Кичево
Состојба на патиштата и прекин на електрична енергија
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА:: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ:: Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец Попова Шапка – с.Гајре.
Прекин на електрична енергија моментално има во с. Прострање и делови од околните села во Кичевско..
Кичево
За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 19 мај 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат локалитетите и живеалиштата во следните места на Општина Кичево:
Од 09:15 до 15:00 часот (Манастир Св.Богородица)
Од 10:00 до 12:30 часот (дел од потрошувачите од с. Србица и Ново Село)
Инфо: Струја
Кичево
Вчера во Кичево се случиле неколку сообраќајни несреќи во кој има и повредени учесници

На 17.05.2022 во 15.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, во близина на превојот „Стража“, Л.Е.(28) од с. Поповјане, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Л.Е. бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кичево.
На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје.
По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.
Извор: МВР / Дневен Билтен за медиуми
Кичево
Во текот на утрешниот ден во Кичево ќе се спроведува дезинсекција за уништување на ларвените облици на комарци

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола преку нашиот медиум ве известува дека утре на ден 19.05.2022 год, екипа на ЦЈЗ-Битола ќе спроведува „Ларвицидна Превентивна“ теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените облици на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во претпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на град Кичево кои се мапирани на терен како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предивдени со оперативниот план и програма на градот.
Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes и Cules (во 2 и 3 ларвен стадиум).
Со информациите за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Битола известени се медиумите, здруженијата на пчелари, локалната самоуправа и сите останати надлежни инстутиции. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата ссе одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања телефонскиот број на ЦЈЗ Битола е отворен 047/208-100 – се вели во соопштението на Центарот за јавно здравје – Битола
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (18 мај) – среда
-
Кичево22 часа
Вчера во Кичево се случиле неколку сообраќајни несреќи во кој има и повредени учесници
-
Кичево23 часа
Во текот на утрешниот ден во Кичево ќе се спроведува дезинсекција за уништување на ларвените облици на комарци
-
Кичево15 часа
За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за 19 мај (четврток)
-
Македонија2 дена
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
-
Магазин21 час
Првите фотографии укажуваат на тоа како ќе изгледа iPhone 14
-
Временска прогноза2 дена
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи