Следете не

Занимливости

Банкноти од 500 евра затнаа тоалетна школка во Женева

Објавено пред

на

Повеќе десетици илјади евра, во апоени од по 500, се најдени заглавени во тоалетна школка во банка во швајцарскиот град Женева, што беше причина локалните власти да започнат истрага.

Како што наведува Би-Би-Си, илјадниците франци се наводно потрошени на водоинсталациски поправки.

Уништувањето банкноти не се смета за прекршок во Швајцарија, но локалните обвинители потврдија дека ги испитуваат околностите – како дошло до тоа.

Занимливости

Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Објавено пред

на

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.

Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.

Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Објавено пред

на

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.

Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.

Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.

Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.

Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.

Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.

Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.

Извор: ArsTechnica

Прочитај повеќе...

Занимливости

Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Објавено пред

на

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.

Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.

Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.

Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.

Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.

/денар.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

Во Кичево вчера санкционирани рекорден број на возачи кои возеле пребрзо

На 04.06.2023 во периодот од 15 до 21 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при...

Автомобили6 часа

Возите Bugatti и почна да врне? Нема проблем (ВИДЕО)

Bugatti Mistral е супер скап родстер базиран на Chiron, последниот од благородната лоза W16. Кога е сончево, уживањето во возење...

Магазин6 часа

Amazon казнет со 30 милиони долари поради загрозување на приватноста на корисниците, вклучувајќи ги и децата

Американската Федерална трговска комисија (FTC) го казни Amazon со 30,8 милиони долари за серија пропусти кои ја загрозија безбедноста и...

www.androidpolice.com www.androidpolice.com
Магазин6 часа

Во веб-продавницата на Chrome откриени се сомнителни екстензии преземени од 75 милиони корисници

Google отстрани 32 додатоци од веб-продавницата на Chrome кои можат да ги менуваат резултатите од пребарувањето и да прикажуваат несакани...

Магазин6 часа

Microsoft отстранува важна функција од Windows

Ако сè уште го користите дигиталниот асистент на Microsoft Cortana како апликација за Windows, има лоши вести. Microsoft објави дека...

Гејминг6 часа

Take-Two ја најавува GTA VI за 2024 година

Може да се краде автомобили и да се трка во Grand Theft Auto VI некаде следната година. Take-Two ги сподели...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за понеделник (5 јуни)

ОВЕН Доколку имате некаков проблем со постара или помлада личност од деловното опкружување, обидете се да го решите уште денес...

Здравје и убавина19 часа

Газирана вода и митовите за неа..

Многу нешта можат да се слушнат за газираната вода, како тоа била лоша по здравјето или не? Пронајдовме некое истражување...

Временска прогноза22 часа

Временските непогоди силно вчера го зафатија регионот кај Прилеп и Кавадарци

Како што беше објавено од нашиот метеоролог во текот на вчерашното попладне СИЛНО невреме го зафати Прилеп, како и Кавадарци, проследено сао...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (4 јуни)

ОВЕН Овен, денот на вашиот партнер не оди баш најдобро, а вие ќе мора да бидете тука и да го...

НАЈЧИТАНИ