Временска прогноза
Опуштете се, следува сончево и потопло време во нашите краеви..
Вечерва до крајот на денот во западните делови ќе биде умерено до значително облачно, во вечерните часови со услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Во текот на ноќва што ни доаѓа времето ќе биде ведро со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 19 до 26 степена.
Во Кичево ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурите ќе се движат од 6 до 24 степени.
Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.
Да се надеваме дека конечно ќе уживаме во сосема постабилно, по сончево и ведро време.
Временска прогноза
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..

За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 20 степени.
Сепак ќе има повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд, а утре локално ќе биде и естабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.
Исто така утре на повеќе места ќе дува ЗАСИЛЕН, до СИЛЕН ветер од југозападен правец (локално со брзина до околу 80 км/час).
Од понеделник под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде низ Македонија, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка.
Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Снежната граница има услови да се спушти и до околу, па дури и под 1000 м.н.в, особено во западните и во северните предели.
Врнежите особено во понеделник попладне и навечер на МНОГУ МЕСТА ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).
Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (дури за десет, а понекаде и за повеќе од десет степени) и максималните температури од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Температурите кој се очекуваат од понеделник ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за почетокот на април месец.
По се изгледа дека во првата половина од месец април ќе имаме постудено време од вообичаеното и со почести врнежи од дожд и снег, што значи дека со зимата не е завршено.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Следува топло и стабилно време, но викендот пред нас повторно облаци..

Утринава во Македонија беа измерени навистина невообичаено НИСКИ температури на воздухот, и тоа невообичаено ниски за крај на месец март.
Најстудено како што и беше најавено беше на високите северозападни планински предели, па така на Попова Шапка беа измерени дури -10 степени, потоа -7 во Претор, -6 степени во Маврово, -3 степени во Охрид и во Битола и најтопло беше во Гевгелија и тоа 4 степени.
Во Скопје беа измерени 2 степени.
На повеќе места е забележан умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз овошките.
Потоа во следните неколку денови ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот. Истите преку ден речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и над 20 степени.
До петок времето ќе биде стабилно и со многу повеќе сонце, додека за време на викендот ќе има повеќе облаци и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Под влијание на ГОЛЕМ но и ПОСТУДЕН воздушен бран, во понеделник ќе имаме ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, снег и северен ветер, но и нов ПАД на температурите.
Детали околу ова следуваат овие денови, кога состојбата ќе биде многу појасна.
За порта пишува Попоски.
Временска прогноза
Од ноќеска нагло заладување и ветер, метеоролозите апелираат за премрзнување на овошките..

Поради намалувањето на облачноста и разведрувањето, претстојната ноќ во Македонија ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата. До утре изутрина температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, а на високите планински северозападни предели температурите се очекува да се спуштат дури до -10 степени, а може и под -10 степени.
Овие температури се невообичаено ниски за крајот на месец март.
Во Скопската котлина температурата до утре изутрина се очекува да се спушти до -2 степени.
Во Македонија се очекува појава на умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз овошките.
Потоа во следните неколку денови преку ден температурите ќе бележат тенденција на БРЗ и ГОЛЕМ ПОРАСТ и ќе надминуваат 20 степени. Времето ќе биде претежно стабилно и суво а оваа ноќ и утре и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели сеуште ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец.
Нови врнежи од дожд барем според последните направени анализи ќе има за време на викендот кој доаѓа, кога ќе дува и југозападен ветер и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Сепак детална анализа околу ова следува овие денови.
Автор: Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (31 март)
-
Хороскоп24 часа
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Скопје8 часа
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Временска прогноза1 ден
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија15 часа
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости1 ден
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Кичево1 ден
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!
-
Македонија12 часа
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин