Следете не

Култура

Ревизија – Топ 10 Македонски рок бендови

Објавено пред

на

Музика

Денес ќе се одржи „Аудиција“ за прием на нови членови за црковна музика и изучување на византиско пеење при „Митрополит Козма Пречистански“

Објавено пред

на

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека денес 23.09.2023 год (сабота), со почеток во 17:00ч во Малата сала на ЦК НУ „Кочо Рацин“, ќе се одржи „АУДИЦИЈА“ за прием на нови членови за изучување на византиското пеење и нашата традиционална музика, како и за спознавање на нашата христијанска вера.

Од заинтересираните кандидати потребна ќе биде изведба на народна песна по свој личен избор.

Сите заинтересирани за упис, повеќе информации и детали ќе најдат со доаѓање во црквата на самиот ден предвиден за новите членови.

Ова е и официјална страница на хорот ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Во среда сите патишта водат кон кичевскиот манастир Св.Богородица – Пречиста

Објавено пред

на

Бигорски Манастир

Возлубени читатели, и поклоници на нашата света обител, по повод големиот празник на Богомајката-Нејзиното Рождество, нашата света обител серадосно се подготвува преку торжествено богослужение да ја пресретне Мајката на животот, чија што помош и молитви како свештен омофор низ вековите го закрилува нашето древно светилиште. И ете, повторно срцата наши ги преклонуваме кон Неа, просејќи го најважното за нас нејзините недостојни слугинки, да не удостои остатокот од нашиот живот да го поминеме неуморно трудејќи се во послушанието кон својот Старец како и напредување во добродетелите во нејзината Пречистанска градина.
Со голема чест ве покануваме молитвено да присуствувате на свечената Вечерна богослужба, на која ќе претстои нашиот монахољубив пастир Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј во сослужение со нашиот Старец -Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј и многуброен клир на јеромонаси и свештенослужители на Дебарско-Кичевската Обител и околните епархии.

На наша голема радост како и за радост на целата небесна црква, во навечерието на 20 септември (среда), на празничната вечерна Богослужба која ќе започне во 18:30 часот нашиот надлежен Архипастир неговото Високопреосвештенство митрополитот г.Тимотеј ќе ги положи своите раце и ќе благослови со монашки потстриг една искушеничка од нашето сестринство, присоединувајќи ја кон рамноангелен живот.

Следниот ден, богослужението ќе започне во 07:30 часот со Утрена богослужба, а ќе продолжи со свечена Архиерејска Богослужба со почеток во 09:00 часот.

„Овој ден е Господов“, вели црковниот поет, и затоа „луѓе, радувајте се, зашто палатата на Светлината и книгата на словото на животот од утробата произлезе“. Раѓањето на Пресвета Богородица од престарените Јоаким и Ана, е објавување на радоста на целиот свет, бидејќи неплодноста на нашата природа се разрешува, зашто неплодната станува мајка на Онаа, Која и по раѓањето на Животодавецот останува Девојка.

Прочитај повеќе...

Култура

Чувај нè мајко! Денес е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богодорица, за многу години!

Објавено пред

на

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Празник на мајката на животот

Именден празнуваат: Марија…

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

По раѓањето на Исус Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрсение кај неговиот ученик и апостол Свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.

Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела како секоја мајка над судбината на својот син. Од крстот Исус и порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие според Јована за ова сведочи: „А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои и рече на мајка си: „Жено, ете ти син“! Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде при себе“ (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си и се обратил со „Жено“ а не со „Мајко“? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така и се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе и нанеле и нејзе некое зло“.

За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух, при што и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај Свети Јован Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда евангелието. Јован со Богородица отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила Св. Игнат Богоносец во Антиохија, Св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора која што во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист Свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус и тн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак.

Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос и пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што и ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега и кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. И предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син. Му кажала на Свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде.

На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и ангели, а Богородица гледајќи го него извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови“, (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените“. (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица ко небото. Лицето и светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни.

По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот Светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите.

Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале поворката да ја растурат, а телото на Богородица да го запалат. Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството.

Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската Градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години.

Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња сепак празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение.

На иконата Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче, или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце.

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај нпвпозградената црква во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места.

Тропар

Успение на Пресвета Богородица

Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза3 часа

Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека...

Хороскоп18 часа

Месечен Хороскоп (октомври 2023)

ОВЕН Овој месец ќе морате помалку да се посветите на себеси и повеќе на тоа како се однесувате и што...

Скопје1 ден

Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 01.10.2023 година (недела) со почеток во 08.00 часот, поради одржување на...

Македонија1 ден

(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Вчера (29.09.) во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од Полициските станици за ГН...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севиља со 1:0 на отворањето на 8.коло од Примера. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат...

На денешен ден2 дена

На денешен ден – 30 септември

1399.- Основачот на англиската династија Ланкастер, Хенри Болингброук (Хенри Болингброук) стана крал Хенри IV, ден по абдикацијата на Ричард II...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (30 септември)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Временска прогноза2 дена

Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината

Пред нас е еден долг период на сушно и стабилно време, иако повремено и локално можна е појава на многу...

Спорт2 дена

Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал

Од „Куќа на фудбалот“ за медиумите истакнаа дека е реализирано извлекувањето и со тоа беше одреден распоредот на мечеви за...

Скопје2 дена

За сабота МВР најави посебен режим во Скопје поради велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 30.09.2023 година (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на...

НАЈЧИТАНИ