Спорт
ЕХФ со текст за Македонија: Македонците се „луда банда“ која гледа медал
Македонската ракометна репрезентција игра над сите очекувања на Европското првенство во Хрватска. Го освои првото место во Групата Ц во конкуренција на Европскиот првак Германија, бронзената репрезентација од последниот Мундијал, Словенија и селекцијата на Црна Гора.
Овие одлични игри беа повод за одличен текст на официјалната интернет страница на ЕП.
„Лудата банда има едно око на медал“, стои во насловот на текстот. Авторот на текстов вели дека Македонија сигурно има искуство и квалитет за големи дострели, бидејќи во составот игра ракометари како Борко Ристовски, Дејан Манасков и Кирил Лазаров.
Најголемиот успех на Македонија е петтото место на Европското првенство во Србија, но во ЕХФ сметаат дека нашиот национален тим оваа година може многу повеќе, најмногу поради селекторот Раул Гонзалес, кој изминатата сезона го предводеше Вардар до титулата во Лига на шампиони.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА
Спорт
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
Денеска во Цирих, Швајцарија се одржа ждребот за квалификациите за пласман на СП, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во периодот од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Нашата најдобра репрезентација се наоѓаше во третиот шешир и на денешното извлекување за ривали ги доби селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, во рамките на групата Ј.
Квалификациите за пласман на СП 2026 ги стартуваме во март, информираа од Фудбалската федерација на Македонија
🎙️ Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
💬 “Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.
Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман”.
Благоја Милевски: За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварувањe
Спорт
Две македонски судијки добија ФИФА знак, додека македонската „А“ футсал репрезентација ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора
Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија. Две наши судијки официјално го добија знакот на ФИФА со кој им е овозможено да делат правда на меѓународни натпревари. Тамара Цветановиќ официјално стана ФИФА помошен судија, а Моника Даштевска стана футсал судија.
Футсал А репрезентација на Македонија кон средината на декември ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Првиот од двата квалификациски мечеви го играме на гостински терен портив силната Холандија. Дуелот ќе биде одигран на 13. декември, во Алмере, со почеток од 19.30. Во вториот квалификациски меч, на домашен терен ја пречекуваме Андора. Натпреварот против Андора ќе се одигра на 18. декември со почеток во 19. часот, во спортската сала „Јане Сандански”.
Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификациски мечеви со Холандија и Андора се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Антонио Петровски
Иван Стојановски
Никола Спасовски
Зоран Левски
Таулант Исмаили
Даниел Марињо Де Соуза
Марио Благојевски
Садат Зибери
Драган Петровиќ
Игор Леовски
Димитар Јанев
Јакуп Рамадани
Иван Крстевски
Даниел Марихио Де Соуза
Извор: ФФМ
Спорт
Познати 1/4 финалните парови за Купот на Македонија во фудбал, додека Комисијата за натпревари изрече службена победа за гостинска екипа
Денеска на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија. Осум екипи ќе се борат за трофејот кој минатата сезона го освои Тиквеш од Кавадарци.
1/4 финале, Куп на Македонија:
СТРУГА Трим Љум – ГОСТИВАР
ДЕТОНИТ Плачковица – ШКЕНДИЈА
БРЕРА Академија Пандев – АРЕСИМИ
ВАРДАР – СИЛЕКС
Натпреварите се играат на 26. февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот.
Што се однесува до комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), службено со 0:3 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје од 15. коло во Втора МФЛ.
Мечот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1. Исто така, комисијата донесе одлука за суспензија натеренот на ФК Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување на натпревари. Одлуката е во сила се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.
Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи.
Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на ФК Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот ФК Башкими – ФК Брегалница од 15. коло во Втора МФЛ.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за петок (13 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (12 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег
-
Магазин1 ден
Не секој iPhone е ист: Како да дознаете од каде доаѓа вашиот уред
-
Спорт10 часа
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
-
Магазин1 ден
iOS 18.2: Вештачката интелигенција го прави iPhone попаметен
-
Магазин1 ден
Threads тестира напредни функции за пребарување
-
Технологија1 час
(ВИДЕО) Што може најмоќната „Google AI“ – „Gemini 2.0“ ?