Следете не

Балкан

Почина популарниот српски пејач Синан Сакиќ

Објавено пред

на

Еден од најпознатите пејачи на српска народна музика Синан Сакиќ почина на 63-годишна возраст. Тој бил примен во болница на 27 април, а по бројните испитувања лекарите констатирале дека му е потребна трансплантација на црниот дроб. Синан бил пренесен во приватна клиника, но ја загуби битката со тешката болест.

Минатата година на Синан му бил вграден стент на жолчниот канал, но лекарите од Италија, Турција, Србија, БиХ и Хрватска по редовните прегледи утврдиле дека тоа не е трајно решение и дека му е потребна трансплантација.

Синан Сакиќ има објавено 30 албуми, а зад себе ги остави сопругата Сабина и двата синови Ален и Радиша.

Балкан

Поради снежно невреме хаос на Балканот, кај нас топло, ова се деталите..

Објавено пред

на

Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови, во текот на оваа седмица во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 25 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на високите планини а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите и понатам у ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во најтоплите југоисточни предели температурите се очекува да се искачат до околу 19 степени.

Во Скопје и околината во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

Нешто пониски температури кај нас, но сепак и понатаму релативно високи ќе имаме од средината на оваа седмица.

НАПОМЕНА: Овие денови над нашата територија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена а дождот кој се очекува ќе биде помешан со истата.

Инаку регионот, посебно Хрватска и делови од Далмација се под влијание на СИЛНО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ. Снежната покривка во делови од Лика достигнува дури до околу еден метар. Има и една човечка жртва поради невремето.

Автор: Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Како Маршал Тито ја дочекал последната Нова година од неговиот живот, 1980-та година

Објавено пред

на

YouTube printscreen

Неприкосновениот владетел на некогашна СФРЈ Јосип Броз Тито бил човек кој уживал во луксуз. Доказ за таквите тврдења е и снимката од дочекот на новата 1980 година. Иако тогаш бил болен и стар, Тито сепак се појавил на дочекот кој бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“.

Дека Тито тогаш бил болен и немоќен, докажува и снимката од прославата, на која не станувал од столот. Неговите пријатели му честитале среќна нова година и му посакале се најдобро.

Погледнете како му ја честитале 1980 година во која Тито го напуштил овој свет.

 

Прочитај повеќе...

Балкан

Силен земјотрес предмалку ја стресе Босна и Херцеговина, ова се последните информации

Објавено пред

на

©EMSC

Предмалку силен земјотрес стресе во Босна и Херцеговина. Имено од информациите на ЕМСЦ истиот е регистриран со магнитута 4,4, лоциран 38 километри од Мостар во близина на Студенци.

Читателите известуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Сараево, Зеница, Јабланица и Мостар, така што за сега нема информации за евентуални штети, инаку земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора и Хрватска.

Повеќе информации наскоро…

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден9 часа

На денешен ден – 22 март

1312 – Папата Климент V го укина францускиот монашки ред на витези Темплари, основан во Палестина во 1118 година за...

Временска прогноза10 часа

Од денес повторно се враќа периодот на суво и стабилно време со пролетни температури…

Од денес па натаму повторно продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време со пролетни температури кој насекаде ќе...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за среда (22 март)

Овен Искористете го денот за обновување на старите пријателства. Ќе ви биде мило да излезете од градот. Партнерот е малку...

Кичево16 часа

(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта

Во денешната акција дел од учениците од ООУ Др „Владимир Полежиноски“ од Кичево фрлаа цветни бомби низ градот и ги...

Скопје18 часа

(ВИДЕО+ФОТО) Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата...

Кичево19 часа

Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани. Од извори...

Спорт23 часа

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на...

Lifestyle23 часа

Доаѓа пеколот, подгответе се: Научниците објавија водич за преживување на климатска катастрофа

Владите претходно се согласија да работат заедно за да се избегне пораст на глобалните температури од 1,5 Целзиусови степени. Но,...

Магазин23 часа

Apple подготвува уред со флексибилен екран – ќе има иновативна технологија

Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка во областа на уреди со флексибилен екран, а новиот...

Видео23 часа

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! (ВИДЕО)

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! Можете ли да откриете како девојката завршила на столот? Видеото собра повеќе...

НАЈЧИТАНИ