Следете не

Македонија

Почина претепаното момче Никола Саздовски

Објавено пред

на


Дваесет и едно годишниот Никола Саздовски кој на 29-ти минатиот месец беше физички напад, им подлегнал на повредите. Преку социјалните мрежи неговите блиски и пријателите се простуваат од младиот Никола.

Во полицискиот билтен на 30-ти минатиот месец, МВР објави дека претходниот ден на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

-По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираа тогаш од полицијата.

Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.

Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ.

Македонија

Нижополе и Попова Шапка под снег

Објавено пред

на

printscreen/livecam

На падините на Баба Планина, односно во с.Нижеполе моментално провејува снег, а во Маврово ноќеска. Слаб снег има на превој „Стража“, додека сеуште најмногу снег бележиме на Попова Шапка.

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес од ноќта кон утрешниот ден ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка и тоа на планините.

На повисоките места пак, ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 цм. Врнежи од снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во западните предели каде локално се очекува формирање на снежна покривка до 5 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели.

Потоа провејување на снег ќе има и утрово, додека утре следува период на стабилно и суво време со МНОГУ НИСКИ утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен. Нов влажен бран очекуваме од среда, но детална анализа околу ова следува наскоро.

Во Скопскиот регион снег се очекува само на околните планини и локално во повисоките предели од котлината – за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Повеќе во живо за состојбата на највисоките точки, следете преку „SkiMacedonia“ – ТУКА

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Прва снежна идила од превој „Стража“ за оваа година

Објавено пред

на

Моментални фотографии од превој Стража. Бележиме максимално чист воздух и ситен снег кој не се задржува на коловозот.

Зимата и снегот допрва доаѓаат, уживајте.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ново намалување на цената на бензините од ноќеска, дизелот останува непроменет, авто-плинот за сега по иста цена?

Објавено пред

на

РКЕ за денес донесе одлука со која од ноќеска ќе се намалат малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, и двата за два денари за литар. Дизелот, мазутот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по стари цени.

Од полноќ максималните цени на Еуросупер БС-95 ќе изнесуваат 86,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 88,50 денари за литар. Дизел горивото останува по старата цена од 90 денари за литар, додека екстра-лесното масло за домаќинство чини 85,50 денари за литар. Мазутот ќе се продава по досегашната цена од 43,046 денари за килограм.

Авто-плинот кој знаеме дека не потпаѓа под регулатирна комисија се уште бележиме дека останува со иста непроменета цена.

Последното намалување на неговата цена го бележиме пред три месеци, на 17 август каде драстично падна за 5 денари и се продаваше по цена од 48,5 ден/лит, потоа во почетокот на месец октомври истиот се зголеми за 3 денари и до денес неговата цена е иста.

Дали малопродажните објекти повторно ќе одлучат да го намалат ова често купувано погонско гориво, судејќи по неколкуте намалувања на цените од течните горива, останува да видиме.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Нижополе и Попова Шапка под снег

На падините на Баба Планина, односно во с.Нижеполе моментално провејува снег, а во Маврово ноќеска. Слаб снег има на превој...

Хороскоп9 часа

Хороскоп за понеделник (28 ноември)

ОВЕН Може да очекувате нови случувања на деловно поле. Пресврти ве очекуваат ненадејно. Ве очекува и флерт со нова личност....

Спорт11 часа

Шкупи убедлив, Шкендија ремизираше, како победници ова коло се запишаа Работнички и ФК Скопје, преглед на 16-то коло од ПМФЛ

Актуелниот првак Шкупи ја декласира Победа со 0-6 на гости во Прилеп и се искачи на второто место на табелата...

Временска прогноза12 часа

Утро со многу ниски температури, дожд и снег, еве каде..

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес и тоа особено попладне и навечер, како и...

Македонија13 часа

(ФОТО) Прва снежна идила од превој „Стража“ за оваа година

Моментални фотографии од превој Стража. Бележиме максимално чист воздух и ситен снег кој не се задржува на коловозот. Зимата и...

Технологија15 часа

Руски хакерски групи украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година преку малициозен софтвер

Руски хакерски групи околу 34 на број украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година користејќи...

Култура17 часа

Од утре започнува Божиќниот пост, а денес се Божиќни поклади

Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште...

Автомобили20 часа

Mercedes-Benz 190 слави 40 години

Денес, и по четири децении, дизајнот на компактната лимузина изгледа модерно, а претставената технологија ја формира основата. Mercedes-Benz ја прошири...

Временска прогноза1 ден

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (27 ноември)

ОВЕН Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот...

НАЈЧИТАНИ