Кичево Случувања

Работилница за изработка на накит во Кичево

Прва работилница за изработка на накит, организирана во нашиот град.

На работилницата ќе се запознаете со карактеристиките на полимерната глина и епоксидната смола и можностите кои овие материјали ви ги нудат за изразување на вашате креативност.

Ќе научите:
-обработка и моделирање на полимерна глина
-начин на подготовка на епоксидна смола
-работа со калапи
-работа со излевање
-вградување на фотографија, цветови и други предмети
-начини на сушење
-начин на полирање
-завршни техники и склопување на крајниот дизајн.

Работилницата е предвидено да трае 2 дена (12 и 13 Мај), од 9:30 до 12:00.

Бројот на учесници е ограничен.

За повеќе информации an.sonilesnap@gmail.com