Без категорија
Денес е Петок 13-ти, ова се фактите и верувањата за овој ден
Според нумеролозите бројот 13 „страда” поради неговата позиција после 12.
Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите тарот 13-та е картата на смртта.
Секоја година имаме најмалку еден петок 13, а најмногу три. Верувањето дека ова е бакзузен ден е релативно нововековен изум на човечките негрижи кој датира уште од почетокот на 20 век. Сепак постојат и неколку претпоставки и теории како дошло до тоа петок 13 да се смета за најлош ден.
Почетоците на верувањата во овој датум се поврзуваат за биографијата на италијанскиот композитор Џоакин Росини, кој починал на петок 13. Податоците покажуваат дека суеверието не било популаризирано се додека Ден Браун во книгата „Кодот на Да Винчи“ не пишува за темпларите кои се погубени на петок 13 во Франција. На петок 13 октомври, 1307 година, францускиот крал Филип четври наредил апсење на Жак де Молај, последниот голем мајстор на Витезите темплари. Уапсени се над илјада француски темплари. Повеќето се убиени, а Молај е запален во 1314 година…Поради тоа постои верување дека овој акт има потекло на верување во несреќа која ја донесува петок 13.
Во христијанската традиција овој број се поврзува за 13-от гостин на Тајната вечера и тоа дека Исус е распнат на крст во петок, а тука е и суеверието дека тој 13 гостин на вечерата го издал Исус. Во нумерологијата бројот 13 се смета за целосен и ги рефлектира месеците во годината, бројот на часови во саатот, 12 поени на Олимп, 12 Исусови апостоли и 12 хороскопски знаци, додека 13 како следен во низата се смета за баксузен и ја пореметува концепцијата на совршениот број 12.
Празноверието во врска со бројот 13 е распространето и денес-во некои хотели не постои соба со тој број, многу високи згради немаат 13-ти кат туку скокаат од 12 директно на 14 а во некои авиокомпании решиле да ги исфрлат плочките со несреќниот број од редот на седиштето.
Колку бројот 13 се смета за баксузен говори и фактот дека многу светски аеродроми немаат писти, излези, ниту седишта во авионот под тој број. Во многу болници често не постои соба со број 13, а во Фиренца куќите кои се наоѓаат помеѓу броевите 12 и 14 се означени со бројот 12.
Во холандскиот град Утрехт, на железничката станица, не постои перон со бројот 13, како ни автомобил со тој број во Формила 1. Отстранет е бидејќи двајца возачи на со тој број загинале во несреќа. Повеќе од 80 отсто од светските облакодери немаат 13 кат, додека во некои земји како што се Америка и Канада, катот е означен како 12а.
Се проценува дека светската економија секој петок тринаесетти губи повеќе од 900 милиони долари поради тоа што луѓето тој ден ги избегнуваат своите вообичаени активности.
Доколку сте суеверни, внимавајте денес и трудете се да не размислувате црно. Никогаш не се знае, можеби токму овој ден ќе ви биде успешен среќен.
Без категорија
Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)
Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.
Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.
YouTube will now block users from watching videos after they watch 3 videos with their ad blocker enabled. pic.twitter.com/beXsoecju2
— Information Worldwide (@InfoEarthwide) July 1, 2023
Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.
Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?
Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!
Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
-
Кичево2 дена
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин2 дена
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи6 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Спорт3 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите