Следете не

Живот и стил

Овој трик ќе ви помогне против несоница

Avatar

Објавено пред

на

Топла бања пред спиење може да ви помогне да спиете подобро, особено ако внимавате на иста температурата на водата.

Според нивни резултати од универзитетско истражување, капењето на час или два пред спиење (идеално 90 минути) во вода чија температура е помеѓу 40 и 43 Целзиусови степени им помага на луѓето да спијат подобро.

Особено, капењето во овој период и со вода на наведената температура може да ви помогне да заспиете во просек 10 минути побрзо од вообичаеното.

Медицинските истражувања веќе открија дека сонот и температурата на телото се регулирани со нашиот внатрешен часовник, или циркадскиот ритам.

Температурата на нашето тело за време на спиењето е најниска. На спиење, просечното лице доживува пад на телесната температура од 0,3 до 0,6 степени, а додека се подготвуваме за будење, температурата почнува да расте.

Иако може да изгледа контрапродуктивно, топла бања го стимулира терморегулаторниот систем на организмот и ја стимулира циркулацијата на крвта, што помага да се намали телесната температура.

Основната идеја за топла бања пред спиење е дека температурата на телото, кога се крева, мора да падне, и на овој начин го имитираме природниот пад.

Експертите исто така забележуваат дека самото капење има различен ефект врз телото отколку туширањето. Капењето влијае побрзо на температурата на телото бидејќи е стимул што го опкружува целото тело. Додека легнуваме во бањата, нашето тело се релаксира на поинаков начин.

Луѓето кои се бањаат наутро и имаат проблеми со спиењето, треба да пробаат вечерна бања.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Avatar

Објавено пред

на

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не можат да ти го дадат она  кон што се стремиш во своето срце. Колку повеќе очекуваш од одговорот на луѓето на твоето чувство на напуштеност, толку повеќе ќе чувствуваш дека си изложена на потсмев.

Треба да се изолираш од очекувањата од надворешниот свет, за да можеш да го побараш Бога преку твојата болка. Бог ќе ти испрати луѓе со кои ќе можеш да ја споделиш својата болка, кои ќе можат да те доведат поблиску до вистинскиот извор на љубовта.

Бог е доследен на своите ветувања. Ако го Бараш Бога ќе ги најдеш прифаќањето и љубовта за кои копнееш. Тоа нема да се случи на начин на кој се надеваш. Тоа нема да ги следи твоите потреби и желби.

Но тоа ќе го исполни твоето срце и ќе ја задоволи твојата најдлабока желба. Нема ништо на што би може да се повикаш освен на ова ветување. Се друго ти е одземено.

Држи се цврсто  до ова јасно ветување. Твојата вера ќе те излекува.

Бог ќе те излекува. 👏

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Пет начини на кои можете вашето утринско кафе да го направите како здрава опција.

Avatar

Објавено пред

на

Често се води полемика и се поставува прашањето дали кафето е воопшто здраво. Доколку се придржувате кон одредени правила, таа ќе се смета за здрава опција. Ви откриваме пет начини на кои можете вашето утринско кафе да го направите како здрава опција.

  • Сами подготвувајте го кафето
  • Користете филтрирана вода
  • Купувајте органско кафе
  • Консумирајте го без шеќер и млеко

Сепак кафето претставува ритуал. Доколку го пиете на брзина, ќе внесете премногу кофеин што негативно ќе влијае на нервниот систем. Затоа станете наутро порано и полека уживајте во првото утринско кафе.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Верувале или не, овие хороскопски знаци мислат на сек* 24 часа

Avatar

Објавено пред

на

Нивните сексуални потреби и задоволства им се на прво место, без да мислат на обврските кои ги имаат.

Овие 3 хороскопски знаци по цел ден можат да фантазираат за секс и веројатно го прават тоа секојдневно:

Овен

Човек без срам. Кога сака секс, само тивко се прикрадува и додека се освестите, неговата рака веќе е под вашето здолниште. Овенот нема проблем да го побара тоа што го сака, односно без ниту еден збор ќе ви даде до знаење дека сте му неопходни сега и тука. Нема врска ако околу вас има еден куп луѓе или моментот не е најсоодветен. Неговите еротски импулси се посилни од било што. Предиграта не го интересира, туку акцијата. Што побрзо, тоа подобро е неговото мото. Ако мора да апстинира повеќе од 48 часа, сметајте го Овенот за мртов човек. За него понекогаш квантитетот е поважен од квалитетот.

Близнаци

Близнаците со самиот стил на облекување повикуваат на секс. Нивното одење и појавување е незаборавно. Би го одвлекла и најнепривлечниот партнер во собата само за да му ги покаже своите знаења. Сака да се движи во различни друштва, со различни типови на луѓе, затоа не се чудете ако им се пушти на сите мажи кои ги познавате. На Близнаците не им се страни и фантазиите за повеќе мажи или жени истовремено, бидејќи потајно сакаат секс во група.

Скорпија

Свесна е што поседува и не се плаши тоа да го покаже. За Скорпијата сексот е лов – прво ја мами жртвата дека е незаинтересирана, а веќе во следниот момент ја довлекла до таму каде што сакала. Сака костими, играчки и помагала, па лесно ќе ве натера да бидете нејзин роб. Често не може да се воздржи од секс, па затоа го има испробано и на најчудните места. Колку поголеми се шансите некој да ја види во акција, толку поголемо е уживањето. Скорпиите веруваат во воајерство затоа што секогаш сакаат да гледаат и да учат нешто ново.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Живот и стилПред 8 часа

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не...

МакедонијаПред 10 часа

Денес ќе биде сончево и ветровито, додека викендов ниски утрински температури, преку денот дожд

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има...

ХороскопПред 12 часа

Дневен Хороскоп (02.04) четврток

ОВЕН Можни се успеси на деловно поле, особено ако планирате некој нов проект. Наскоро ќе повлечете важен потег и ќе...

КичевоПред 14 часа

(ГАЛЕРИЈА) Априлска снежна идила во Кичево, пред полициски час #ОстаниДома

Најавениот снег пристигна и сеуште активно врне во Кичево. Еве една мини-галерија пред „Полициски час“ © Порта.мк Преземањето на авторски...

Здравје и убавинаПред 16 часа

Ноќни грчеви на нозете? Еве што да направите

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека...

МакедонијаПред 23 часа

Последен биланс: Потврдени нови 44 заболени, вкупно 329 лица позитивни на коронавирус – починаа 9 лица

Во деноноќието меѓу 30 и 31 март се потврдени 44 нови случаи на инфицирани со коронавирусот, со што бројот на...

МакедонијаПред 1 ден

Од 06:00ч за превој Стража се воведува забрана за тешки товарни возила

Од 06:00ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. /АМСМ © Порта.мк Преземањето на...

Живот и стилПред 1 ден

Пет начини на кои можете вашето утринско кафе да го направите како здрава опција.

Често се води полемика и се поставува прашањето дали кафето е воопшто здраво. Доколку се придржувате кон одредени правила, таа...

Временска прогнозаПред 1 ден

Најавената прогноза за снег се оствари, прво-априлскиот снег пристига во западниот дел

Моментално се бележи најавениот прво-априлски снег во нашиот регион. На превој Стража и Пресека од извори на терен кои имаат...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес ( 1-ви Април)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

НАЈЧИТАНИ