Македонија
На превој „Стража“ забрана за тешки товарни возила поради снежните наноси

Забрани за тешки товарни возила од 18:30 часот се воведуваат на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, и од 18:00 часот на патниот правец крак Маврово-Дебар.
Состојбата на сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Гостивар, Крушево, Попова Шапка и на планинските премини Маврово, додека на Стража, Преска, Буково и Ѓавато врнежите постепено засилуваат.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Македонија
Со донација од ФФМ, се реконструираа спортски терени, игралиште за мал фудбал, систем за наводнување наменети за потребите на ЕБР

Министерот Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“- Скопје, донација од Фудбалската федерација на Македонија
Денеска, (21.05.2022) во Полициски Центар „Ѓорче Петров“- Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Сашо Тасевски ги посетија реконструираните спортски терени – новото игралиште за мал фудбал со вештачка трева, големото фудбалско игралиште, како и системот за наводнување на игралиштето, наменети за потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, донација од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион со црева и прскалки за наводнување и одржување на тревната површина, фудбалскиот стадион, поставување на 4 столбови со 16 рефлектори на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа за малите фудбалски игралишта, поставување на вештачка трева со силикатна подлога на игралиштето за мал фудбал, поставување на фудбалски мрежи за головите на големото и малото фудбалско игралиште, како и донирање на фудбалски топки и делови од спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица.

Facebook: Министерство за внатрешни работи
Ова раководството на МВР продолжува со зацртаните плански активности во насока на континуирано и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на условите за работа на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а со цел реализација на стратешки поставениот концепт „Опремена полиција – безбедни граѓани” – за медиумите велат од Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Ново поскапување на бензините од ноќеска, додека дизелот останува не променет – ова е новата цена за литар бензин!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 16.05.2022 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.
Од 19.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,339 (денари/килограм)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 мај)
-
Култура1 ден
Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за понеделник (23 мај)
-
Македонија13 часа
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница
-
Временска прогноза21 час
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме
-
Спорт1 ден
Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје
-
Временска прогноза2 дена
Предвреме летни температури, ова се најновите детали
-
Македонија2 дена
Со донација од ФФМ, се реконструираа спортски терени, игралиште за мал фудбал, систем за наводнување наменети за потребите на ЕБР