Следете не

Занимливости

Дневен Хороскоп (6.5) Недела

Објавено пред

на

ОВЕН

Нагласеното поле на пријателството кажува дека денес треба да се посветите на забава со оние кои ги сакате и кои ви се драги. Едни со други можете да си кажете многу интересни приказни и трачеви. Сепак ќе успеете да најдете време за да бидете со саканата личност.

БИК

Луѓето со кои стапувате во контакт денес се многу тврдоглави. Скоро исто како и вас. Затоа најдобро е да заборавите некои убедувања и да се обидете да најдете заеднички теми. На овој начин ќе поминете добар и исполнет ден. На емотивното поле може да се чувствувате осамено.

БЛИЗНАЦИ

Овој ден е добар за патувања како на долги така и на кратки релации. Добро ќе ви дојде да бидете во движење. Исто така имате одлична комуникација со луѓето со кои доаѓате во контакт. Размена на мислења, добри приказни и можност за нови познанства.

РАК

Денес ви е потребно да се посветите на себе си. Претпладнето ќе го поминете дома, во опуштена атмосфера. Попладне ќе бидете подготвени за дружење, за контакт со пријателите или блиски личности. Саканата личност исто така чека на вас.

ЛАВ

Ако одите на многу страни, најверојатно е дека на ниту една нема да го завршите тоа што сте го планирале. Во суштина најдобро ќе ви биде ако бидете во контакт само со домашните и евентиално вашиот партнер. Некои од вас ќе бидат расположени за шетање.

ДЕВИЦА

Иако сте планирале овој ден да се посветите само на себе си, ќе произлезе дека од вас се очекува да им помогнете на домашните за некои обврски. Не сте добро расположени за такво нешто, но насакате да се замерите. СО саканата личност ќе сакате да се дистанцирате од сите

ВАГА

Конечно еден во потполност убав ден, кој ќе го подобри впечатокот на претходните, кои беа малку полоши. Одлична енергија, вие сте во одлично расположение и ова време треба да го поминете во забава, релаксирање, контактирање со пријатели или со емотивен партнер. Исто така можете да се дружите со деца.

СКОРПИЈА

Преодниот месец во вашата домашна и семејна област денес носи позитивна атмосфера меѓу домашните. Ќе ви годи посветеното време на семејството, и ќе поминете прекрасни моменти заедно. А со саканата личност ќе остварите добар контакт и комуникација.

СТРЕЛЕЦ

Нагласено поле на движење, комуникација, движење, соседство, пократки патувања. Овој ден трошите време во разговор со луѓе кои ги сакате и кои се важни за вас. Се чувствувате многу добро и ќе се обидете да донесете добро расположение и оптимизам каде и да сте.

ЈАРЕЦ

Време е да ги тргнете сите ваши обврски настрана, да се посветите на себеси и на оние кои се драги и блиски до вас. Организирајте собир и дружење дома, направете брза закуска или некои слатки и уживајте во овие релаксирачки, но во исто време енергични моменти.

ВОДОЛИЈА

Транзитната Месечина во вашиот знак денес ве доведува да завршите со сите заостанати обврски. Имате повици од повеќе страни, се чувствувате добро и позитивно и ќе се трудите да почитувате сè… а во исто време да си угодите и самите. Добар контакт со некој близок, разбирање со луѓето. Што може човек повеќе да посака?

РИБИ

Денес имате мир и уживајте во него. Вие сте свесни дека треба малку да се опуштите и релаксирате, а можно е најверојатно да одговорите на безбедноста на вашиот дом, опкружени само со најблиските. Контакт со саканата личности, исто така нови задоволство.

Занимливости

Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Објавено пред

на

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.

Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.

Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Објавено пред

на

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.

Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.

Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.

Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.

Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.

Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.

Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.

Извор: ArsTechnica

Прочитај повеќе...

Занимливости

Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Објавено пред

на

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.

Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.

Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.

Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.

Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.

/денар.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (11 јуни)

ОВЕН Реешението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро за вас. Успешно ќе ги решите сите деловни...

Временска прогноза6 часа

Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и...

Спорт9 часа

(ВИДЕО) BMW Motorrad го претстави новиот мотор „прототип“ – M 1000 XR

BMW Motorrad им даде на ентузијастите поглед на долгоочекуваниот прототип M 1000 XR. Овој најнов додаток на линијата M модели...

Македонија12 часа

Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат

АМСМ известува, поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (10 јуни)

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Временска прогноза1 ден

Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот,...

Спорт2 дена

„Куќа на фудбалот“ го објави списокот, ова се 27-те примените кандидати за „УЕФА“ академијата на генерација 2010

„Куќа на фудбалот“ денес пред медиумите го пласира конечниот список на 27-те примени кандидати за УЕФА академијата на генерација 2010,...

Автомобили2 дена

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили2 дена

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин2 дена

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

НАЈЧИТАНИ