Занимливости
Дневен Хороскоп (20.03.18) Вторник
ОВЕН
ЉУБОВ: Добро ќе ви дојде романтична средба со блиска личност или некоја омилена забава во познато друштво. Опуштете се.
РАБОТА: Нема причина да трпите неуспех поради нечие однесување, но не ги преувеличувајте своите способности. Бидете разумни.
СОВЕТ: Важно е правилно да ја насочите својата креативна енергија.
БИК
ЉУБОВ: Прифатете искрен разговор и доверување. Дозволете некој емотивно да ви се приближи.
РАБОТА: Во деловните средби важни се аргументите кои ги користите во своја корист како и нечија практична поддршка.
СОВЕТ: Насочете ги мислите во позитивна насока.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Важно е да го сочувате достоинството и доброто расположение во друштво на блиска личност. Уживајте во некоја омилена забава.
РАБОТА: Нема причина да жалите за пропуштените прилики, извлечете добра поука од деловните односи.
СОВЕТ: Бидете внимателни во сообраќајот.
РАК
ЉУБОВ: Се грижите без причина. Партнерот моментално несака да ви ги доверува своите мисли или тоа што го чувствува. Променете ја својата тактика.
РАБОТА: Неможете да го предвидите текот на новите случувања на деловната свена или нечиј одговор на одредена тема.
СОВЕТ: Изгледате напнато, добро ќе ви дојде прошетка или одмор во природа.
ЛАВ
ЉУБОВ: Без одглед на својот статус и години, прифатете ја играта на заведување или нечија покана. Добро ќе ви дојдат нови емотивни контакти.
РАБОТА: Важно ви е да постигнете сценски впечаток на околината и затоа ги преувеличувате своите способности или цели.
СОВЕТ: Поттикнете оптимистичко расположение.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Важно е да изгледате убедливо пред саканата личност. Некој неочекувано ќе ви поставува двосмислени прашања.
РАБОТА: Оптоварени сте со различни обврски и тоа негативно се одразува на вашата концентрација. Чувствувате лесен замор.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојдат повеќе часа сон, посветете внимание на своите сонови.
ВАГА
ЉУБОВ: Нема потреба да ги потиснувате вашите чувства или намери пред блиско лице. Партнерот точно знае како може да ве задоволи.
РАБОТА: Потребни ви се доверливи информации за јасно дефинирање на долгорочните цели за деловна соработка.
СОВЕТ: Поттикнете го вашето позитивно расположение.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Неопходен е семеен мир за да постигнете целосна рамнотежа. Слободно изразувајте се што мислите и чувствувате.
РАБОТА: Делувате енергично и мотивирано. Наместо да се натпреварувате со вашите соработници, променете го вашиот стил на однесување.
СОВЕТ: Посветете повеќе внимание на правилна исхрана.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Саканата личност очекува буквално да се придржувате кон договорот и нема разбирање за вашите изговори или оправдувања.
РАБОТА: Вие сте премногу субјективни да интерпретирате некои деловни настани и подложни сте кон чести промени во вашето размислување.
СОВЕТ: Ќе ви годи повеќе часа сон, обрнете внимание на вашите соништа.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Треба да се соочите со вашите емотивни заблуди, вашите желби понекогаш остануваат на ниво на фантазија за работи што не ви се достапни.
РАБОТА: Некој не ги задоволува вашите очекувања во деловен договор. На крајот, ќе сфатите дека сè има своја цена или влог.
СОВЕТ: Посветете внимание на правилна исхрана.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Ве радуваат промени во приватниот живот, делувате снаодливо и умеете пријатно да ја изненадите саканата личност со своите планови.
РАБОТА: Понекогаш одредени детали зборуваат за нечиј професионализам, важно е правилно да ги посочиме нашите позитивни личности.
СОВЕТ: Вие сте во одлична психо-физичка форма.
РИБИ
ЉУБОВ: Уште поважно е да го направиш она што го чувствуваш отколку да одбереш погрешна улога што на крајот ќе остави лош впечаток.
РАБОТА: Уживате во нетрпеливост, но иницијативата од ваша страна не носи позитивни резултати и нема корист.
СОВЕТ: Не ги преценувајте личните можности, избегнувајте стресни ситуации.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Видео1 ден
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили1 ден
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин1 ден
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин1 ден
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво