Следете не

Здравје и убавина

Јаболко е лек за слабеење

Објавено пред

на

Тргнете ги на страна хемиите и конечно направете чекор понапред. Постои природен начин како видно да ја намалите тежината.

Конзумирањето јаболка пред оброк, може да го намали внесувањето на калории за време на оброкот – а износот е значаен.  Имено, според магазинот „Appetite“, конзумирањето на јаболко пред ручек, може да предизвика намалување на внесените калории за најмалку 15%.

Студијата покажаla дека оние кои го задоволиле апетитот со јаболко пред ручекот, проголтале 185 калории помалку за време на ручекот. Доколку се придржувате до оваа здрава навика, месечно тежината ќе ви се намали за 1,5 килограми, а годишно за 20 килограми. Ако конзумирате јаболко и пред вечерата, се очекува резултатот да биде двојно поголем.

Пред да побарате зашеќерена јаболка, да ви напоменеме дека тортите и питите од јаболка не се бројат. Ако не можете да се воздржите, а да не ги пробате пред оброк, за жал, тежината ќе оди во спротивна насока.

Здравје и убавина

Здравје и технологија: Паметните часовници би можеле да ја откријат Паркинсоновата болест во рана фаза

Објавено пред

на

Тим од британскиот Институт за истражување на деменција при Универзитетот во Кардиф користел вештачка интелигенција за да ги анализира податоците од 103.712 корисници на паметни часовници.

Следејќи ја нивната брзина на движење една недела помеѓу 2013 и 2016 година, тие можеа да предвидат кој ќе развие Паркинсонова болест.

Тие се надеваат дека во иднина паметните часовници би можеле да се користат како средство за скрининг, односно еден вид превентивен преглед со цел да се открие болеста во рана фаза.

Но, за да се провери колку се точни овие резултати, неопходно е да се спроведат повеќе испитувања и да се споредат нивните наоди со други податоци собрани ширум светот, изјавија истражувачите за списанието Nature Medicine.

Мозокот на луѓето со Паркинсонова болест станува се повеќе оштетен со текот на годините.

Некои од симптомите се:

  • неволно тресење или треперење
  • забавено движење
  • вкочанети и нефлексибилни мускули

Но, до моментот кога ќе се постави дијагнозата, често има неповратно оштетување на мозочните клетки.

Со оглед на тоа што околу 30 отсто од населението во Велика Британија носи паметни часовници, тие би можеле да бидат евтин и сигурен начин за откривање на Паркинсоновата болест во рана фаза, рече д-р Синтија Сандор, која го предводеше истражувањето.

Тој вели дека докажале дека благодарение на собраните податоци во текот на една недела може да се предвидат настани од следните седум години.

„Со овие резултати, би можеле да развиеме важна алатка за скрининг што ќе помогне во рано откривање на Паркинсоновата болест.

„Ова е од големо значење за истражување, но и за пракса“, вели тој.

Тој објаснува дека на овој начин би можеле да се најдат вистинските кандидати за клинички испитувања, но и да им се овозможи на пациентите во иднина да започнат со лекување во порана фаза на болеста, кога таквите третмани ќе станат достапни.

Во истражувањето е користена деталната база на податоци на британската Биобанка за здравствената состојба на повеќе од половина милион луѓе.

 

Д-р Кетрин Пил, која учествуваше во истражувањето, рече дека се чини дека паметните часовници можат да ја разликуваат Паркинсоновата болест од другите фактори кои влијаат на движењето, како што се возраста или изнемоштеноста.

„Го споредивме нашиот модел со голем број различни нарушувања, вклучително и други видови невродегенеративни нарушувања.

„Ние, исто така, го споредивме нашиот модел со лица со остеоартритис и други нарушувања на движењето“, вели д-р Пил.

Тој додава дека тоа е предност што им се дава со работа со база на податоци како што е Британската Биобанка.

„Резултатите на лицата на кои им беше дијагностицирана Паркинсонова болест беа импресивни“, вели тој.

Тој додава дека „луѓето секогаш ќе можат да изберат“ дали треба да им се каже дека имаат Паркинсонова болест години пред да се појават првите симптоми.

„Се надеваме дека работејќи во оваа област, ќе можеме да дојдеме до нови терапии кои ќе ни овозможат да ја забавиме прогресијата на болеста“, вели Пил.

Извор: BBC

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Газирана вода и митовите за неа..

Објавено пред

на

Многу нешта можат да се слушнат за газираната вода, како тоа била лоша по здравјето или не? Пронајдовме некое истражување каде во прилог се претставени повеќе митови, но ова се вистинитите одговори

МИТ: Меурчињата не не хидрираат

Нејзините меурчиња потекнуваат од јаглерод-диоксид и според зборовите на д-р. Сузан Џаргин од Универзитетот во Јужна Каролина, меурчињата од минералната вода не ја спречуваат хидратација на телото. Дури, едно истражување од истиот универзитет покажало дека после интензивен тренинг, газираната вода ја надополнува изгубената течност на ист начин како и негазираната вода.

