Занимливости
Порта Хороскоп за денес (20.4) Петок
ОВЕН
Случувањата во деловниот сегмент се забрзани, а тоа не ви одговара. Малку сте изморени од случувањата во текот на неделата и неможете да го постигнете темпото кое се бара од вас. Се што е поврзано за домот и семејството ви носи убави и опуштени моменти. Задоволство со најблиските.
БИК
Денес може да ви се отворат нови можности преку договори. Од вас се бара брза одлука, па бидете подготвени да реагирате. Нечие додворување го сметате за нетрпеливо, но неможете да негирате дека не ви одговара да бидее во центарот на внимание на таа личност.
БЛИЗНАЦИ
Големи можности за парични приливи во текот на денот. Посветеноста на работата е на високо ниво и не би требало да имате проблеми на ова поле. Добар однос со колегите. Можно е ново познанство преку деловните околности, но и со излегување во вечерните часови.
РАК
Овој ден ви носи голема насоченост кон работата, но и кон обврските кои ги имате кон членовите на семејството. Во првиот дел од денот ви претстои поголема оптовареност, а во попладневните часови ќе имате многу повеќе енергија. Мали недоразбирања со саканата личност.
ЛАВ
Иако денес ќе има многу случувања, тензијата која сте ја чувствувале на работното поле и во контактот со соработниците, исчезнала. Воглавно функционирате во согласнот и коректно со другите. Повици за дружење или излегување во вечерните часови доаѓаат од повеќе страни.
ДЕВИЦА
Во претпладневните часови мора да завршите со некои работи кои сте ги започнале претходните денови. Завшете се што имате, не одложувајте бидејќи подоцна тоа може да претставува проблем. Денес се чувствувате расположени и во контакт со спротивниот пол го покажувате најдоброто од себе.
ВАГА
Постои кулминација на некои прашања во деловниот сегмент, но ова ќе биде краткотрајно, и веднаш потоа ќе влезете во помирна фаза. Вториот дел од денот е повеќе од добар – можете да добиете понуда за дружење, излегување или романтичен состанок кој тешко ќе го одбиете …
СКОРПИЈА
Имате чувство дека конечно може да се стави крај на ситуацијата во деловниот сегмент. Голем напор и посветеност, и ако соработниците не успеваат да те следат – дури можеш да бидеш многу критичен за нив. Имате чувство дека партнерот намерно “не слуша” некои од проблемите што се обидувате да ги стартувате.
СТРЕЛЕЦ
Вие чувствувате голема самодоверба и сигурност дека сте на вистинскиот пат за некои прашања во деловниот сегмент. Вие сте свесни дека некои големи промени се пред вас и дека сте подготвени да ги “прегрнете”. Поранешниот емотивен партнер се повеќе испраќа сигнали дека е заинтересиран за враќање на комуникацијата и контакт со вас.
ЈАРЕЦ
Можеби денес сте премногу “тешки” и напорни кон оние со кој доаѓате во контакт. Забавете го вашиот став кон колегите и соработниците – повремено имаат чувство дека ништо не работите, освен што ја критикувате нивната работа. Тоа зависи од вас дали денешниот контакт со емотивен партнер ќе биде страстен или напнат …
ВОДОЛИЈА
Иако сеуште не сте задоволни од тоа како се случуваат работите во деловниот сегмент, не можете да негирате дека работите полека доаѓаат на место. Вие сте свесни дека пред вас има долг пат. Ќе бидете позадоволни да бидете сами или да се свртите кон најблиските членови на семејството ….
РИБИ
Денешната енергија ви одговара, се чувствувате како да сте подготвени да одговорите на секаков вид на предизвик. Вие создавате добра атмосфера во работната средина и сте подготвени да излезете да ги запознаете вашите колеги. Нешто поинтензивни односи со пријателите во текот на овој ден – може да бидете повредени со постапката или зборовите на еден од нив.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет7 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Видео7 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици