Кичевчанец вчера излетал во нива и се здобил со тешки телесни повреди

2,563 прегледи

На 11.04..2018 година во 12.20 часот на магистрален пат Гостивар – Кичево Ф.У. (51) од с.Зајас, кичевско, управувајќи патничко возило „Застава Темпо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на другата страна од коловозот и излетал во нива. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.У., на кого му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.