Следете не

Мобилни уреди

(ФОТО) Samsung открива кога ќе го претстави својот најдобар телефон до сега!

Објавено пред

на

Јужнокорејскиот гигант и претходните години својот најдобар модел ќе го претстави на МВК (Светскиот конгрес за мобилни телефони).

Менаџерот на одделениот  за мобилни уреди од Samsung, ДЈ Кох потврдил дека кон крајот на февруари Galaxy S9 ќе биде претставен на овогодинешниот Светски конгрес за технологии во Барселона.

Кох не ги кажал другите детали во врска со новиот модел, освен информацијата дека продажбата на истиот ќе почне веднаш по презентацијата.

Samsung оваа година ќе лансира два модели – Galaxy s9 и Galaxy S9 Plus кои поради различните големини на екранот ќе имаат и различни камери. Според неофицијални извори Galaxy S9 Plus би требало да има задна камера со две леќи, исто како Galaxy Note 8 и iPhone 8 Plus.

Останатите спецификации за овие два модела би требалод а останат исти – најнов Exynos 9810 чип, 6 GB RAM меморија, водоотпорност, 3D скенер за лице…

Точниот датум за презентација на новиот модел сеуште не е познат, само се знае дека ќе се случи во месец февруари.

Мобилни уреди

Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android

Објавено пред

на

Новиот оперативен систем iOS 17 им отежнува на корисниците на Android да имаат групни разговори кога се допишуваат со луѓе кои користат iMessage на iPhone, имено испраќањето пораки или групни разговори помеѓу корисници кои имаат iPhone со iOS 17 и телефони со Android ќе биде тешко во рамките на апликацијата Messages, односно iMessage, бидејќи корисниците на уредите со Android нема да можат да видат некои дејства во кореспонденцијата, пренесуваат од српскиот „Benchmark“

Имено, корисниците на телефони со Android можат да се приклучат на групни разговори со луѓе кои користат iPhone и апликацијата iMessages, но сега нема да можат да користат или да видат некои основни функции овозможени со новиот софтвер iOS 17.

Некои од овие функции, како што се гледа во бета верзијата на новиот оперативен систем на Apple, се размена на пораки, одговарање на одредена порака како и квалитетот на фотографиите и видеата.

Иако постојат апликации за пораки како што се Signal, Telegram или WhatsApp каде би се избегнале вакви проблеми, апликациите за пораки слични на СМС пораките преку iMessage или Google Messages се всушност многу распространети.

Корисниците на уредите на Apple во некои региони, особено во САД, масовно ја користат оваа апликација, што сега го отежнува кореспонденцијата со корисниците на телефони со Android.

Извор: telegraf.rs

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Samsung Galaxy S23 Ultra во САД е сепак најскапиот паметен телефон

Објавено пред

на

Samsung Galaxy S23 Ultra е еден од најдобрите паметни телефони со Android на пазарот. Бројните карактеристики го одржуваат неговиот статус на водечки уред, како и цената. Во САД, овој телефон чини 1199,99 долари, што го прави најскапиот телефон.

Последните истражувања покажаа дека овој телефон е произведен по многу пониска цена од очекуваната.

Вкупната цена на материјалите за основниот модел Galaxy S23 Ultra е 469 долари. Ова ги вклучува трошоците за SoC, екран, камера, меморија и други компоненти. Најголем трошок е SoC, мозокот на телефонот, кој е 35 долари. Екранот е на второ место со цена од 28 долари, по што следи камерата со 25 долари. Другите трошоци се составени од други компоненти.

Трошоците за маркетинг и логистика не се вклучени во производната цена. Сепак, „суровата“ цена е значително пониска од очекуваното кога станува збор за овој модел на телефон.

/gimochina.com

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Android 14 конечно добива една корисна функција која корисниците на iPhone веќе ја имаат

Објавено пред

на

За Андроид 14 до сега научивме многу. Ќе пристигнат неколку новитети, а сега дознаваме нови информации. Според нив, на Android 14 треба да пристигне нова корисна опција.

Андроид нуди поголема флексибилност при мултитаскинг од iOS. Сепак, едно нешто што му недостасува на Андроид е можноста за преместување датотеки помеѓу две апликации на цел екран. iOS ви овозможува да преместите или влечете ставка од една апликација во друга низ целиот екран.

Сепак, Android 14 ќе донесе промена во овој поглед. Според најновиот извештај, Android 14 има нов трик во ракавот во овој поглед, кој ќе го направи мултитаскингот на Android уште подобар.

Уредникот на телеграм каналот Google News, Нил Садиков, забележа нова функција во најновата бета верзија на Android 14 која им овозможува на корисниците да влечат одредена датотека или текст од една апликација во друга низ целиот екран.

Процесот на користење на оваа функција ќе биде прилично едноставен. Оваа функција ќе биде корисна и на уреди со големи екрани, како што се телефони и таблети што се преклопуваат.

Неодамна беше откриено дека Google ќе реши прилично голем проблем со Android 14. Така, компанијата објави дека работи со Android OEM за да ги олесни фрустрациите на развивачите на апликации кои ги следат упатствата за развој на Android.

Андроид 14 ќе се погрижи апликациите да не ја изгубат својата функционалност поради агресивно исклучување во заднина. Samsung е првиот партнер на Google во овој бизнис, а јужнокорејската компанија потврди на својата веб-страница за развивачи дека ќе создаде „поконзистентно и посигурно корисничко искуство за корисниците на уреди Galaxy“.

Android 14 е веќе достапен за некои уреди, а наскоро се очекува официјална презентација и достапност до сите корисници.

/b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили2 часа

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили2 часа

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин2 часа

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

Магазин2 часа

Корисниците на социјалната мрежа Instagram ширум светот од утрово пријавуваат проблеми

Се чини дека Instagram, една од најпопуларните платформи на социјалните мрежи ширум светот, утрово не работи, пишува „Дејли мејл“. Според...

Магазин2 часа

Google ја прекинува поддршката за уште еден од своите производи

Нема повеќе софтверски или безбедносни ажурирања за првиот Chromecast на Google, кој Google тивко го прекина на крајот на април,...

Свет2 часа

Тужба: TikTok и шпионирање на демонстрантите во Кина

ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, и помогна на Кина да ги шпионира демонстрантите, според тужбата поднесена од поранешниот...

Магазин2 часа

Amazon Prime Video добива пакет со реклами

Се чини дека платформите за стриминг прават се што можат за да преживеат во конкурентна средина, а сега Amazon Prime...

Магазин2 часа

Поради лажна промоција на криптовалути против YouTube, Twitter, Instagram и TikTok, поднесена е жалба до Европската комисија

Групите на потрошувачи во Данска, Франција, Грција, Италија, Литванија, Португалија, Словачка и Шпанија, исто така, ја потпишаа жалбата. Европската групација...

Мобилни уреди6 часа

Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android

Новиот оперативен систем iOS 17 им отежнува на корисниците на Android да имаат групни разговори кога се допишуваат со луѓе...

Спорт6 часа

„Сер Боби“ уште еднаш ги пофали своите момчиња, каде овој пат покажаа професионален пристап и голем ентузијазам

Македонската А репрезезентација утре 10-ти јуни (сабота) го има официјалниот собир за јунските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против...

НАЈЧИТАНИ