Балкан
Гледач го прашал Саша Матиќ зошто носи часовник, неговиот одговор ги изненадил сите

Во една од емисиите на Огнен Амиџиќ тој прочитал навредлива порака на еден гледач која била упатена кој Саша Матиќ.
– Ако Саша може да носи часовник, јас можам да носам прслуче по дома, напишал твитерџијата.
Матиќ на ова културно му одговорил и ефектно го спуштил одговарајќи дека секојдневно носи часовник а не само на спотовите. Потоа го допрел часовникот и го кажал точното време.
Балкан
(ВИДЕО) Како Маршал Тито ја дочекал последната Нова година од неговиот живот, 1980-та година

Неприкосновениот владетел на некогашна СФРЈ Јосип Броз Тито бил човек кој уживал во луксуз. Доказ за таквите тврдења е и снимката од дочекот на новата 1980 година. Иако тогаш бил болен и стар, Тито сепак се појавил на дочекот кој бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“.
Дека Тито тогаш бил болен и немоќен, докажува и снимката од прославата, на која не станувал од столот. Неговите пријатели му честитале среќна нова година и му посакале се најдобро.
Погледнете како му ја честитале 1980 година во која Тито го напуштил овој свет.
Балкан
Силен земјотрес предмалку ја стресе Босна и Херцеговина, ова се последните информации

Предмалку силен земјотрес стресе во Босна и Херцеговина. Имено од информациите на ЕМСЦ истиот е регистриран со магнитута 4,4, лоциран 38 километри од Мостар во близина на Студенци.
Читателите известуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Сараево, Зеница, Јабланица и Мостар, така што за сега нема информации за евентуални штети, инаку земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора и Хрватска.
Повеќе информации наскоро…
Балкан
Гламурозната „Music Awards Ceremony“ се враќа со дводневен спектакл во белградската „Штарк Арена“ на 25 и 26 јануари

Овогодинешниот „Music Awards Ceremony“ (MAC) ќе се одржи на 25 и 26 јануари, кога на првиот ден од манифестацијата ќе настапат регионалните претставници на поп, алтернативниот поп, рок, рап, хип-хоп, светската музика и фолк музиката, додека на вториот ден од MAC сцената ќе им припадне на најголемите идоли на трап, дрил и урбаната поп музика.
Хистеријата која на социјалните мрежи ја предизвика информацијата дека најголемата и најгламурозната регионална манифестација на доделување музички признанија „Music Awards Ceremony“ (MAC) во организација на Скајмјузик, се враќа со дводневен спектакл во белградската Штарк Арена на 25 и 26 јануари, и понатаму не запира.
Сѐ почна на официјалниот Инстаграм-профил на MAC каде во неделата точно во 19 часот беше најавено долгоочекуваното трето издание, на голема врата – со ЛАЈВ вклучувања на некои од најголемите музички ѕвезди во регионот, добитници на престижните MAC награди во претходните изданија, кои за прв пат имаа ексклузивно право да номинираат трoјца свои фаворити за MAC 2023 признанијата. Во ЛАЈВОТ се вклучија и изведувачите кои во таа прилика беа номинирани, па, на изненадување на следбениците, имаа можност да видат кого сѐ номинираа Констракта, Секси од Црни Церак, Лацку, Нучи, Едита и Сара Јо.
Преку 400 илјади фанови од целиот регион имаа можност да ги следат номинациите, а изведувачите кои таа вечер беа најмногу пати предложени се Сенидах со темата „Бехуте“, Сара Јо со „Зар не“, Констракта со „In corpore sano“ и Зое Кидах со „Бејби“. Меѓу номинираните се најдоа и момците од ДНК за темата „Ако утре ме нема“.
Сепак, најинтересно за двата часа, колку што траеше ЛАЈВОТ, е што беа оставени повеќе од 20 илјади коментари, кои, освен реакција на номинираните, всушност беа и барања на MAC 2023 да ги видат некои од своите омилени музички идоли, што кај организаторите иницираше еден потполно неочекуван чекор – можност фановите да ги предложат своите кандидати за MAC 2023 награда!
Како што е објавено на официјалниот Инстаграм-профил на манифестацијата, секој кој сака, во коментар може да го тагне извдувачот со нумерата која според него заслужува номинација за MAC 2023, а во номинација ќе влезат првите десет нумери со најмногу лајкови на коментарот. Изборот на нумерите кои се подложни на учество можат да бидат од кој било музички жанр, односно можат да бидат претставници од која било земја учесничка: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, а единствен услов е нумерата да е издадена во периодот од 1 октомври 2021 до 15 октомври 2022 година.
Во понеделник на 5 декември точно напладне во продажба ќе биде пуштен првиот, ограничен контингент влезници по промо цени кои ќе бидат достапни преку страницата efinity.rs, преку бесплатната eFinity апликација и на билетарницата на Штарк Арената, како и влезниците за фан пит и ВИП влезниците, а нема сомнеж дека за најголемиот музички настан на годината ќе се бара карта повеќе!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Хороскоп24 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео1 ден
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Македонија8 часа
Цената на дизелот од ноќеска се намалува, додека бензините остануваат со иста цена за литар
-
Автомобили1 ден
Електричниот Audi RS6 ќе пристигне следната година
-
Култура1 ден
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие
-
Занимливости8 часа
„Зелена комета“ најблиску до Земјата за прв пат по 50,000 години, последен пат била видлива во камена доба
-
Магазин1 ден
Последната испорака на Boeing 747, првиот џамбо џет, заминува во историјата