МИТ: Лоша е за забите и коските

Јаглеродната киселина, која настанува со растворање на јаглерод-диоксид, може да ја оштети забната глеѓ доколку се внесува во огромни количини. Значи, се додека не испиете цел пакет кисела вода дневно, безбедни сте. Истото важи и за коските.

МИТ: Дебелее

Вистина е дека сите тие меурчиња предизвикаат надуеност, но тоа е привремено и на долгорочно ниво дури и позитивно. Научниците утврдиле дека газираната вода може повеќе да ве засити од обичната вода, особено на празен стомак. Колку повеќе се чувствувате сити, помалку ќе грицкате. Но, избегнувате газирана вода со вкусови и вештачки засладувачи.

МИТ: Предизвикува киселина

Научниците го разоткрија митот дека сета таа шумлива вода предизвикува киселина. Ако сте склони на киселини треба да ја избегнувате храната која ја предизвикува киселината, а не минералната вода. Но, ако веќе страдате од киселина во желудникот, имате чир или слично, меурчињата можат да ја влошат состојбата.

Извор: денар.мк

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Генетиката не е клучна за опаѓање на коса, присутни се и други надворешни влијанија кои се клучен фактор за раст на косата

Објавено пред

на

Новото истражување го смета загадувањето за потенцијален двигател на опаѓање на косата. Тоа што особено е важно го открива потенцијален механизам кој може да објасни како загадувањето на воздухот го предизвикува опаѓањето на косата. Губењето на косата ги погодува две третини од мажите помлади од 35 години. После 50-годишна возраст, речиси 85 проценти од мажите губат значителна количина на коса. Жените, исто така се соочуваат со овој проблем, но во помала мера.

Причините за губење на косата се нејасни. Иако истражувачите веруваат дека гените играат клучна улога, останува значителен број на непознати фактори од околината, кои исто така може да го зголемат ризикот од губење на коса.

Хиук Чул Квон од Future Science Research Centre, од Република Кореја, е главен автор на студијата претставена од тимот на 28-от Конгрес на Европската академија за дерматологија и венерологија (EADV), кој се одржа уште во 2019-та година од 9 до 13 октомври во Мадрид.

Загадувањето го намалува нивото на важни протеини

Нов труд, насловен „Влијанието на честичките на кожните папили кај луѓето“, се осврна на ефектот на таканаречени честички на клетките во дното на фоликулите на косата. Овие клетки се нарекуваат дермални папиларни клетки на човечки фоликули (HFDPC).

– „Честички – загадувачи“ е термин кој опишува мешавина од цврсти честички и ситни капки течности, изработени од разни хемикалии, кои луѓето можат да ги вдишат. Некои од овие честички претставуваат сериозен ризик по здравјето.

Во новото истражување, Квон и неговите колеги се изложени на HFDPC честички од прашина и дизел.

По 24 часа, тимот извршил анализи за да го испита нивото од неколку протеини по изложеноста на честичките. Анализата открила дека изложеноста на загадувачи на воздухот го спуштила нивото на бета-катенинот, протеин клучен за раст на косата.

Покрај тоа, честичките од прашина и дизел го намалуваат нивото на други протеини кои го одредуваат растот и задржувањето на косата. Тие протеини биле циклин Д1, циклин Е и ЦДК2 и колку повеќе биле загадени од истражувачите, толку повеќе нивото на овие протеини се намалувало.

Иако врската помеѓу загадувањето на воздухот и сериозните болести како што се карциномот, хроничното опструктивно белодробно заболување и кардиоваскуларните заболувања е добро утврдена, направени се малку истражувања за ефектот на честичките врз човечката кожа и косата. Нашето истражување го објаснува начинот на дејствување на загадувачите во воздухот врз HFDPC, покажувајќи како најчестите загадувачи на воздухот доведуваат до опаѓање на косата – вели Квон.

/denar.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (27 септември)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Спорт12 часа

Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот...

Автомобили21 час

(ВИДЕО) „BMW XM“ изненади на тестот на еден престижен настан за автомобили

Шпански специјализиран сајт го тестираше BMW XM, првиот независен модел М, но и најтешкиот сериски BMW во продажба од 2.800...

На денешен ден22 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучил мир со српскиот голем префект Стефан Немања, кој се обидел да го заземе градот во два...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (26 септември)

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

Спорт1 ден

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на...

Македонија2 дена

Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за...

Магазин2 дена

Пристигнаа првите информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“? (ФОТО)

Впечатоците по iPhone 15 сè уште не стивнуваат, а веќе ги имаме првите информации за новиот изданок на серијата Google...

Магазин2 дена

Snapchat се обидува да им отежне на тинејџерите да се поврзат со странци

Snapchat додава нови функции кои имаат за цел да ги обесхрабрат тинејџерите да комуницираат со странци на својата апликација. Промените...

Магазин2 дена

YouTube работи на алатки за вештачка интелигенција за да им помогне на креаторите

YouTube има нови AI функции за креаторите. Функциите со вештачка интелигенција што компанијата ги објави на настанот „Made on YouTube“...

НАЈЧИТАНИ