Занимливости
Хороскоп за денес (2.5) Среда

Овен (21.03-20.04)
Ќе направите нешто за кое не сте ни помислувале дека сте способни и ќе покренете лавина на возбудливи збиднувања. Ве очекува непалнирано службено патување или можеби посета од далеку. Можна е љубов на патување или интимна поврзаност со личност која живее далеку од вас. Корисно ќе ги примените вашите знаења. Ќе се активирате со работа надвор од местото каде живеете.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во соувршувањето е спасот. Но немојте да заборавате на саканата личност бидејќи може да добиете силни критики. Здравје:солидно.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Бидејќи работите повеќе работи истовремено малку се одмарате, а повеќе се нервирате, па се наоѓате во една стресна состојба. Аеробик, спорт и што повеќе движење се одлично решение за излегување од кризата. Доколку бидете пасивни и од околината очекувате разбирање, а се трошите на непотребни работи навистина можни се големи проблеми и тоа особено со вашето здравје.
Рак (22.06 – 22.07)
Работните интереси ви се нагласени, може да се случи да завршите некоја голема работа која многу ќе ви помогне за промените кои ги имате на памет. Финансиската ситуација ви се подобрува. Можеби ќе добиете некоја порака која ќе има необично пријатен ефект кај вас. За слободните Ракови ова е доста поволен ден за љубовни средби. Ве советуваме особено да обрнете внимание на вашето здравје.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе морате што повеќе внимание да насочите кон работата игнорирајќи ги проблемите со колегите како и општите тешкоти кои не ќе можете да ги решите. Немојте да брзате некои тешкотии ќе исчезнат сами по себе. Морате да бидете поладнокрвни и поупорни. Во љубовта можеби нема да се исполнат очекувањата од вашиот партнер, но ќе почуствувате дека сепак нешто добро се случува. Здравје: добро.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе можете да си дозволите поголема пауза од вообичаената бидејќи се што сте имале за денес вие сте го сработиле вчера, па слободно време ќе имате доволно. Обидете се да се ослободите од нервни напади кога ќе ги видите цените на работите кои сте сакале да ги купите. За да можете да ја решите депресијата купете само некои ситни работи кои се пониски цени. Здравје; солидно.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете творечи расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех. Можете да размислувате за решавање на вашето стамбено прашање, планирајте вселување, селидба и др. Ќе бидете наклонети кон трошење, но секако ќе имате и покритие. Купете за себе нешто што многу ќе ве радува.
Скорпија (23.10-21.11)
Денеска се можни контакти со личности од верски или културни установи. Исто така можности за врски во странство или личности кои доаѓаат од странство. Што се однесува до љубовта во ова поле ве очекува изненадување од страна на вашиот партнер, а слободните Скорпии ќе бидат фасцинирани од личноста која ќе ја запознаат највероватно во друштвото со кое ќе бидат денеска. Здравје: чуствително.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе имате проблеми во реализирањето на веќе започнатите работи, а можни се и нови работни задачи. Ќе ви биде тешко, бидејќи ќе намате некоја јасна претстава и добра организација. На емотивен план работите ги држите под контрола. Избегнувајте извршување на многу работи во исто време и површни акции. Здраствената состојба е чуствителна повеќе внимание обрнете на вашите нерви.
Јарец (22.12 – 20.01)
Уживате во уметничките, но и во другите наколнетости. Денов е прекрасен за оние претставници кои се занимаваат со уметност, како и за оние кои работаат во здраство. Останатите припадници на знаков можеби ќе имаат проблеми со претерано конзумирање на шеќер и скроб. Па затоа би било добро овие производи да ги замените со природни витаними и повеќе овошје. Здравје: солидно.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ако некои работи подолго време сте го чувале само за себе и денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса да овој работен ден ви биде многу успешен. Во љубовта ден кога ќе се повлечете во себе и ќе се чуствувате осамени и напуштени. Совет: излезете забавувајте се не мислете на вашите проблеми едноставно уживајте во убавините на животот. Здравје: проблеми со синусите и воспаленија.
Риби (20.02 – 20.03)
Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однсување. Ќе мора похрабро да ги прифатите поразите. Во љубовта ве очекуваат компромиси со партнерот. Здравје: внимавајте каква храна јадете, бидејќи постои можност од проблеми со варењето.
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
Занимливости
И овој пат ги имаме најубавите Велигденски пораки!

Велигден е најубавиот православен празник, а ова се најубавите пораки кои ги пронајдовме и ги споивме во еден натпис
*Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ …
*Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
*Да го празнуваме животот денес.
Да го воскреснеме Исус во нашите срца.
Да ги отвориме душите за љубов и радост.
*Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.
*Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!
*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна
*Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе
*Честит Велигден!
Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.
-
Хороскоп1 ден
Денешен Хороскоп (24 мај) – вторник
-
Lifestyle2 дена
Колку се заработува во Германија? Список на плати за 100 занимања
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на бензините!
-
Lifestyle1 ден
Претставници од „Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа“ учествуваа на хуманитарен турнир во „Бељот“ и се закитија со високото второ, односно трето место
-
Магазин10 часа
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Спорт1 ден
„Сер Боби“ ги објави предводниците за натпреварите против репрезентациите во сегментот „Ц“ од новото издание на Лига на нации
-
Свет2 дена
СЗО: Светот се соочува со големи предизвици – се шири епидемија на мајмунски сипаници