Следете не

Здравје и убавина

Исфрлете го штетниот никотин од вашето тело со оваа храна

Објавено пред

на

Пушењето ја намалува количината на витамин Ц, Е и А. Овие витамини можат да ги заштитат белите дробови од оштетување, па откако ќе престанете да пушите, задолжително вклучете ги овие намирници богати со витамин Ц и Е во исхраната.

Овие намирници е потребно да ги јадете со цел тие да го исфрлат никотинот од вашето тело.

Брокули

Овој зелен зеленчук е богат извор на витамин Ц и Б5. Пушењето го намалува количеството на витамин Ц во телото. Значи, јадете брокули за да го исфрлите никотинот од телото. Тие исто така помагаат и при загубата на килограми и добри се за трудниците.

Портокали

Сокот од портокали е богат извор на витамин Ц. Можете да го зголемите метаболизмот на вашето тело и да го исфрлите стресот, доколку редовно јадете портокали.

Сок од моркови

Ако пуштите, тогаш треба да знаете дека никотинот останува во телото три дена. Ако сте пушач, никотинот ја оштетува вашата кожа. Сокот од моркови е добар за кожата, а исто така е богат извор на витамините А, Ц, К и Б кои помагаат во отстранувањето на никотин од телото.

Зелен лиснат зеленчук

Спанаќот е најдобриот зелен лиснат зеленуч кој не е богат само со витамини, туку и со фолна киселина. Ако сте бремени и сте загрижени за остатокот на никотин во вашето тело, јадете спанаќ.

Калинка

Ова црвено и сочно овошје помага за подобра циркулација на крвта и ги зголемува крвните клетки во телото. За да ја намалите потребата за земање никотин, јадете калинки.

Киви

Ова овошје помага во исфрлањето на никотин од телото. Плодот е богат извор на витамин А, Ц и Е. Кога пуштите, тие витамини се намалуваат во телото.

Бобинки

Бобинките во кои спаѓаат и јагодите помагаат во исфрлувањето на никотин и другите штетни токсини од телото.

Вода

Пушењето доведува во дехидратација. Според многу истражувачи, можете да престанете да пушите и да го намалите никотинот во телото со консумирање на поголеми количини на вода.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Охриѓани со јавна поддршка преку транспаренти, Епископот Партениј да биде поставен за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

По повод големиот христијански празник Богојавление, со посебна чест за охриѓани овој пат Крстот ќе биде положен од страна на...

Култура11 часа

БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на...

Хороскоп12 часа

Празничен Хороскоп за недела (19 јануари)

ОВЕН Нови можности се на повидок и шанса за подобрување на вашата финансиска состојба. Иновациите кои ги изнесувате ќе бидат...

Македонија12 часа

Полициски службеник примил поткуп, на странката и ветил побрзо издавање на патна исправа, со тоа сторил кривично дело казниво по чл. 357 од КЗ

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во кординација со Секторот за економски криминал и...

Кичево19 часа

Во Кичево до сега 36 верници пријавени, кои ќе се обидат да го пронајдат Чесниот Крст за утрешниот празник Богојавлениe

До сега 36 пријавени верници утре ќе се обидат да го фатат Крстот што ќе биде положен во градскиот базен...

Македонија22 часа

(ВО ЖИВО) „2S Студио“ по девети пат утре ќе го пренесува големиот празничен спектакл во Охрид по повод „Богојавление Водици 2025“

Се ѐ спремно за најголемиот православен спектакл во Охрид „Богојавление Водици“. Традицинално по девети пат, тимот на Livestream.mk предводен од...

Автомобили22 часа

Новиот Fiat 500 пристигнува наесен, но веќе се појавија два проблеми

Отсуството на „обичниот“ Fiat 500 сериозно влијае на италијанскиот производител. Моделот, чие производство беше прекинато по 17 години, се очекува...

Lifestyle22 часа

Како да ги загреете тестенините и да ги одржувате вкусни, дури и во микробранова печка

Понекогаш се случува да зготвите премногу тестенини за ручек или вечера, па да имате остатоци за следниот ден. Тестенините можат...

Lifestyle22 часа

Три знаци на депресија кај кучињата: Како да го препознаете и помогнете на вашиот миленик

Не само што зимата може да го промени вашето расположение, туку таа може да влијае и на вашето куче. Според...

Lifestyle22 часа

Растенија кои носат среќа во 2025 година

Нова година, нови почетоци! Ако сакате да започнете со позитивна енергија и среќа, едноставен начин да го направите тоа е...

НАЈЧИТАНИ