според најновите податоци на „ТекКранч“, компанијата нема намера да претстави нова мобилна апликација, туку „Фејсбук Дејтинг“ (Facebook Dating) ќе биде функција интегрирана директно во социјалната мрежа.
Конечната верзија се уште не е подготвена, бидејќи се потребни дополнителни тестови од програмери. Во овој момент, само вработените во Фејсбук можат да ја користат алатката, но во рок од неколку недели таа ќе биде достапна за сите корисници.
Новата онлајн функција ќе биде првенствено за луѓе кои се во потрага по сериозна врска и ќе имаат корист од огромното количество податоци, што Фејсбук ги има за сите корисници.
Откако ќе го активирате „Фејсбук Дејтинг“, ќе можете да ги видите само профилите на луѓе, кои исто така ја користат оваа функција. Во овој случај, досегашната и појдовната кореспонденција нема да се објавува на ѕидот на профилите.
Ако сакате пријателитe да ја видат вашата комуникација во „Фејсбук Дејтинг“, можете да ја додадете во секое време на ѕидот.
Новата функција, исто така, ќе понуди интеграција со „Фејсбук Месинџер“ и „ВатсАп“, кои исто така се во сопственост на компанијата.
МИА
Социјални мрежи
Инстаграм најавува нова функција

За време на неодамнешниот настан „АМА“ со корисниците, шефот на Инстаграм Адам Мосери јасно стави до знаење што треба да добие популарната апликација. Според него, „Instagram“ треба да имплементира мала, но важна карактеристика што веќе ја имаат неговите конкуренти како „TikTok“ и „YouTube“ – „picture-in-picture“ (PIP).
Ова значи дека корисниците на Инстаграм наскоро би можеле да вршат повеќе дејства на нивните уреди додека истовремено ги гледаат „Reels“ и другите содржини на апликацијата.
Дополнително,Инстаграм работи на подобрување на својата функција за пребарување оваа година, вклучувајќи ја и можноста за пребарување на содржина, а не само на други сметки, пренесува kurir.rs
Социјални мрежи
ТикТок наскоро повторно ќе биде активна за „Андроид“ корисниците ширум Америка

Платформата TikTok најави дека ќе им овозможи на американските корисници на Android да ја преземаат и користат апликацијата преку пакети достапни на нејзината официјална веб-страница, заобиколувајќи ги ограничувањата наметнати во земјата.
Апликацијата не беше вратена во продавниците на Google и Apple откако на 19 јануари стапи на сила американскиот закон со кој се бара нејзиниот кинески сопственик, ByteDance, да го продаде TikTok или ќе се соочи со забрана поради национална безбедност, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата ден по стапувањето на сила на законот, потпиша извршна наредба со која забраната се одложува за 75 дена.
Трамп рече дека е во разговори со неколку заинтересирани страни за продажба на TikTok и дека ќе донесе одлука за иднината на платформата овој месец.
Инаку, TikTok моментално има околу 170 милиони корисници во САД. Претходно оваа недела, Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува создавање на суверен богат фонд во текот на следната година, што укажува дека фондот би можел да биде потенцијален купувач на апликацијата.
Американските власти предупредуваат дека додека TikTok е под контрола на ByteDance, може да има злоупотреба на податоците на американските корисници.
Сепак, TikTok тврди дека тврдењата за нејзините врски со Кина се лажни, пренесува Танјуг.
Социјални мрежи
„WhatsApp“ воведува нова функција која ќе ги воодушеви корисниците, ова корисниците ги нервира со години

WhatsApp работи на нова функција која им овозможува на корисниците да додаваат и управуваат со повеќе сметки во една апликација. Функцијата, откриена во најновата бета верзија на WhatsApp за iOS 25.2.10.70, сè уште е во развој.
Тоа треба да го олесни користењето на популарната апликација за оние кои користат WhatsApp со повеќе од еден телефонски број за лична и професионална употреба. Можноста за користење на повеќе сметки првпат беше воведена во бета верзијата на апликацијата Android, наменета за тестери, а сега истата функција се проширува и на корисниците на iOS.
Главната цел на неговото воведување е да се елиминира потребата од користење на повеќе уреди или паралелни апликации за ракување со различни сметки на WhatsApp. И кога конечно ќе се имплементира, ќе им овозможи на корисниците да додаваат сметки директно преку поставките на апликацијата, без никакви заобиколувања.
Корисниците ќе можат да ги чуваат сите свои разговори организирани во една апликација, додека нивните сметки ќе бидат одвоени. Известувањата, разговорите, резервните копии и поставките ќе останат посебни за секоја сметка и ќе работат независно во апликацијата, пренесува SmartLife
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза19 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Автомобили1 ден
BYD ја надмина Tesla: Полнач што е четири пати побрз од Supercharger?