Следете не

Кичево

Кичево на лов: Денес е последниот ловен ден од сезона 2018/2019

Avatar

Објавено пред

на

Денес Четврток е последниот ловен ден за оваа ловна сезона 2018/2019, кога станува збор за ловот на дива свиња.

Ловците членови на здруженијата, односно концесионерите кои стопанисуваат со ловиштата, максимално ја искористија можноста да излезат на терен и да уживаат во ловот во услови на снег и на одлична бројност на дивечот.

Според првичните информации до кои дојде нашиот портал, речиси и да нема група ловци која во изминатите два дена не одстрелала барем по еден примерок.

Сепак има и такви кои оваа сезона воопшто не видоа, а камо ли да имаат прилика да уловат нешто. Но тоа е до спортската среќа.

Иако маглив, но во сосема добри услови, кичевчани масовно ќе го искористат овој ден – додаде наш пријател, каде очекува добар плен денес.

Добар поглед и мирна рака момци! 🙂

 

Кичево

Старци од с.Грешница кичевско вчера направиле сообраќајка, сопатничката пренесена со тешки телесни повреди

Avatar

Објавено пред

на

На 13.08.2019 во 18,40 часот на локалниот пат за с.Грешница-кичевско патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(74) од истото село, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Р.(75) од с.Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Извор: МВР / СВР Охрид

Прочитај повеќе...

Кичево

(ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Вчера успешно реализиран хуманитарен „Car Show“ во Кичево, за лекување на кичевчанецот Игор Петрески!

Avatar

Објавено пред

на

Драги наши, чест и задоволство ние што со вашето присуство збогативте еден настан кој за нас и Игор значеше многу, упатувајќи јасна порака дека кога е најпотребно можеме да организираме најразлични настани и да се помогне!

Овогодинешниот „Car Show“ во организација на кичевскиот „Car Club-Кичево“ заедно со нас, беше за Игор Петрески од Кичево кој боледува од „Мултиплекс склероза“ и мора итно да се лекува во Белград.

Нашата замисла за вчерашниот настан неможеше да се реализира без официјалните помагатели на настанот, кој рамо до рамо застанаа зад нас и подадоа рака за нашиот Игор!

Благодарност упатуваме до: „Здружение на возачи“ / Технички преглед на возила – Кичево, салон за автомобилска галантерија и авто-делови „Auto Start“ (кој подари скромни поклони за посетителите), пивара „Скопско“, „Прилепска пивара“, „Синалко“, „Кожувчанка“, DJ Vix-Alex (за неговиот одличен музички сет), најдоброто професионално озвучување на DN-Sound – Кичево, ресторан „Кај Мојсо“, Хотел „Кичево“, „Арт Кафе“ и нашите пријатели од Охрид „Urban Street Car Club – Ohrid“ за нивната безрезервна поддршка и помош!

Благодарност и до вас драги посетители кои дојдовте, се забавувавте со нас и дониравте со вашите пари на влез, но и до сите кои од оправдани причини не беа дел од настанот, а тоа го сториле преку телефон, трансакциска сметка и сл.

Со вашето одвоено драгоцено време за Игор, на вчерашниот хуманитарен настан со ваша поддршка се собраа 39,900 денари кои директно ги предадовме на семејството, со цел побрзо лекување на Игор! 🙏

Во прилог ви презентираме видео како и мега-галерија преку нашиот објектив, уживајте.. 📷

Прочитај повеќе...

Кичево

„Car Club – Кичево“ и ПортаМК со последни подготовки за утрешниот Хуманитарен собир на возила „Од ❤ за Игор“

Avatar

Објавено пред

на

Моментално се во тек последните подготовки во организацијата на овогодинешната автомобилска манифестација, со хуманитарна цел!

Како што веќе знаете, денес 11.08.2019 со почеток од 16:00 часот на платото од „Здружение на Возачи“ – Технички преглед на возила – Кичево се организира Хуманитарен Car Show „Од ❤ за Игор“, настан кој има за цел собраните финансии ќе ги донира на нашиот пријател Игор Петрески кој боледува од „Мултиплекс склероза“

Бидете дел, заедно, сплотено, да подадеме рака за Игор!

Голема благодарност до „Здружение на Возачи“, продавница за Авто-Делови и автомобилска галантерија „Auto Start“ – Кичево, како и сите добронамерни луѓе кои дадоа свој придонес!

Ве очекуваме! 💗

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 51 минута

Поранешен сопруг на дебарчанка извршил полов напад врз нејзиниот син

На 18.08.2019 во 15.15 часот во Полициската станица Дебар, 50-годишна жена пријавила дека во периодот од 14.07. до 04.08.2019 во...

ХроникаПред 5 часа

Трагедија го потресе Ресен: Загина младо момче при удар на дрво во глава, додека работел

На 18.08.2019 во 15:40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Брајчино, при сеча...

МакедонијаПред 6 часа

Вечерва дизелот поскапува, бензините остануваат непроменети. Ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила...

ЗабаваПред 7 часа

Миа Калифа откри колку пари заработи во порно индустријата

Поранешната порно ѕвезда Миа Калифа откри колку пари има заработено од порно филмовите кои ги сними пред 5 години, а...

Временска прогнозаПред 8 часа

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец....

ХороскопПред 17 часа

Денешен Хороскоп (19 август) понеделник

Овен Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех. Ви доаѓа можност на личноста која ви се...

БалканПред 1 ден

(ГАЛЕРИЈА) Македонци доминираа на „Night Car Meet 2k19“ во Врање, нашите „Car Club-Kicevo“ и останатите авто-клубови од Скопје и Охрид ги собраа пехарите!

И оваа година после како што најавија бурните периоди од убави случувања популарните „Major Team“ од Врање ни приредија одличен...

Живот и стилПред 1 ден

Како да ја победите депресијата по одморот?

  Годишниот одмор е прекрасно време за полнење на батериите и подготовка за нови предизвици. Но, еуфоријата и задоволството кои...

Живот и стилПред 1 ден

Со мене треба да знаеш како…

Еден ден, додека седевме на една клупа во парк, тој се сврте и ми рече: „Кралице, со тебе човек треба...

Живот и стилПред 1 ден

7 докази дека сте супер тетка

Да се биде тетка е една од најубавите одговорности. Тетките развиваат многу убав однос со своите внуци. Тие се нивната...

НАЈЧИТАНИ