Занимливости
Хороскоп за денес (8.5) Вторник

ОВЕН
Некои напнати моменти на деловното поле сте ги оставиле зад себе, но сеуште чувствувате нервоза и стрес бидејќи количината на обврски ви е голема, а вашите рокови за завршување се кратки. Не е време за конфликти со партнерот, посебно ако својата деловна нервоза ја пренесете и на љубовното поле.
БИК
Со тешко срце и многу трпение успевате да се усогласите со некои деловни соработници. Можеби нема да бидете целосно задоволни од резултатите, но сега така стојат работите. Свесни сте дека сте направиле некои грешки или пропусти во односот со саканата личност и се обидувате да ги исправите.
БЛИЗНАЦИ
Деловниот соработник ве притиска, но можеби и критикува поради доцнењето со некои обврски кон него. Не грижете се бидејќи вие сте свесни дека тој е во право. Сработете го тоа што сте го земале како обврска. Добро ќе ви дојде контакт со саканата личност бидејќи тоа ќе ве опушти.
РАК
Максимално сте посветени на своите деловни обврски иако не чувствувате доволен елан и стимулација за работа. Ова нерасположение и статичност се од пролазен карактер и како што ќе поминува денот, ќе се чувствувате подобро. На љубовното поле покажете почитување кон саканата личност.
ЛАВ
Не сте сигурни како треба да постапите во една деловна ситуација која ве загрижува. Ве советуваат да почекате да се средат работите. На љубовното поле може да се случат прекрасни равоти, исполнети со нежност и романтичен ден. Можности за нови познанства се пред вас.
ДЕВИЦА
Денес ви се наметнати големи обврски и одговорности и на деловното и на семејното поле. Прашањето е колку ќе имате време, трпение и желба да фунционирате на сите страни одеднаш. Можност за ново познанство и контакт со личноста која ве заинтересирала.
ВАГА
Многу важен контакт или средба со сериозен деловен партнер. Ако ви треба совет или помош, слободно контактирајте постар колега или лице за кое сметате дека е авторитет за некои прашања. Вие би сакале некој близок да покаже повеќе разбирање за вашите проблеми. Во суштина – барате внимание.
СКОРПИЈА
Вашите планови во текот на овој ден се многу сериозни и исто така ќе можете да добиете силна деловна понуда. Се обидувате да остварите подобар контакт со колегите и блиските соработници. Проблемот на емоционалната природа е прилично незначителен, само што го преувеличувате во вашата глава.
СТРЕЛЕЦ
Знаете точно што е она што треба да го направите и нема да дозволите некој да ја расипе вашата концепција. Го посветувате целото внимание на обврските, но исто така и на луѓето со кои работите. Подготвени сте да ги слушнете луѓето кои го бараат вашиот совет. Одличен ден за емоционални контакти. Добро расположение.
ЈАРЕЦ
Уште една обврска, се разбира во најнезгоден момент, и тоа кога веќе знаете “каде удирате”. Длабоко вдишете и подгответе се да бидете фокусирани на она што го правите. Вие интензивно размислувате на една личност. Не сте сигурни што треба да направите кога е таа во прашање.
ВОДОЛИЈА
Вие се однесувате на најправен и пријателски начин кон оние со кои доаѓате во контакт, особено со луѓето што доаѓаат да побараат помош и совет. Можно е да ви се допадне малку, бидејќи се покажа дека сте биле сосема во право во некои работи. Емоционален – добар ден.
РИБИ
Ти требаше поддршка од претпоставените, но малку е веројатно дека ќе ја добиете во текот на овој ден. Вие не сте подготвени да убедите или инвестирате во никого, и ќе се откажете од целата приказна. Добар контакт и комуникација со едно лице преку работа или социјални мрежи.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Временска прогноза1 ден
Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 јуни)
-
Македонија10 часа
Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат
-
Временска прогноза4 часа
Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (11 јуни)
-
Мобилни уреди2 дена
Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android
-
Автомобили2 дена
Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло
-
Магазин2 дена
Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp