Култура
Нашиот млад гајдаџија Петар Ангелески сними спот за неговото прво авторско оро „Македонска селска гајда“

“Македонска селска гајда” е насловот на првото оро на младиот гајдаџија Петар Ангелевски за кое наскоро ќе промовира и видео.
“Орото е мое авторско дело, додека за аранжманот се погрижи познатиот хармоникаш и наш сограѓанин Златко Миладиноски.
Видеото се снимаше на повеќе локации во демирхисарскиот крај”, откри Ангелевски, кој очекува орото да биде топло прифатено од гледачите и оние што ќе го слушнат..
Инаку, 22-годишниот музичар, родум од демирхисарското дело Стругово, ја негува гајдата од 14-годишна возраст. Покрај овој традиционален дувачки инструмент, Петар изучува и зурла и кларинет. Тој веќе долги години е играорец и член на КУД “Илинден” – Битола и имал можност да се запознае со повеќе дувачки инструменти, но вели дека од сите нив најмногу ја засакал гајдата.
“Јас сум играорец веќе 10 години, но исто така сакам и да свирам, а гајдата е инструментот во кој најмногу се пронајдов”, откри Ангелевски кој е студент на Музичката академија во Штип, на Катедрата за етнокореологија, отсек за народни инструменти, народно пеење и играње.
Младиот гајдаџија откри дека пред извесно време си набавил и зурла, која ја изучува во моментов, а има и кларинет.
“Во моментов се учам да свирам на зурлата која ја купив од Љубен Јуртоски од Прилеп, кој е добар мајстор и од кого ја купив и гајдата. Пред неколку месеци зедов и кларинет, па се трудам некако да ги совладам тие дувачки инструменти”.
Со оглед на тоа што гајдата е еден од најбараните македонски традиционални дувачки инструменти, Петар додава дека е доста баран на семејни веселби и свадби насекаде низ Македонија, воедно и така завршува блиц интервјуто екслузивно за нашиот портал.
Неговиот спот можете да го погледнете подолу:
Култура
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј.
Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија.
Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во заштита на православието против аријанството и против несторијанството.
Вечно име и за многу години да е утрешниот ден и празник, кој во некои наши места со софра и музика.
Култура
Доаѓа празникот св.Атанасиј – познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Култура
Денес се „Женски Водици“, именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.
Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.
Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.
„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !
Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.
На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…
За многу години!
Бог се јави!
Навистина се јави!
Бонус видео, Водици 2023 – Кичево:
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Кичево5 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Занимливости22 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет3 часа
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје