Занимливости
1-ви Мај 2018, вашиот дневен Порта Хороскоп
Овен (21.03-20.04)
Навистина сте успеале да постигнете рамнотежа и тоа на сите полиња: полни со елан, добро здравје и нормално љубов која ви ја дарува саканата личност. Работата некако паѓа во втор план. Ве очекува многу среќа и радост така да не треба да го губите времето на споредни работи. Сепак треба да внимавате од секој вид на претерување, особено во храната и алкохолот.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе бидете во хармонија со своите блиски, и ќе ви се врати ведриот дух. Не трошете многу енергија и не полемизирајте со никого, дури и ако бидете предизикани. Бидете поискрени со вашите пријатели. Ако сакатеда внесете нешто ново, било да е тоа на работното место, или во љубовта ова е одличен ден. Вашиот партнер ќе ги прифати идеите. Здравје: јадете повеќе здрава храна.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Идеалистички сте расположени, но тоа не ве спречува ефикасно да ги решавате практичните проблеми. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право. Емотивниот живот може да ви се искомплицира поради вашата неодговорност.
Рак (22.06 – 22.07)
Од настаните ќе го извлекувате максимумот, но ни со тоа немојте да се задовoлувате. Вие можете повеќе и подобро. Наскоро ќе имате сериозно преиспитување со постигнатите резултати. Морате да бидете јаки за да можете да се соочите со вистината. Со вашиот став се наметнувате на околината. Бидејќи тој став не е доволно убедлив многу пријатели нема да наседнат туку ќе се обидат да ве избегнат.
Лав (23.07 – 22.08)
Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однсување. Ќе мора похрабро да ги прифатите поразите. Во љубовта ве очекуваат компромиси со партнерот. Здравје: внимавајте каква храна јадете, бидејќи постои можност од проблеми со варењето.
Девица (23.08 – 22.09)
Денешните состојби со работата многу ве нервираат и ве прават агресивни, но тоа не е толку страшно затоа што веднаш потоа доаѓаат позитивни промени и смирување. Во средбата со вашата сакана личност ќе биде нагласена интимноста и меѓусебното разбирање. Слободните Девици ќе почуствуваат волшебна привлечност спрема личност која површно ја познаваат. Здравје: главоболки.
Вага (23.09 – 22.10)
Со вашиот партнер никако не ќе можите да се усогласите. Треба да го менувате или него или нешто во односот спрема него. Бидејќи ова второто е поприфатливо, и наместо на секој негов збор да реагирате бурно и непромислено обидете се да прмолчите. Тогаш сте најпаметни. Претераното зборување последниве денови може многу скапо да ве чини. Здравје: чуствително- можни се алегрии.
Скорпија (23.10-21.11)
Иако од желбата за наметнување на сопствените убедувања на околината и на партнерот имате само штета сепак тоа е појако од вас. Моментално таа ваша суериорност е голема препрека во вашето функционирање. Пожелно е понекогаш да глумите безпомошни. Планетите ви порачуваат да се вразумите. Не морате по секоја цена да бидете во право. Здравје: многу добро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Интензивно ќе работите на пронаоѓање на ново работно место, нови деловни партнери или пак на евентуално напредување на работното место. Ќе ви бидат нагласени интелектуалните способности како и амбициозноста и самодисциплината. Некој од роднините или блиските пријатели ќе ве запознае со интересна личност со која во иднина ќе ве врзува пријателството или страста. Не го пропуштајте денот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување. Бидејќи не му верувате размислете за тоа што понатаму. Довербата е многу важна.
Водолија (21.01 – 19.02)
Нова љубов, децата, спортот и забавата ќе бидат актуелни во текот на денот. За сето тоа енормно ви расти интересот. Доколку тврдоглаво настојувате да го реализирате тоа што не е можно за вас ќе биде многу непријатно и може лошо да се одрази врз вашата здраствена состојба. Па затоа би било добро да можете да се задоволите со реалната понуда, во спротивно ќе имате проблеми.
Риби (20.02 – 20.03)
Денеска ќе бидете доста повлечени и напнати. Некои од вас ќе добијат желба да се подалеку од другите, односно да се повлечат со своите мисли. Ве очекуваат пријатни изненадувања на сентимантален план, но само ако ја вратите ведрината на вашето лице и ако се дружите. Заборавете на грижите, насмевнете се и уживајте. На работното место нема да бидете многу ангажирани. Наспиете се добро ви треба одмор.
Занимливости
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од 4 касиери или касиерки, како и еден пица мајстор, кои ќе бидат во редовен работен однос, платен превоз, редовна плата и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или да дојдат во објектот.
Занимливости
Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.
Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…
Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.
Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.
Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.
/denar
Занимливости
„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.
Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.
Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.
Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.
Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.
Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.
Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.
Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.
НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.
/rtv
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за недела (2 април)
-
Скопје21 час
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Временска прогноза2 дена
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија1 ден
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости2 дена
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Македонија1 ден
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин
-
Кичево2 дена
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!