Следете не

Занимливости

10 причини зошто родените во месец Март се посебни

Објавено пред

на

Кои се нивните препознатливи особини?

1. Имаат многу развиена интуиција, знаат да проценат карактер и добро да ја анализираат секоја
ситуација. Сакаат да ги набљудуваат и да ги проценуваат другите луѓе. Тешко е да ги излажете.

2. Уметнички души се, кои фантазираат и имаат невидена креативност. Надарени се за дизајн, ликовна уметност, а особено за музика.

3. Дарежливи се и емпатични и затоа ги привлекуваат другите луѓе и се омилени во друштвото. Чуваат тајни и често им се рамо за плачење на другите.

4. Иако, добро се снаоѓаат во друштво, тие се повлечени и мистериозни кога станува збор за нивниот
приватен живот. Понекогаш сакаат изолација во мир и тишина.

5. Верни се и длабоко посветени на луѓето кои ги сакаат. Ќе останат со нив и во најтешките животни
мигови.

6. Прилагодливи се и знаат да се снајдат и во најтешките ситуации. Смирени се, енергични и
способни за мултитаскинг.

7. Сакаат патувања и нови возбудливи работи, па им одговара престој во природа и промена на
околината од време навреме.

8. Имаат филозофски пристап кон животот и внимателно го гледаат светот околу себе. Размислуваат
со своја глава и не се подложни на туѓи влијанија.

9. Позитивни се полни со заразен ентузијазам. Шират радост и насмевки, каде и да се појават.

10. Нивната страст неретко ги носи во драматични ситуации. Склони се кон ненадејни одлуки и брзи
потези. Големи злопамтила се ако некој ја изигра нивната доверба.

Занимливости

Во петок се очекува најдолгото делумно затемнување на Месечината во 21 век

Објавено пред

на

Делумното затемнување на Месечината, кое се очекува во петок, на 19 ноември, ќе трае три часа и 28 минути и ќе биде најдолго во 21 век, пишува CBS News.

Претходното најдолго затемнување се случи во 2018 година и траеше еден час, 42 минути и 57 секунди, пишува CBS.

Делумно затемнување на Месечината се случува кога Земјината сенка не ја покрива целосно Месечината. Во овој случај, 97 отсто од површината на Месечината ќе биде покриена.

Во 21 век, меѓу 2001 и 2100 година, ќе има 228 затемнувања на Месечината – во некои години ќе има две, а во некои години три или дури четири, пишува CBS.

Затемнувањето на 19 ноември ќе биде второ оваа година, по целосното затемнување во мај 2021 година. Повеќето затемнувања траат помалку од два часа.

НАСА објави дека во живо ќе го пренесува затемнувањето на Месечината. На овој линк можете да го следите затемнувањето кое се случува во петок во седум часот наутро по средноевропско време.

НАСА објави дека доколку временските услови го дозволат тоа, затемнувањето ќе биде видливо од Северна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацификот.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Според научните пресметки, под карпестиот слој на Месечината има кислород за 8 милијарди луѓе

Објавено пред

на

Атмосферата на Месечината не содржи доволно кислород за човечки живот, но сепак под нејзиниот карпест слој има доволно кислород за да обезбеди живот за осум милијарди луѓе.

Истакнати научници предводени од Џон Грант тврдат дека Месечината содржи многу минерали кои се тесно поврзани со кислородот и дека под површинскиот карпест слој наречен реголит, би можело да има доволно кислород за осум милијарди луѓе да преживеат во период од 100.000 години.

Научните пресметки се базираат на фактот дека на човек му требаат 800 грама кислород дневно за да преживее, а реголитот е длабок околу 10 метри. Месечевиот реголит е составен од 45% кислород, кој е цврсто врзан за минерали како што се силициум, алуминиум, како и железен оксид и магнезиум.

За да може кислородот да биде достапен, потребен е едноставен процес на екстракција. Тој систем троши многу енергија, а за да биде одржлив би морал да има поддршка од соларна енергија или други извори на енергија достапни на Месечината. Австралиската вселенска агенција и НАСА во октомври потпишаа договор за испраќање ровер на Месечината со цел да се соберат месечеви камења и да се обиде да извлече кислород од него.

По тој повод, научниците разговараа и за развој на експериментален реактор со белгиска компанија со цел да се подобри процесот на создавање кислород со електролиза.

Новата технологија би можела да биде испратена на Месечината до 2025 година како дел од мисијата на Европската вселенска агенција базирана на ресурси.

/b92

Прочитај повеќе...

Занимливости

Од вечерва нов рекорд на „Биткоинот“, ова е новата вредност

Објавено пред

на

Вредноста на најголемата криптовалута во светот „Биткоин“ од вечерва надмина 67.000 долари, што е нов историски максимум.

Предмалку е забележан пораст од 2,3% и изнесува 67.662 долари според првите азиски проценки. Растот е последица на неодамнешното пошироко закрепнување на криптовалутите, што ја зголеми вкупната пазарна вредност на дигиталните валути на над 3 трилиони долари.

Биткоинот скокна повеќе од 100 отсто оваа година, а само во октомври порасна за повеќе од 30 отсто.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 3 часа

Кичево вчера: Нападнати полицајци, нападната невенчана сопруга и тепачка помеѓу две жени

На 04.12.2021 година во ОВР Кичево лишени се од слобода А.М.(38) и П.М.(38), двајцата од селото Лазаровци. Тие, на улицата...

МакедонијаПред 4 часа

Денешен Ковид-19 биланс, нови 342 случаи..

Во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 135...

КичевоПред 6 часа

Ноќеска во Кичево пријавен неуспешен обид за опожарување на стан

На 04.12.2021 година околу 02:00 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека пред влезна врата од стан на ул.„11 септември“...

ТехнологијаПред 7 часа

Сигурно ве интересира која земја е рангирана со најспор интернет на планетата?

Туркменистан е рангирана како земја со најбавен интернет во светот, а на корисниците им треба речиси цел ден да го...

На денешен денПред 14 часа

На денешен ден: 4 декември

1154.- Николас Брекспеир, првиот и единствен Англичанец што бил избран за папа, бил устоличен за поглавар на Римокатоличката црква како...

СпортПред 18 часа

(ВИДЕО) Поим за фер плеј, им дозволија на противникот да постигнат гол

И тоа се случува во фудбалот. Во третолигашки меч домашната екипа постигна гол на среќа во истиот момент кога фудбалерот...

ХороскопПред 21 час

Дневен Хороскоп [4 декември] – сабота

ОВЕН Може да очекувате парична награда или унапредување за трудот кој сте го покажале во претходниот период. Една личност се...

МакедонијаПред 1 ден

Тешка сообраќајка кај с.Лескоец на патот Охрид-Ресен

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Охрид – Ресен, кај селото Лескоец. Настанот го потврди и портпаролот на...

Временска прогнозаПред 1 ден

Променливо облачно, во вечерните часови повремени локални врнежи од дожд, утре кратка сталибизација, од недела нови врнежи од дожд и снег

Моментално променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, во вечерните часови покасно...

LifestyleПред 1 ден

Кичевска компанија генерален застапник за најпознатите козметички производи од „Cream Team“, купувајте онлајн по екстра цени!

Ексклузивно за прв пат во нашата држава може да ги купите познатите грчки козметички производи од компанијата „Cream Team“ претставувани...

НАЈЧИТАНИ