Следете не

Временска прогноза

Продолжуваат поројните дождови и грмежи

Објавено пред

на

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 Целзиусови степени.

Во Кичево ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи и максимална дневна температура од 24 степени. 

Утре ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби. Потоа и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет. 

Временска прогноза

Попоски: Силно невреме му се заканува на Балканскиот полуостров, односно БиХ, соседна Србија и Хрватска

Објавено пред

на

Атмосферата е премногу загреана и тоа поради повеќе дневното присуство на екстремно топлиот бран од Африка, од друга страна продорот на значително посвеж воздух од Атлантикот преку западна  и северозападна европа, потоа преку централна европа  и Алпскиот регион ќе предизвика формирање на секундарен висински циклон над Средоземјето.

Во ваква ситуација, утре 22,06.2024 во попладневните часови во источна Хрватска, северните  и источните предели на Босна и Хрцеговина, како и западна и централна Србија ќе бидат на удар на локални силни временски непогоди, кои дури би можеле да бидат опасни и по човечкиот живот. Овие временски непогоди ќе се задржат  и во недела, како и во почетокот на следната седмица, но со тоа што ќе  ги има многу повеќе  и на повеќе места на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија.

Од појави ќе има, обилни поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, бурен ветер, како и со појава на крупен град. Да напоменеме дека можни се  и штети, како и локални поројни поплавувања.

Апелираме, граѓаните во овие предели , секако и нашите граѓани кои се таму да бидат крајно внимателни, и во случај на појава на силно невреме  и на силни електрични пранзења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, а автомобилите во случај на појава на крупен град исто така да се заштитат. Во ваква ситуација, можно е формирање и на Суперќелијски облаци во одредени места од споменатите области, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Продолжениот викенд ни носи пеколни температури, ова се информациите

Објавено пред

на

До недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на веќе споменатиот екстремно топол бран кој продира од северните предели на Африка кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион. Температурите насекаде во Македонија од денес, па се до недела ќе надминуваат 30 степени, додека во поголем дел од државава тие ќе се искачат  и до околу 35 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина  локално тие ќе надминуваат и 40 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9  и 10, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Меѓутоа, веќе во недела во Македонија  и тоа поради влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето во попладневните  и во вечерните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, и тоа токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка, локално се очекува појава на силно невреме со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град кој во ваква ситуација големи се условите тој да биде и крупен.

Дури постои опасност од појава на Суперќелиски облаци како во Македонија, така  и во регионот за време на викендот кој доаѓа. Ваквите Суперќелии би можеле да предизвикаат дури и појава на торнадо или пак да предизвикаат штети во одредени области, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од овој четврток па сѐ до недела екстремно топол бран ќе ја зафати Македонија, додека УВ индексот ќе биде 9

Објавено пред

на

Под влијание на екстремно топла, сува  и стабилна воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, од четврток до недела во Македонија времето ќе биде сончево, екстремно топло и суво со мала локална облачност. Температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во поголем дел тие ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните  и во југоисточните предели температурата локално ќе се искачи до околу 40, 41 степен.

За време на овој екстремно топол бран, од Сахара над нашата територија и понатаму ќе биде присутна прашина и песок па така  и атмосферата нема да биде во целост чиста, а времето ќе биде многу мачно и спарно. Токму поради ова температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

Почитувани, во пресрет на екстремно топлиот бран од Африка, апелираме без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да се пие повеќе течности. Ув индексот во следните денови ќе има екстремно висока вредност 9, за порта.мк пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза5 часа

Попоски: Силно невреме му се заканува на Балканскиот полуостров, односно БиХ, соседна Србија и Хрватска

Атмосферата е премногу загреана и тоа поради повеќе дневното присуство на екстремно топлиот бран од Африка, од друга страна продорот...

Автомобили6 часа

Кичевчанецот Бојоски во недела ќе учествува на Авто-слалом натпревар во Прилеп

Во недела со почеток од 10:00ч на 30.06.2024 град Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. На наше огромно...

Скопје9 часа

Утре посебен режим на сообраќај поради манифестација

Утре 22.06.2024 (сабота) во 17.00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје. Од тие...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за петок (21 јуни)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Гејминг1 ден

Среќен роденден „Counter Strike“ – вчера се навршија токму 25 години од мега популарната игра, некогашен сон на секое дете!

Counter-Strike тогаш беше во бета фаза од 19 јуни 1999 година до 9 ноември 2000 година кога беше објавена верзијата...

Автомобили1 ден

Германците статистички увезувале убедливо најмногу електрични автомобили од Кина

Уделот на Кина во увозот на исклучиво електрични возила во Германија се зголеми на 40,9 отсто во првите четири месеци...

Кичево1 ден

Во недела ОВР Кичево апелира за времена забрана за движење поради „боево гаѓање“ во реон према стрелиштето во с.Осој – кичевско

Почитувани граѓани на Кичево и околината на ден 23.06.24 недела со цел безбедно изведување на боевото гаѓање со резервен состав...

Спорт1 ден

ФФМ категорично го осудува однесувањето на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку

Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени...

Временска прогноза2 дена

Продолжениот викенд ни носи пеколни температури, ова се информациите

До недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на веќе споменатиот екстремно топол бран кој продира од северните предели...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (20 јуни)

ОВЕН Во текот на денот, ќе имате неколку можности да најдете одговори кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете...

НАЈЧИТАНИ