Занимливости
Сончева бура се движи кон Земјата?!

Америкаанската вселенска агенција НАСА воочи т.н. „сончева бура“ што се движи кон Земјата, по двете ерупции кои се забележани на Сонцето.
Бурата е предвидено денеска да ја погоди Земјата, што може да предизвика проблеми во работата на сателитите и електроенергетските мрежи, пишува британскиот весник „Мирор“.
Се очекува и појава на т.н. поларна светлина, која ќе можат да ја видат жителите на Шкотска, Англија и делови од Северна Америка.
Соларната бура е создадена минатата седмица, по две големи експлозии во сончевата атмосфера, па сега дел од материите што се исфрлени во Вселената, се движат и кон нашата планета. Сево ова се совпаѓа со создавањето пукнатини во Земјиното магнетно поле, кои се формираат во текот на пролетната и есенската рамноденица, секој 20. март и 23. септември. Тие ја слабеат природната заштита на Земјата, што може да предизвика проблеми со ГПС системите за навигација или со радио сигналите.
Занимливости
По повод 25 години „Google“ ова се најпребаруваните термини за 2023-та година до денес

По повод 25 години на Google, Index ги провери најгугланите термини во 2023 година (до денес). Не е чудно што, според податоците на SimilarWeb, YouTube е најгугланиот термин на глобално ниво и оваа година.
Втор на листата е Facebook, а трет е Pornhub. Четвртата е временската прогноза, па Амазон, па зборот „преведи“. XVideos, Google Translate, Gmail и WhatsApp Web се исто така во првите 10.
Меѓу спортските теми, најгуглани термини се НБА (11 место) и „Премиер лига“ (18 место). Инстаграм е на 12-то место, Твитер на 15-то, додека самиот Гугл е на 16-то место на најгуглани термини. ChatGPT е 20-ти најгуглан термин оваа година, а топ 20 вклучува и порно.
Интересно е што на листата на топ 100 најгуглани поими нема ниту една личност, односно име или презиме. Податоците беа ажурирани на 14 септември годинава.
Вака изгледаат 20-те најпродавани термини на Гугл во 2023 година (до денес):
youtube
facebook
pornhub
weather (vremenska prognoza)
amazon
translate
xvideos
google translate
gmail
whatsapp web
nba
instagram
xnxx
traductor
twitter
google
porn
premier league
google maps
chat gpt
Занимливости
Научници целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом кај мажите, кој може да даде резултати за неплодноста кај поединци

Научниците целосно дешифрираа мистериозен хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува Ројтерс.
Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозоми и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.
Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучително и производството на сперма, па дури и се вмешани во ризикот и сериозноста на ракот.
– „Би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи за ова“, рече Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.
Тој додаде дека научниците сега имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y за прв пат.
– „Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостасуваше на нашите геномски мапи“, истакна Рије за медиумите.
Истражувањето ги откри карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучително и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.
Ново и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.
Занимливости
Поради довербата на потрошувачите зголемен e обемот на работа, „Станица Стража“ има потреба од дополнителен персонал за работа

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините, поради зголемениот обем на работа има потреба од повеќе персонал, односно на позициите „пица-мајстори во кујна & касиери“, кои ќе бидат во редовен работен однос, осигурани од првиот работен ден, платен превоз, почетна плата 24,000 ден (со оглед на успешноста можност за напредување), хранарина и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или 076/355-400
, а може и да дојдат во објектот директно.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Временска прогноза21 час
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Скопје13 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“
-
Магазин14 минути
Lightning беше всушност…одличен?
-
Магазин11 минути
Apple ги обвинува грешките во iOS 17 и апликациите како Instagram за прегревање на iPhone 15
-
Магазин3 минути
Дали е ова новиот Samsung Galaxy S24: Се појавија првите податоци за камерите и дизајнот