Следете не

Спорт

Р.К. „Кале“ од Кичево шампион во „Јуниор“ лигата на Македонија

Објавено пред

на

Заврши одигрувањето на завршните натпревари во женскиот дел на “Јуниор“ лигата на 06.05.2018 кај генерацијата родени 2004/05 година.

Првото место е за екипата на Кале-Кичево, додека третото место му припадна на РК Вардар-Виница.

Во големото финале се сретнаа екипите на Делчево-Вардар и Кале-Кичево. По првото полувреме не видовме многу голови и на одмор се замина со минимално водство на девојките од Кичево, со резултат 6:7. Првиот гол на натпреварот беше постигнат дури во 5 минута а истиот беше дело на Делчево, кој го отвори резултатот. Следуваше и втор гол во мрежата на Кале-Кичево, за екипата на Делчево да има водство и од 2:0. Се разбуди тимот на РК Кале, кој првиот гол го постигна во 6 минута од дуелот за да намали, а веднаш после тоа следуваше и гол на Сара Стефаноска, за резултатот по 9 минути игра да биде израмнет на 2:2. Во следните пет минути се играше гол за гол, се до моментот кога избраничките на Горан Велков повторно стигнаа до два гола разлика (6:4). Сепак до крајот на првиот дел, следи резултатски пресврт, односно Кале-Кичево со серија од 0:3 ма полувреме стигна до водство од 6:7, кое беше за нив прво на овој дуел, а голот беше дело на Стефаноска Сара.

Серијата продолжи и во вториот дел, кога Кале-Кичево ги постигна првите два гола во овој дел од дуелот и имаа највисоки три гола разлика (6:9) во 26 минута од дуелот, а Делчево како да заборави да постигнува голови. Конечно по десет минути игра во второто полувреме, погодок и за Делчево кој го намали резултатот на 7:9. Кале беше подобрата екипа во овој дел од натпреварот и на шест минути пред крајот имаше и највисоки четири головир азлика (8:12). Возбудувања на Кале и резултатска неизвесност донесе екипата на Делчево, која на три минути пред крајот ннамали на само еден гол негатива (12:13).  Сепак на крајот победа слави екипата на Кале од Кичев, со конечен резултат од 13:14.

Честитки, нека се нижат успеси Кичевчанки! 🙂

Извор: VardarFans

Спорт

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.

Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.

Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.

– Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Најмладите најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди од македонската фудбалска репрезентација со најискрени насмевки

Објавено пред

на

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини сподели видео каде дечињата ги пречекуваат фудбалерите на македонската репрезентација, каде истакна:

„Многу детски насмевки, позитивна енргија, на тренингот на нашите златни момци. Идолите на младите генерации го почнуваат походот кон ново големо историско остварување, и ново Европско Првенство, а најмладите, најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди, кои кај нив ги предизвикуваат најискрените насмевки.“

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 21 година ги започнува подготовките за „Анталија Куп 2023“

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Анталија и денеска ќе ги започне подготовките за претстојните три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23.март), Финска (25. март) и Словачка (28.март).

Нашата млада селекција максимално ќе го искористи овој подготвителен период, со цел што подобро да се подготви за почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 година.

Еден од најдобрите поединци на штипска Брегалница и стандарден член на младата репрезенетација на Македонија, Иван Николов даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.

– Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Имаме серија на потивни резултати на последните натпревари, што ни дава дополнителен мотив дека можеме да одиграме добри квалификации.

-Идеме чекор по чекор, не очекува уште многу работа до почетокот на квалификациите, моментално е најбитно овој подготвителен период во Анталија да го искористиме на најдобар можен начин, да ја унапредиме нашата игра за да можеме максимално подготвени да го дочекаме почетокот на квалификациите.

Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и снажни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Се надевам дека ќе продолжиме со одличната игра и позитивната серија на резултати. 

Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години

Убеден сум дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можеме да оствариме добри резултати.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден3 часа

На денешен ден – 22 март

1312 – Папата Климент V го укина францускиот монашки ред на витези Темплари, основан во Палестина во 1118 година за...

Временска прогноза4 часа

Од денес повторно се враќа периодот на суво и стабилно време со пролетни температури…

Од денес па натаму повторно продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време со пролетни температури кој насекаде ќе...

Хороскоп5 часа

Хороскоп за среда (22 март)

Овен Искористете го денот за обновување на старите пријателства. Ќе ви биде мило да излезете од градот. Партнерот е малку...

Кичево9 часа

(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта

Во денешната акција дел од учениците од ООУ Др „Владимир Полежиноски“ од Кичево фрлаа цветни бомби низ градот и ги...

Скопје11 часа

(ВИДЕО+ФОТО) Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата...

Кичево12 часа

Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани. Од извори...

Спорт16 часа

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на...

Lifestyle17 часа

Доаѓа пеколот, подгответе се: Научниците објавија водич за преживување на климатска катастрофа

Владите претходно се согласија да работат заедно за да се избегне пораст на глобалните температури од 1,5 Целзиусови степени. Но,...

Магазин17 часа

Apple подготвува уред со флексибилен екран – ќе има иновативна технологија

Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка во областа на уреди со флексибилен екран, а новиот...

Видео17 часа

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! (ВИДЕО)

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! Можете ли да откриете како девојката завршила на столот? Видеото собра повеќе...

НАЈЧИТАНИ