Без категорија
Мени од 100.000 фунти – еве што се јадеше на првиот оброк на Титаник

Менито за првиот оброк сервиран на славниот Титаник беше продадено на аукциско наддавање за 100.000 фунти, пренесува ВВС.
Станува збор за мени за ручек сервиран на офицерите првиот ден од морското тестирање на 2 април, 1912 година. Менито му припаѓало на вториот офицер Чарлс Лајтолер, најистакнат член на екипажот кој ја преживеа несреќата, а истото тој го подарил на неговата сопруга кога го напуштил Саутемптон на 10 април, 1912 година.
Менито е продадено на британски колекционер на наддавање кое се одржа во саботата во Витшир.
Клуч од кабината со карти на Титаник беше продаден на колекционер од Тексас за 78.000 фунти, додека беџ од удавен морнар се продаде за 57.000 фунти. Истиот му припаѓал на Томас Мулен и бил пронајден заедно со неговото тело.
Офицерите уживале во првото јадење на Титаник за време на првиот ден од тестирањето на море на 2 април. Јадењето им било сервирано во главната менза.
Се верува дека постои само уште еден примерок од менито кое датира од 2 април, 1912 година, кој му припаѓал на петтиот офицер Харолд Лови. Тоа мени беше продадено на аукција во 2004 година за 28.000 фунти.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
Без категорија
(ВИДЕО) Di María ја зепачати резултатската предност од 2 гола за Аргентина по првите 45 минути. Франција ја чека пеколно полувреме..

Фудбалерите на Аргентина и Франција играат во финалето на Светското првенство во Катар. Поведоа „гаучосите“ со голот на Лионел Меси од пенал, а потоа беше забележана неверојатна контра која ја заврши Анхел Ди Марија за 2:0.
По десната страна, Мекалистер истрча, ја префрли топката на спротивниот крај, а од левата страна Ди Марија излезе пред Лорис и лесно ја реши оваа ситуација, по што стрелецот не ја криеше среќата во солзи.
По првите 45-минути, Аргентина е на чекор до шампионскиот трофеј.
Головите:
AT FIRST MESSI SCORES THE GOAL FROM THE SPOT.
AND THEM DI MARIA SCORES ONE OF THE BEST GOAL OF THIS #FIFAWorldCup #ArgentinaVsFrance #Messi𓃵 #Messi pic.twitter.com/bB0duzpr0a— ᴇɪɴꜱᴛᴇɪɴ (@EinsteinG_) December 18, 2022
Messi & Ángel Di María
Argentina goal! 🔥🇦🇷 pic.twitter.com/65cN88ndzn— Ramazan Küsken (@ramazankusken) December 18, 2022
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 јуни)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (5 јуни)
-
Временска прогноза24 часа
Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци
-
Кичево5 часа
Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо
-
Здравје и убавина20 часа
Газирана вода и митовите за неа..
-
Гејминг8 часа
Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година
-
Магазин8 часа
Microsoft отстранува важна функција од Windows
-
Магазин8 часа
Во веб-продавницата на Chrome откриени се сомнителни екстензии преземени од 75 милиони корисници