Следете не

Без категорија

Ма каков судија, МЕЧКАТА е главна: Мечот започнува тогаш кога мечката ќе даде знак! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Смешна фотографија од мечка која дава знак за почеток на натпревар, наместо судијата, го обиколи светот.

А, доколку се прашувате кој се сети за ваква идеја на фудбалски натпревар – тоа го направија Русите!

Мечката е симбол на Машук, руски третолигаш. Таа беше главна атракција на мечот помеѓу Машук и Ангушт.

Мечката не му помогна на домаќинот, бидејќи гостите од Назранн победија 3-0.

На табелата на третата јужна лига, Ангуст е сега на 13-то, а Машук на 12 место.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден7 часа

25 февруари – На денешен ден

1570.- Папата Пиј ја екскомуницира англиската кралица Елизабета I поради нејзината поддршка на протестантизмот и на Англиканската црква. 1723.- Умре...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (25 февруари)

Овен  Оние Овни кои се родители целосно ќе се посветат на своето семејство особено на потомството. Кон своите деца ќе...

Спорт16 часа

(ГАЛЕРИЈА) „ФК Кичево“ со успешен почеток на пролетниот дел од детската фудбалска лига

Генерациите на „ФК Кичево“ денес ги одиграа натпреварите во своите категории. Во генерацијата 2011 година „ФК Кичево“ оствари победа против...

Магазин18 часа

Apple доминира – iPhone зазема седум места на листата на 10 најпродавани телефони

Седум од десетте најпродавани модели на телефони во 2023 година беа различни модели на iPhone, што ја прошири доминацијата на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (24 февруари)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате дека ќе бидете многу успешни и дека финансиите ќе одат...

Спорт1 ден

Изов даде своја анализа за Грузија, предводникот на женската фудбалска репрезентација очекува да се покажеме во добро светло

Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија. Контролните натпревари ќе бидат одиграни...

Театар1 ден

За својот роденден „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево со нивната најнова урнебесна комедија, во среда од 19ч сите патишта водат кон НУЦК „Кочо Рацин“, бидете таму!

Овој месец популарните тв ликови од „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во нашиот град ќе...

Занимливости1 ден

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот...

Технологија2 дена

Директорот на „Интел“ со отворена понуда за меѓусебна соработка на „AMD“ и „nVIDIA“

Во технолошкиот свет, големите компании се како „маче“ и „куче“ во светот на животните – не се сакаат и не...

Кичево2 дена

Телефони во раце за Владо од Кичево да продолжи со лекување, ајде народе да се обединиме, поголемиот дел на финансиите се собрани!

Почитувани добри и хумани луѓе, наши сограѓани, познаници, пријатели и добронамерници, изминува еден месец каде нашиот сограѓанин од Кичево Владо...

НАЈЧИТАНИ