Занимливости
Дневен Хороскоп (7.5) Понеделник

ОВЕН
Денес ќе морате брзо да реагирате и да донесете одлука која нема да биде едноставна. Досега се двоумевте што да правите и тоа ви одземаше многу време. Амбицијата повторно ви се враќа и ќе имате желба да покажете колку сте способни. Внимавајте да не се прецените и да пропуштите вистинска шанса. Со партнерот се разидувате во мислењата и можна е расправија. Овој пат нема да ви преостане ништо друго освен да попуштите.
БИК
Имате желба за напредување, но ќе морате да вложите дополнителен напор за да не остане само желба. Денес е можен мал прилив кој ќе ве изненади. Сумата нема да биде доволна награда за вложениот труд и ќе морате да размислите во кој правец да тргнете за да ги задоволите своите финансиски потреби.
Доколку сте сами, можен е нов почеток со личност која ја познавате преку работа или преку пријатели. Личноста е многу забавна и во нејзино друштво ќе се чувствувате пријатно и опуштено.
БЛИЗНАЦИ
Бидете внимателни и избирајте зборови кога влегувате во дијалог со колегите. Не сте подготвени да ги сослушате критиките на соработниците. Нивните ставови ве иритираат, особено ставовите на оние што се помлади од вас. Ќе морате да сфатите дека не сте секогаш во право.
Доколку денес сретнете некој кој штотуку излегол од долга и компликувана врска, обидете се да го заобиколите и да не се вовлекувате во таа приказна. Воопшто не сте свесни дека можете да бидете емотивно повредени.
РАК
Од една страна сакате да се докажете, но од друга страна имате потреба да застанете и да размислите како да ги спроведете плановите во дело. И покрај бројните можности што ви се нудат, нешто ве кочи во нивната реализација.
Можеби се работи за недостаток на валидни информации кои ќе ви помогнат во работата. Партнерот има потреба за слобода и се однесува како да се буди од некој сон. Не бидете сомничави и не размислувајте многу, едноставно прифатете го.
ЛАВ
На работното место се чувствувате заробени и имате потреба да се ослободите од притисоците. Можно е да добиете шанса за напредување, но тоа би ви одземало многу од слободното време.
Во моментов единствено што ве интересира е да си го најдете мирот и никој да не ви кажува како треба да се однесувате. Емоциите ви се стабилизираат и имате потреба од забава. Доколку сте сами, денес е можно познанство со една сериозна личност.
ДЕВИЦА
Попустливоста заврши и опкружувањето ќе може да почувствува дека станувате неумоливи. Единствено што ви пречи во моментов е недостатокот на концентрација. Подготвени сте за нови почетоци, но се уште не знаете кое решение е најдобро за вас.
Потребен ви е некој на кој ќе можете да се потпрете и можеби токму поради тоа ќе се обидете да обновите една стара врска. Бидете претпазливи и не очекувајте премногу. Може да бидете разочарани.
ВАГА
Чувствувате дека ќе морате да застанете и да одморите за да соберете енергија да се извлечете од бездната во која паѓате. Денес бидете внимателни доколку треба да потпишувате некој документ.
Ако имате некои работи во врска со суд или со адвокати, најдобро е да ги одложите. Не играјте си со чувствата на партнерот. Работите за кратко време ќе се сменат и може да осетите како изгледа да бидете отфрлени. Доколку сте сами, денес преку социјалните мрежи ќе имате разговор кој многу ќе ве заинтересира.
СКОРПИЈА
Денес преку пријатели ќе добиете шанса за нови почетоци. Можеби ќе треба да вложите малку повеќе труд, но вие имате потреба да се докажете и тоа нема да ви пречи.
Партнерот се труди да направи атмосфера во домот, но вие како да не го забележувате тоа. Обземени сте со себе и со своите потреби. Ако сте сами, денес на едно дружење ќе сретнете еден стар пријател. Можно е пријателството да се претвори во емотивна врска.
СТРЕЛЕЦ
На моменти ви е тешко, но не смеете да дозволите нешто да ве обесхрабри. Разговорот со една помлада личност ќе ви даде некоја нова надеж. Она што сега ќе почнете да го создавате ќе има големо влијание врз вашата иднина и затоа не смеете да запрете.
Партнерот се однесува ирационално и во овој момент воопшто не ви е од помош. Тој се однесува како да не е присутен и тоа многу ве иритира. Доколку сте сами, можен е нов почеток со личност која ја познавате преку работа или преку пријатели.
ЈАРЕЦ
Вие точно знаете што треба да правите и затоа придржувајте се кон тоа. Обидете се да го контролирате внатрешното незадоволство и не дозволувајте да се забележи. Вашите непријатели го демнат секој ваш чекор и многу ќе бидат среќни кога ќе забележат дека ви го нарушиле мирот.
Доколку сте сами, постои можност да заинтересирате една личност родена во воздушен знак. Не сфаќајте ги работите премногу сериозно. Прифатете го дружењето и дозволете си да ви се случи нешто убаво.
ВОДОЛИЈА
Бидете внимателни и не ги доверувајте вашите планови на луѓе во кои немате потполна доверба. Доколку зборувате повеќе од што е потребно, може да се случи идејата што ја имате да ја спроведе некој друг.
Партнерот се обидува да соработува, но вие не сте подготвени за тоа. Имате свои идеи кои ве водат и немате намера да ги делите со никого. Ако сте сами, имате многу прилики за флертување со спротивниот пол, но една случајна средба ќе ве измести од комфорната зона и ќе ве натера да размислувате на поинаков начин.
РИБИ
Вредни сте и многу креативни и време е тоа да се забележи. Денес ќе добиете шанса за соработка која одамна ја очекувате. Бидете трпеливи и не се вознемирувајте ако не биде онака како што сте замислиле.
Времето ќе покаже дека мала измена во планот ќе биде подобра за вас. Премногу ги идеализирате потенцијалните партнери и непотребно се оптоварувате со секоја личност што ќе покаже интересирање за вас. Опуштете се и дозволете некои работи да ви се случат без да ги планирате.
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
Занимливости
И овој пат ги имаме најубавите Велигденски пораки!

Велигден е најубавиот православен празник, а ова се најубавите пораки кои ги пронајдовме и ги споивме во еден натпис
*Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ …
*Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
*Да го празнуваме животот денес.
Да го воскреснеме Исус во нашите срца.
Да ги отвориме душите за љубов и радост.
*Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.
*Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!
*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна
*Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе
*Честит Велигден!
Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.
-
Хороскоп1 ден
Денешен Хороскоп (24 мај) – вторник
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Lifestyle2 дена
Колку се заработува во Германија? Список на плати за 100 занимања
-
Македонија2 дена
Од ноќеска ново поскапување на бензините!
-
Lifestyle2 дена
Претставници од „Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа“ учествуваа на хуманитарен турнир во „Бељот“ и се закитија со високото второ, односно трето место
-
Магазин19 часа
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Спорт2 дена
„Сер Боби“ ги објави предводниците за натпреварите против репрезентациите во сегментот „Ц“ од новото издание на Лига на нации
-
Свет2 дена
СЗО: Светот се соочува со големи предизвици – се шири епидемија на мајмунски сипаници