Занимливости
Дневен Хороскоп (11.03.2018) Недела

ОВЕН
ЉУБОВ: Партнерот јасно го искажува своето несогласување што укажува на сомневање кај двајцата или нов бран на реасположение.
РАБОТА: Не предвидувајте неизвесни ситуации и не носете заклучок врз основа на неделосни информации. Бидете разумни пред соработниците.
СОВЕТ: Обидете се да ги решите своите внатрешни конфликти
БИК
ЉУБОВ: Премногу чувствително реагирате на различни ситници, постојат ситуации кои партнерот ги доживува на различен начин. Различно го гледате светот околу себе
РАБОТА: Доколку некој ве опоменува да го промените своето однесување или деловните барање, прифатете одреден компромис.
СОВЕТ: Важно е правилно да ја насочите својата креативна енергија.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Несогласувањето на партнерот доволно кажува за заедничкото расположение или за новите емотивни двоумења.
РАБОТА: ДОколку не разбирате нечија постапка, побарајте дополнително објаснување. Секоја информација има корисно значење ако правилно ја разберете и насочите.
СОВЕТ: Обидете се да ги решите своите внатрешни конфликти
РАК
ЉУБОВ: Планирајте средба со личност која ќе ви разбуди топло емотивно расположение.
РАБОТА: Вие барате брзи одговори и акција, па така ве иритира нечије двоумење и несигурност.
СОВЕТ: Контролирајте ја својата склоност кон импулсивни реакции.
ЛАВ
ЉУБОВ: Бурно реагирате на ситници, додека партнерот на вас спроведува различни тестови за издржливост. Контролирајте ги своите импулси.
РАБОТА: ДОколку некој ве опоменува да ги промените своите критериуми во деловната соработка, добро размислете за крајниот исход.
СОВЕТ: Изгледате напнато, потребно е да се опуштите.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Смислувате нова емотивна стапица, важно ви е да привлечете нечие внимание и интересирање.
РАБОТА: Посветете внимание на различните деловни случувања, важно е да се најдете во вистински момент на вистинското место.
СОВЕТ: Не ви се допаѓа ситуацијата со зголемени дисциплински мерки
ВАГА
ЉУБОВ: Потрудете се вашиот личен успех или среќа да продолжи колку што е можно подолго. Дајте го вашето внимание и емоции на личност поврзана со слични афинитети.
РАБОТА: Добро замислените идеи поминуваат забележани на различни страни. Вие сте во креативна фаза и во пресрет на важни деловни одлуки.
СОВЕТ: Се наоѓате во одлична психофизичка форма.
ШКОРПИЈА
ЉУБОВ: Се обидувате да се дистанцирате од предизвикувачки ситуации, но некој ги возбудува вашите емоции и страсти. Зачувајте ја вашата самоконтрола и ладна глава.
РАБОТА: Ако сакате да ги зачувате вашите интереси, избегнувајте различни начини на бизнис закани или конкурентна атмосфера.
СОВЕТ: Ќе ви годи релаксација, опуштете се.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Го запоставивте договорот кој го имавте со партнерот. Партнерот се обидува да ве расположи и да направи добар избор.
РАБОТА: Вие постојано инсистирате на работите кои веќе долго време се претекнати во деловните кругови. Се обидувате да го промените своето мислење и однесување.
СОВЕТ: Своето време и енергија ги трошите на погрешни ситуации.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ослободете се од илузиите. Вие не можете да добиете сè што сакате, туку само она што го нуди или сугерира блиската личност.
РАБОТА: Нема причина да ја докажувате својата супериорност и да привлечете внимание кон себе. Завршете ги навреме своите обврски.
СОВЕТ: Во вечерните часови уживајте во релаксација и тивка забава.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Новата љубовна тема не е по ваша мерка и вкус. Партнерот има свои планови и не посветува внимание на вашите потреби.
РАБОТА: Без оглед на нечија убедлива приказна и на големите ветувања, забележувате дека работите се движат во погрешна насока.
СОВЕТ: Избеднувајте остри дуели и јавна расправија, сочувајте ја присеноста.
РИБИ
ЉУБОВ: Во емотивниот живот делувате самоуверено и расположено, додека партнерот го прикрива своето задоволство.
РАБОТА: Секогаш постои поуспешен и поубав дел од реалноста, а до него не се доаѓа случајно и без добра подготовка.
СОВЕТ: Се наоѓате со прекрасна форма.
Занимливости
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“

Во 2007 година Google ги објави првите фотографии на Street View од Сан Франциско, Њујорк, Лас Вегас, Мајами и Денвер. Оттогаш поминаа 15 години, а автомобилите на Street View опремени со камери снимија и споделија повеќе од 220 милијарди фотографии од Street View и поминаа преку 16 милиони километри, што е еквивалентно на патување околу светот повеќе од 400 пати.
Индонезија, САД и Јапонија се на врвот на глобалната листа на земји со најпосетувани локации на услугата Street View во текот на изминатата година, додека Мексико и Бразил се на четврто и петто место.
Со Street View можете да посетите места како што се пешачките зони, планинските врвови или длабочините на океанот и сето тоа е достапно од удобноста на вашиот дом. Сепак, три локации привлекоа најголем интерес од корисниците минатата година: Сите 154 ката на Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати, која беше прогласена за највисока зграда во светот, Иконата Ајфелова кула во Франција, која нуди феноменален поглед на Париз, Како и нашата специјална колекција на слики на Таџ Махал во Индија.
Среќен роденден „Google Street View“ !
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Македонија18 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Кичево12 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Култура2 дена
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Хороскоп4 часа
Редовен Хороскоп за сабота (28 мај)
-
Автомобили2 дена
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Магазин2 дена
Netflix ги проширува своите функции
-
Магазин2 дена
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7