Следете не

Занимливости

Порта Хороскоп (29.3.18) Четврток

Објавено пред

на

ОВЕН
ЉУБОВ: На состанокот со саканата личност инсистирајте на “емоционално зближување”. Препуштете и се на својата емотивна инспирација.
РАБОТА: Успехот вклучува проширена соработка, треба да ја преземете контролата во одлучувачки ситуации.
СОВЕТ: Важно е да се чувствувате позитивни мотивации и креативна енергија
БИК
ЉУБОВ: Вашето емотивно задоволство не може секогаш да биде пред потребите на саканата личност.
РАБОТА: Некој индиректно ве спречува да ги реализирате вашите бизнис намери. Немојте лесно да се откажувате од Вашите цели.
СОВЕТ: Нема причина за претерана загриженост.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Вашите позитивни мисли и чувства ги насочувате кон Вашата сакана личност. Постои силна емотивна индикација која ве поврзува со една драга личност.
РАБОТА: Обрнете внимание на нови информации и прифатете нечија идеја. Новиот успех делува како голем поттик за вашите соработници.
СОВЕТ: Зрачите со позитивна енергија и сте во добра форма.
РАК
ЉУБОВ: Нема причина наивно да верувате во нечии ветувања или во ласкави комплименти кои ги добивате. Големиот емотивен занос знае да прелаже.
РАБОТА: Избегнувајте ситуации кои го надминуваат вашето знаење или практично искуство. Важно е да ја задржите вашата деловна позиција.
ЗДРАВЈЕ: Применете некоја од техниките на психолошко опуштање.
ЛАВ
ЉУБОВ: Објаснете на блиско лице дека емоциите се највкусни и највозбудливи теми. Преземи ја иницијативата.
РАБОТА: Бидете сигурни дека дејствувате како перфекционист кој држи сè под строга контрола или под будно око.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи одмор и релаксација.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Средба со една личност за вас преставува емотивен врв, но за жал тоа брзо исчезнува и проаѓа.
РАБОТА: Понекогаш брзите процени знаат да прелажат, обрнете вниамние на различните коментари и побарајте нечиј совет.
ЗДРАВЈЕ: Важно е да ја зачувате самоконтролата.
ВАГА
ЉУБОВ: Бидете внимателни во една изненадна средба. Не дозволувајте лесно да бидете заведени од нечиј комплимент.
РАБОТА: Побарајте добар совет и заштитете ги своите интереси. Неможете да занемарите нечие влијание, но постои и индиректно решение.
СОВЕТ: Зачувајте ја присебноста и самоконтролата
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Време е да се соочите со вистината и со блиска личност. Не ја губете самодовербата
РАБОТА: Постојат работи кои ги правите без некој да знае, но на крај ќе сфатите дека се наоѓате на погрешна страна.
СОВЕТ: Побарајте прошка и ќе почуствувате големо олеснување.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Посакувате поголема умереност во средбата со блиска личност бидејќи бурни изливи на чувства кај вас будат дополнително сомневање и негативна реакција.
РАБОТА: Размислувате за промена на условите за да остварите подобар стандард. Не избрзувајте туку почекајте добра прилика.
СОВЕТ: Избегнувајте премногу напорни и стресни ситуации
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Во љубовниот однос добро се знае кој која улога ја има. Направете партнерот да ги исполни вашите очекувања. Бидете категорични.
РАБОТА: Важно ви е да ги потврдите своите практични способности пред соработниците, но неможете да се определите за најдобро решение.
СОВЕТ: Потрудете се да ги усогласите разумот и чувствата.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Избегнувајте нови расправии со партнерот, нема потреба да се докажувате на погрешен начин или против нечија волја.
РАБОТА: Почитувајте ја улогата на некој во деловната соработка, бидејќи корисни информации може да Ви обезбедат одредени олеснувања.
СОВЕТ: Обрнете внимание на поуреден начин на живот.
РИБИ
ЉУБОВ: Обрнете внимание на поубавите теми и подгответе се за средба со лице кое Ве инспирира на позитивно расположение.
РАБОТА: Понекогаш тешко е да се помират различните ставови, треба да се навикнете на променлива клима во вашата околина.
СОВЕТ: Сочувајте ја присебноста и самоконтролата

Please enter facebook post url.

Занимливости

Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Објавено пред

на

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.

Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.

Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Објавено пред

на

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.

Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.

Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.

Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.

Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.

Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.

Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.

Извор: ArsTechnica

Прочитај повеќе...

Занимливости

Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Објавено пред

на

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.

Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.

Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.

Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.

Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.

/денар.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за недела (28 мај)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Временска прогноза13 часа

Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..

Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. И во следните 10-тина денови од пладневните...

Спорт14 часа

ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија

Утре од 17:00 часот се играат бараж натпреварите во третата Македонска фудбалска лига за влез во Втората лига, додека распоредот...

Спорт18 часа

Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на...

Lifestyle21 час

Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (27 мај)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Кичево1 ден

Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..

Во Кичево започнува со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените кои живеат на територијата...

Скопје2 дена

Во недела во Скопје поради ревијална трка на велосипеди и ролерки ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална...

Спорт2 дена

Македонија до 18 поразена од Србија во Стара Пазова

Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија. На натпреварот кој...

Lifestyle2 дена

Neuralink на Маск доби дозвола да тестира мозочни импланти на луѓе

Стартапот на Илон Маск, Neuralink, објави дека добил одобрение од американските регулатори за тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе,...

НАЈЧИТАНИ