Следете не

Спорт

ЕП2018: Можеме ли против Шпанија?! Следете не во живо МАКЕДОНИЈА vs Шпанија 20:20ч

Објавено пред

на

Нашата репрезентација денес игра против светската веле сила Шпанија на Европското првенство во ракомет кое се одвива во Хрватска.

Следете го овој меч во живо на нашата фејсбук страница и уживајте каде и да сте во движење!

НАПРЕД НАШИ!

МАКЕДОНИЈААА!

Спорт

Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Објавено пред

на

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации, од денес (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.

Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава).

На следниот линк ТУКА може да купите билети за натпреварот Бугарија – Македонија:

Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.

Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации, додаваат од ФФМ во интегралниот текст за медиуми.

Прочитај повеќе...

Спорт

Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Објавено пред

на

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.

На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

– Поради повреда на стопалото, капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.

– Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Не чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири.

– Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици.

– Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024.

Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока.

Прочитај повеќе...

Спорт

Судиска анализа од бараж натпреварите одиграни во неделата

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од бараж натпреварите за ПРВА МФЛ 22/23 година и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Скопје – ФК Беласица, одигран на 22.05.2022 година, анализирани се ситуациите 39, 45+2 и 56 минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

39. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на Беласица, играч од нападот на Скопје беше во посед на топката, на него стартуваше играч од одбраната на Беласица и дојде до минимален контакт во пределот на ногата. Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација  имаше одлична комуникација помеѓу главниот судија и вториот помошен судија

40+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на Беласица и странично од голот, играч од нападот на Скопје ја имаше во посед топката и шутна кон голот, пред него имаше играч од одбраната на Беласица со рацете споени до тело и топката го удри играчот во раката која беше до телото. Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, немаше елементи за да се додуди удар од 11 метри, бидејки раката беше споена до телото во моментот кога го удри топката.

56. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА  ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч на Скопје беше во напад, додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на Беласица и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија голот да не го признае и да досуди офсајд позиција, бидејки при примање на топката играчот на Скопје се наоѓаше пред претпоследниот играч од одбраната на Беласица.

На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Воска одигран на 22.05.04.2022 година, немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.

Како судиска комисија сакаме да им честитаме за одличната арбитража на судиските тимови од бараж натпреварите.

Исто така, честитки и до цела судиска четворка за одличното судење на финалето на Купот на Македонија помеѓу ФК Македонија – ФК Силекс кој се одигра на 20.05.2022 година.

Што се однесува до репрезентативните натпревари, нашата репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни меча на гостински терен против селекцијата на Австрија.

Првиот контролен натпревар е закажан на 25. мај со почеток од 18. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка со почеток од 11. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 17 години, Тони Јакимовски, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Петар Јакимов (Работнички), Диел Доко (Њу Старс), Андреј Аризанкоски (Победа), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Даниел Марковски (Вардар), Давид Даилоски (Нец Нијемиген, Холандија), Абиола Бамијоко (ППЈ, Финска), Хадис Таири (Велешта), Касим Јакупи (Вил, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓорѓиевски (Академија Пандев), Ѓорги Дошев (Вардар), Дестан Адили (Работнички), Зани Назифи (Шкендија), Лорик Мухтари (Хамбург, Германија), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички), Никола Стојков (Работнички), Никола Величковски (Вардар), Фикрет Ливарека (Скопје);

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2....

Спорт7 часа

Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание...

Кичево9 часа

Урбана викенд програма во Република 96250

Петок (27.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од локалниот DJ PUNISHER, почеток во 21:00h (Second floor). Забавата...

Магазин10 часа

DuckDuckGo, прелистувач наводно фокусиран на приватноста на корисниците, фатен во лага: Сè уште има следење

Ова е дел од договорот меѓу двете компании, кој е поврзан со пребарување на Интернет и собирање лични податоци Прелистувачот...

Автомобили10 часа

Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин

Пресметките што ги спроведува ADAC се базираат на просечен период на одржување од пет години, со годишна километража од 15.000...

Свет10 часа

Twitter казнет 150 милиони долари поради лажење и продажба на приватни податоци на корисниците

Американската Федерална трговска комисија го казни Twitter со 150 милиони долари затоа што на огласувачите им обезбедил кориснички информации, вклучително...

Магазин10 часа

Netflix ги проширува своите функции

Netflix воведува дополнителни функции за пристапност за целата своја глобална публика. Прилагодување Netflix ќе ги прошири своите функции за пристапност...

Магазин10 часа

Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7

Wi-Fi 6 и 6e сè уште изгледаат како многу нови и сè уште сеприсутни стандарди, а Wi-Fi 7 е речиси...

Култура10 часа

Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар. Празнувањето традиционално започнува најпрво...

Магазин10 часа

Како да спречите апликацијата iOS Photo да го прикажува она што не сакате да го запомните

Замислете го ова: имате убав ден, времето е одлично, уживавте во брилијантен појадок… и одеднаш вашиот iPhone покажува спомен –...

НАЈЧИТАНИ