Временска прогноза
Спремете се за пеколни горештини, но пред тоа нестабилност и дожд
Во следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на Африкански бран кој ќе условува многу високи температури на воздухот како и екстремно висок УВ индекс кој ќе има коефициент некаде од 10 до 11, информира Метеомакс.
Температурите на воздухот полека но сигурно се се` поблиску до 40°C па така во следните денови истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 27 до 34- 35 степени.
Според моменталните анализи уште потопло би било некаде кон 10 јуни кога во најтоплите региони температурите на воздухот би се искачувале некаде до околу 37- 38 степени.
Сепак и покрај најавениот африкански бран треба да се напомене дека во следните денови во попладневните часови и навечер ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и локална појава на невреме со град.
Временска прогноза
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.
Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Предвреме летни температури, ова се најновите детали

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа од утре па во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град.
Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашата држава остануваат МНОГУ ВИСОКИ и натпросечни за овој период од годината.
Мал пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран со „вонреден интензитет“ ќе донесе правливо небо, зголемен ризик од шумски пожари и топли услови кои се почести во средината на летото отколку во средината на мај.
Шпанската влада започна национален план за екстремни температури, откако метеоролошката агенција Аемет предупреди дека овој мај во Шпанија ќе биде еден од најтоплите во изминатите неколку години, објави „Гардијан“.
Аемет додаде дека воздушната маса на топол и сув воздух пристигнува од Африка, а со себе носи прашина од Сахара и „исклучително високи“ дневни температури, кои се за 10 до 15 степени над сезонскиот просек.
„Најновите податоци од метеоролошките модели го потврдуваат силниот интензитет на овој топлотен бран“, изјави портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо.
Тој додаде дека за Шпанија ова може да биде најинтензивниот топлотен бран во мај во последните 20 години.
Најтопло ќе бидат петок и сабота, а потоа во недела ќе има голем пад на температурата.
Метеорологот соопшти дека температурите во Андалузиската долина денеска би можеле да надминат 40, а утре 42 степени.
„Дури и топлотниот бран да се смири некаде, во североисточната долина Ебро повторно би можеле да се измерат температури од 40 или повеќе степени. Тоа е нешто што не е забележано во овој период“, додаде Дел Кампо.
Шпанија ја забележа најтоплата температура досега во август, кога живата во термометарот во градот Монторо во Андалузија достигна 47,4 степени.
Дел Кампо ги предупреди граѓаните на „екстремен ризик“ од шумски пожари во јужните, централните и североисточните области и рече дека очекуваат нов облак од прашина.
„Се соочуваме со екстремна епизода и ризикот од високи температури ќе биде изразен во многу области“, рече Дел Кампо.
/rtv.rs/
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (23 мај)
-
Хороскоп11 часа
Денешен Хороскоп (24 мај) – вторник
-
Lifestyle23 часа
Колку се заработува во Германија? Список на плати за 100 занимања
-
Македонија19 часа
Од ноќеска ново поскапување на бензините!
-
Македонија2 дена
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница
-
Lifestyle14 часа
Претставници од „Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа“ учествуваа на хуманитарен турнир во „Бељот“ и се закитија со високото второ, односно трето место
-
Свет22 часа
СЗО: Светот се соочува со големи предизвици – се шири епидемија на мајмунски сипаници
-
Магазин23 часа
Комплетна листа на уреди што добиваат Android 13